Скопје
Во текот на вчерашниот ден СВР Скопје изрече 123 мерки

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (21.12.2022) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 123 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина девет санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, две санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за нерегистрирани возила, осум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет санкции за непрописно престројување на возила, известуваат од МВР.
Скопје
Осум средни училишта од Скопје денеска добиле закана за поставен експлозив

Денеска (03.02.2023) околу 11:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на електронска адреса на осум средни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа.
Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, истакнаа од МВР.
Скопје
Кичевчанка во Скопје пријавила дека таксист недолично се однесувал и ја допирал по телото

На 27.01.2023 во 04.33 часот во Полициска станица Аеродром, 19-годишна кичевчанка пријавила дека околу 04.20 часот додека со такси возило се враќала кон нејзиниот дом на подрачјето на скопски Аеродром, такси возачот започнал да се однесува недолично и да ја допира по телото.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, истакнаа МВР во дневниот билтен за медиуми.
Скопје
Посебен сообраќаен режим во Скопје за утре и задутре

На 20 и 21 декември (вторник и среда) во посета на Република Македонија ќе пристигне делегација предводена од Претседателот на Големото национално собрание на Република Турција.
Поради тоа, СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје.
Апелираме до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат наредбите на полициските службеници, велат од МВР
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (4 февруари)
-
Хороскоп2 часа
Хороскоп за недела (5 февруари)
-
Македонија12 часа
На ГП Деве Баир жители на Бугарија недолично се однесувале и се обиделе физички да ја нападнат полицијата
-
Македонија1 ден
Мин. за земјоделство, шумарство и водостопанство одобри лов на дива свиња до крајот на месец март, ова се деталите..
-
Временска прогноза16 часа
Од вечерва поларна воздушна маса и олуен ветер на нашата територија
-
Скопје2 дена
Осум средни училишта од Скопје денеска добиле закана за поставен експлозив
-
Македонија1 ден
Поради агресивно однесување, СВР Охрид приведе жител на Албанија
-
Спорт1 ден
Одржана меѓународна работилница поврзана со клупскиот лиценцен систем, во организација на УЕФА и ФФМ