Следете не

Свет

Во Украина, рекорден број на смртни случаи од корона, само 15% од граѓаните биле вакцинирани

Објавено пред

на

Украина регистрираше рекорден дневен број од 734 смртни случаи како последица на корона вирусот во последните 24 часа, соопшти денеска Министерството за здравство.

Претходниот максимум од 614 смртни случаи беше забележан на 22 октомври.

Податоците на Министерството покажуваат дека во изминатите 24 часа се пријавени 19.120 нови инфекции, а Украина, која е меѓу европските земји со најмал број вакцинирани, досега има пријавено вкупно 2,8 милиони случаи на коронавирус и 64.936 смртни случаи.

Во земја со 41 милион жители, граѓаните можат да изберат вакцини против коронавирус од Pfizer, Moderna, AstraZeneca или Sinovak, но само околу 15 отсто од населението е целосно вакцинирано, најмалку од сите европски земји по Ерменија.

Извор: Nova
Фото: Unsplash

Свет

Најстариот активен американски астронаут Дон Петит се врати на Земјата од Меѓународната вселенска станица (ISS) на својот 70-ти роденден.

Објавено пред

на

ФОТО: Niketh Vellanki @thenikyv / Unsplash.com

Вселенската капсула Сојуз МС-26, која ги превезуваше Петит и неговите руски колеги Алексеј Овчинин и Иван Вагнер, падна со падобран во степата на Казахстан денеска во 6:20 часот по локално време, пренесува „Би-Би-Си“.

Сепак, тој не е најстариот човек кој полетал во вселената, бидејќи тој рекорд го држи Џон Глен, кој учествувал во мисијата на НАСА во 1998 година на 77-годишна возраст.
Глен почина во 2016 година.

Астронаутите поминале 220 дена на ISS и за тоа време орбитирале околу Земјата 3.520 пати, објави американската вселенска агенција НАСА, наведувајќи дека ова е четврта мисија за Петит, кој досега поминал вкупно 590 дена во вселената.

Петит, кој е роден во Орегон на 20 април 1955 година, ќе биде пренесен во Хјустон, Тексас, додека Овчинин и Вагнер ќе одат во главната руска база за обука на космонаути во Звјоздни Городок (Ѕвезден град) во близина на Москва.

Извор: 021.rs

Прочитај повеќе...

Свет

Се родија Ромул и Рем: За прв пат оживеа изумрен вид

Објавено пред

на

За прв пат во историјата, научниците успеаја да вратат во живот изумрен вид – страшниот волк (Aenocyon dirus), предатор кој исчезнал пред околу 12.500 години. Постигнувањето е дело на биотехнолошката компанија Colossal Biosciences од Далас, која го соопшти раѓањето на три младенчиња, создадени со античка ДНК, клонирање и технологија за уредување на гени.

Како изгледаат новите „стари“ волци?

    • Два од младенчињата добиле имиња Ромул и Рем, и се родени на 1 октомври 2024 година.

  • Се работи за хибриден вид што изгледа како изумрениот страшен волк, но генетски се базира на сивиот волк, неговиот најблизок современ роднина.

  • Новите волци имаат пошироки глави, густо светло крзно и посилни вилици, слично на описите од фосилите на нивните праисториски претци.

Научен пробив

  • Генетичарите користеле ДНК од заб стар 13.000 години и череп стар 72.000 години, комбинирајќи ја со технологијата CRISPR за да создадат функционален геном.

  • Со CRISPR се отстранети одредени генски варијанти кај сивиот волк, а заменети со оние карактеристични за страшниот волк.

Нов дом под строга контрола

  • Тројцата волци се сместени на површина од 2.000 хектари, чиешто точно место не е откриено.

  • Областа е заштитена со ограда висока три метри, безбедносен персонал, дронови и надзорни камери.

Што значи ова за иднината?

  • „Оваа пресвртница е само првата од многуте кои докажуваат дека нашите технологии за ‘враќање на изумреното’ функционираат,“ изјави Бен Лам, ко-основач и извршен директор на Colossal.

  • Компанијата работи и на враќање на други изумрени видови, како мамути, со надеж дека ваквите проекти ќе помогнат и за обновување на екосистеми.

Извор: B92

Прочитај повеќе...

Свет

Најпознатата интернет платформа „YouTube“ изрази сочувство за настраданите во Кочани, Македонија

Објавено пред

на

Најпознатата интернет платформа „YouTube“ на сите корисници кои ќе пристапат од македонски IP адреси изразува сочувство за настраданите во страшната несреќа во Кочани. Пред се голем гест и почит за своите корисници.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Скопје5 часа

Во ПС Карпош пријавено дека исчезнато е дете на 8 годишна возраст

Денеска (01.05.2025) во 00.45 часот во Полициската станица Карпош, А.Џ.(55) од Скопје пријавил дека од местото каде престојувале се оддалечил...

Занимливости6 часа

Ден на трудот – 1 мај, се вели ден произлезен од традициите на работничкото движење

Први мај е меѓународен празник кој се слави на секаде во светот. Во многу земји се поистоветува со денот на...

Кичево10 часа

(ФОТО) Автошоп „Delta“ – Кичево прославува 25 години постоење, верификуван бренд „број 1“ за вашиот автомобил, сѐ на едно место!

Денес 1-ви мај се навршуваат точно 25 години постоење на Автошоп „Delta“ – Кичево, специјализирана продавница за авто-делови, козметика, пневматици...

На денешен ден12 часа

На денешен ден – 1 мај

1707 година – Стапи на сила Законот за Унија, со кој кралствата Шкотска и Англија беа обединети во Велика Британија....

Временска прогноза18 часа

Попоски: Не очекува просечно топол месец мај, но повремено и често нестабилно, појава која може да резултира и со потпросечни температурни разлики

Оваа 2025 година мај во Македонија, но и во регионот ќе биде просечно топол гледано по температурите, иако, повремено е...

Хороскоп20 часа

Месечен Хороскоп (мај 2025)

ОВЕН Денес, ќе добивате разни сигнали од луѓе со кои работите и пријатели, па затоа не е изненадувачки што ќе...

Скопје21 час

Утре во Скопје посебен режим на сообраќај поради најавен протест, следните улици треба да се одбегнуваат

СВР Скопје ги известува граѓаните дека утре (01.05.2025) со почеток во 11.00 часот поради одржување на протест, Единицата за безбедност...

Спорт1 ден

Првиот човек на ФФМ оствари средба со раководствата на финалистите кои ќе се соочат за „Купот на Македонија“, со негова заложба на мечот ќе има ВАР технологија

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ, во текот на вчерашниот ден оствари средба со раководствата на ФК...

Unsplash: Glenn Carstens-Peters Unsplash: Glenn Carstens-Peters
Магазин1 ден

Elden Ring ја надмина бројката од 30 милиони продадени копии

Импресивен успех за акциското RPG од FromSoftware Од своето објавување во февруари 2022 година, Elden Ring постојано бележи растечки интерес...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за среда (30 април)

ОВЕН Ако неодамна сте донирале дел од вашите пари, сте позајмиле одредена сума на пријател или си купиле нешто непотребно,...

НАЈЧИТАНИ