Следете не

Култура

Во среда на 7-ми мај традиционално и оваа година во Струга ќе се одржи Еордија (литија) со чесните мошти на Великомаченикот и на неговата чудотворна икона

Објавено пред

на

ФОТО: ©bigorski.org.mk

На 7 мај (среда) во храмот на Светиот Великомаченик Георгиј во Струга, со почеток во 16 часот, ќе биде отслужена празнична вечерна богослужба, на која се очекува да претстои Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва, г. г. Стефан. По завршувањето на Вечерната и на ктоторската панихида следи свечената Еордија (литија) со чесните мошти на Великомаченикот и на неговата чудотворна икона. Чесните мошти ќе бидат изложени во храмот за поклонение пред да заопочне Вечерната богослужба, сѐ до започнувањето на Еордијата. Оваа година, на литијата ќе биде изнесена и чесната икона на Мајката Божја „Гликофилуса“ (Слаткољубива или Умиление).

На Еордијата ќе ѝ претходи церемонијално полициско возило, кое на симболичен начин ќе го одбележи чествувањето на Св. Вмч. Георгиј како покровител на полициските и безбедносните сили, кои без оглед на нивната национална и верска припадност, секогаш се тука за да ги чуваат мирот и безбедноста. Помеѓу возилото и Еордијата, ќе дефилира коњаник, облечен во римска трибунска воена облека, којашто е изработена од автентични материјали и е верна изобразба на оригиналните воени оклопи од тоа време, дело на познат италијански експерт за историјата на древен Рим. Коњаникот, кој во раката ќе држи палмова гранка како симбол на мирот, ќе има улога на посебен редар и најавувач на процесијата.

Традиционално, пред почетокот на Еордијата (Литија), во храмот на Св. Георгиј во Струга, со почеток во 16 часот исто така ќе биде отслужена ктиторска вечерна богослужба.

На самиот крај на Струшката Еордија во дворот на струшкиот храм „Св. Георгиј Победоносец“, ќе следи културно-уметнички настан, кој ќе биде изведен од страна на чуварите на нашата богата фолклорна традиција: „Ансамбл Македонија“.

Од надлежните служби: Во оваа прилика ги потсетуваме сите пилоти на беспилотни летала: Посебно да се внимава на последната регулатива изгласана со закон за пилоти на беспилотни летала (дронови), да се придржуваат кон правилата и законските регулативи (Правилник за воздухоплови без екипаж) за надлетување во отворен простор. Пилотите треба да поседуваат валидна лиценца и летовите да бидат најавени во согласност со правилникот, односно одобрени од Агенцијата за цивилно воздухопловство. Во спротивно надлежните служби ќе вршат санкции според закон.

Вака беше лани:

Култура

Денес се слави „Ѓурѓовден“, главен обичај за овој ден е плетење венец од билки, ова се останатите народни и традиционални верувања

Објавено пред

на

Православните верници денес го прославаат светецот Георгиј Победоносец, познат како „Ѓурѓовден“, празникот кој е врзан со најголем број обичаи што постојат во народното верување. Овој светец се смета за граница меѓу зимата и летото, празник врзан за здравјето на домашните, женачката, плодност на стоката и добри посеви.

Главен обичај е плетење венец од билки, миење со цвеќиња, капење во река.

– Венецот сплетен од цвеќиња треба да се стави на влезната врата во куќата и тоа значи дека домот и годината ќе бидат богати.

Наутро со билките и со цвеќињата што домаќинката претходно ги потопила во вода, прво се мијат децата за да бидат здрави како дрен преку цела година, девојките и момчињата се грабаат околу нив, старите да бидат витални, а домашните куќата да им биде чувана.

Се верува дека на Ѓурѓовден не треба да се спие, бидејќи главата може да ве боли цела година.

– Во селата се палеле големи огнови за да се избркаат сите зли и лоши сили.

Се верувало дека ако е ведро, годината ќе биде плодна, а ако врне, дека ќе биде сушна година.

Прочитај повеќе...

Култура

122 години од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев

Објавено пред

на

На денешен ден, 4 мај, се одбележува 122 години од смртта на Гоце Делчев, македонски револуционер и еден од најзначајните лидери на Внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО). Тој беше убиен на 4 мај 1903 година во близина на селото Баница.

Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш (денес Килкис, Грција). Неговото име и дело се дел од македонскиот национален идентитет и се почитуваат низ целата земја.

