Кичево
(ВИДЕО) Во село Цер кичевско за прв пат светиот Крст го пронајде младиот Петар Којчески

Во кичевското село Цер за прв пат светиот Крст го пронајде младиот Петар Којчески (14), кој оваа година втор пат учествува на величествената манифестација по повод „Богојавление Водици“. За разлика од минатата година, оваа господова 2024-та се собраа повеќе верници, но најсреќно беше токму ова момче.
– Пресреќен сум што го пронајдов Крстот во осветените води во нашето село, искрено од секогаш сум имал желба да го пронајдам светиот Крст. Ланска година не успеав, но годинава Бог ме благослови. Ја користам оваа прилика да го честитам Богојавление Водици на сите православни Христијани, да дава Бог здравје, среќа, љубов и бериќет во сите домови, честитки до сите благословени кои го пронајдоа Крстот, Бог се јави! – за Порта.мк истакна Петар.
Кичево
Непланиран времен прекин на електрична енергија во кичевските села Вранештица, Цер, Кладник и околината

Од „ЕВН Дистрибуција“ информираат дека има непланиран дефект на електрична енергија во кичевските села Вранештица, Цер, Кладник и околината. Веројатно се работи на санација за истиот.
Кичево
Претставници од КУД „Бисер“ – Кичево се натпреваруваат за најубава народна носија на фестивалот во Полска, да им дадеме македонска поддршка

Меѓународниот фестивал на фолклорот на планинските предели кој се одржува во Закопане во срцето на Полските Карпати, на платото во центарот на градот познато како „Гórna Rówień Krupowa“, едно од најпрестижните и најстарите фолклорни фестивали од ваков тип во Европа.
Ова 56-то издание се одржува од 15 до 21 август 2025, со почеток во 10:00 часот секој ден. Исто така секоја година се натпреваруваат десетици – дури стотици – фолклорни ансамбли од целиот свет. Натпреварот е строг, а жири-от доделува Златна, Сребрена и Бронзена Ciupaga.
Оваа година како што веќе обзнанивме нашите учесници од КУД „Бисер“, Матеа Ѓорѓиоска и Александар Донески од Кичево се натпреваруваат за најубава народна носија од Македонија.
Гласањето е едноставно со реакција „Ми се допаѓа“ на фотографиите. Овој натпревар трае до утре 21-ви август (четврток) – 12:00ч – кога практично и завршува финалната вечер. Од тука во име на македонската традиционална народна носија која дефинитивно е нешто најубаво од нашите простори, ја даваме нашата безрезервна поддршка за да победиме!
Што се однесува до престижниот фестивал, до сега учествувале преку 700 странски групи и над 200 полски ансамбли – укажувајќи на големите димензии и реон на оваа манифестација.
Фестивалот привлекува љубители на култура, туристи, медиуми и етномузиколози од целиот свет. Вистинска традиција, културна мисија, еуфорија на народен идентитет и мост меѓу различни култури од сите страни на светот. Во оваа прилика им честитаме за одличната организација, она што ни го пренесуваат нашите учесници од Кичево таму е за сите почести.
Кичево
Играорците на КУД „Бисер“ од Кичево во Полска, се натпреваруваат за најубава македонска носија на меѓународен фестивал

На меѓународниот фолк фестивал 2025 кој се одржува во Полска под културен центар Закопане, се избира најубава носија. На овој престижен фестивал свое учество зедоа КУД „Бисер“ од Кичево, додека учесници на натпреварот се Матеа Ѓорѓиоска и Александар Донески од Кичево.
Со „Like“ под фотографијата да им дадеме значајна поддршка за најубавата македонска носија, натпреварот трае од денес 18 август до 21 август четврток.
За Матеа кликни – ТУКА
За Александар кликни – ТУКА
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за среда (20 август)
-
Кичево1 ден
Претставници од КУД „Бисер“ – Кичево се натпреваруваат за најубава народна носија на фестивалот во Полска, да им дадеме македонска поддршка
-
Македонија2 дена
МВР соопшти за деталите околу сообраќајката кај с.Ботун на магистралниот пат Охрид-Кичево, каде учесници беа два автомобили и едно тешко товарно возило
-
Хороскоп12 часа
Хороскоп за четврток (21 август)
-
Кичево20 часа
Непланиран времен прекин на електрична енергија во кичевските села Вранештица, Цер, Кладник и околината
-
Lifestyle2 дена
Грешки што ги правиме при нанесување дезодоранс – една е особено опасна
-
Временска прогноза1 ден
Краткотрајна стабилизација на времето, во петок ќе имаме транспорт на Сахарска прашина, така што атмосферата ќе биде заматена и времето ќе биде спарно
-
Спорт24 часа
Фудбалската репрезентација на Македонија до 16 години убедливо ја победи Црна Гора на пријателскиот меч одигран вчера на „Билјанини Извори“ во Охрид