Денес после 122 години Гоце Делчев останува симбол на борбата за слобода, правдина и еднаквост, а неговото наследство продолжува да инспирира генерации.

Неговите останки се сместени во црквата „Свети Спас“ во Скопје, каде редовно се одржуваат церемонии положувајќи цвеќе во знак на почит за еден од најголемите револуционери.

Прочитај повеќе...

Култура

(ФОТО) Во с.Цер кичевско одбележани 120 години од смртта на Христо Узунов – симбол на револуционерната борба

Објавено пред

на

©porta.mk

120 години од смртта на Христо Узунов – симбол на револуционерната борба

Денес се навршуваат 120 години од смртта на Христо Узунов – еден од најзначајните македонски револуционери од крајот на XIX и почетокот на XX век. Тој останува врежан во народната меморија како симбол на пожртвуваност, храброст и бескомпромисна борба за слободата на Македонија.

Христо Узунов е роден во Охрид во 1878 година. Образованието го започнал во родниот град, а подоцна продолжил во Солунската гимназија – една од најважните институции за создавање на македонската револуционерна елита. Рано се приклучил на редовите на Внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО), каде покажал исклучителни лидерски и организациски способности.

Како војвода, Узунов дејствувал во Охридско и Преспанско, организирајќи чети и водејќи борби против османлиската власт. Тој се залагал за строго дисциплинирана и морална револуционерна структура, убеден дека само така може да се постигне вистинска слобода.

На 24 април 1905 година, опколен со својата чета во селото Цер, Христо Узунов, по долг отпор и соочен со невозможност за бегство, решава да си го одземе животот, заедно со своите соборци.

Во џебот му било најдено проштално писмо во кое изразува љубов кон татковината и вера во ослободувањето на македонскиот народ.
Неговата смрт претставува една од најтрогателните страници во историјата на македонското револуционерно движење.

Христо Узунов останува како пример за новите генерации – не само како борец со оружје, туку и како човек со високи морални и национални идеали.

На овој ден во с.Цер кичевско, се потсетуваме на неговата жртва и го оддаваме заслуженото признание за неговиот придонес во македонската борба за слобода.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија7 минути

Граѓани пријавуваат дека се без електрична енергија

Утрово после 5 часот граѓани до нашиот медиум упатуваат пораки дека нивниот регион нема електрична енергија. Според исказите, електрична енергија...

На денешен ден7 часа

Времеплов: На денешен ден (18 мај)

Култура и уметност 1799 – Смртта на Пјер Бомарше, драматург чија работа инспирирала класични опери како „Севилскиот бербер“ (Росини) и...

Хороскоп8 часа

Хороскоп за недела (18 мај)

ОВЕН Денот е идеален за решавање на сите незавршени работи како и за дискусии поврзани со финансиски проблеми со личност...

Македонија16 часа

ОВР Делчево, ДПИ и ДЗС со акциска за угостителски објекти, пронајдена е нерегуларност

На 17.05.2025 година од страна на СВР Штип/ОВР Делчево во содејство со Државен пазарен инспекторат и Дирекција за заштита и...

Кичево18 часа

(ВИДЕО) Кичевчанец со огорченост говореше за смрдеата и заразите од дивата депонија „На Онкологија има над 700 кичевчани“

Во четвртокот во 18:00ч се одржа третиот по ред протест пред општинската зграда во Кичево, овој пат на кеј. –...

Македонија21 час

Кумановец управувал возило со 3,46 промили алкохол во крвта

На 16.05.2025 во 17.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.М.(49) од с.Долно Којнаре, кумановско. При...

Временска прогноза1 ден

Викендов променливо облачно со локален слаб дожд, утринските температури ќе бидат во интервалот од 1 до 8 степени

За време на овој викенд денес сабота и утре недела, во Македонија во ноќните и во раните утрински часови ќе...

На денешен ден1 ден

Времеплов: На денешен ден (17 мај)

Светот виден во рубриката „На денешен ден“ за 17-ти мај 🎨 Култура и уметност 1510 – Смртта на Сандро Ботичели,...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за сабота (17 мај)

ОВЕН Избегнете да влегувате во тесно и концентрирајте се на она што ви се случува моментално. Не дозволувајте проблемите да...

Временска прогноза1 ден

Денес најмногу дожд наврна во Крушево и Охрид, а со тоа и температурите се драстично пониски

Значително количество на дожд до вечерва во 20 часот наврна на многу места ширум Македонија. Сепак најмногу дожд наврна во...

НАЈЧИТАНИ