Временска прогноза
Вонредни метео вести, од утрово стабилно и суво со магла во котлините
Медитеранскиот циклон кој ја зафати целата наша држава најмногу дожд донесе во Демир Капија, дури 63 литри. Најмалку дожд наврна во Охрид и тоа 3 литри, додека во Скопје – Петровец наврнаа 13 литри дожд.
Како што беше и најавено од наша страна на највисоките планински врвови, и тоа на Пелистер има снег и е формирана снежна покривка.
Од денес следува нов период на стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност.
Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Маглата локално би можела да биде и ГУСТА.
Нов бран на врнежи барем според последните анализи се очекуваат за време на следниот викенд.
Температурите овие денови ќе бидат малку повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени.
Во Скопје и околината следува период на стабилно и суво време, додека наутро и во претпладневните часови ќе има појава на магла и на ниска облачност. Температурата ќе се искачи до околу 19 степени, за нашиот медиум пишува Славчо Попоски, еден од најпознатите метеопрогнозери во Македонија.
Временска прогноза
За вистинската зима и снежна идила ќе почекаме, следуваат пролетни температури над просекот за месец декември
Под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на потопла воздушна маса од југ, во Македонија продолжува периодот на стабилно и суво време со температури кои ќе бидат значително над просекот за месец декември и тие ќе бидат повисоки од просечните за декември за околу па дури и за повеќе од 10 степени.
Ветерот ќе ја намали својата брзина следните денови и ќе биде претежно тивко. Наутро и повторно во вечерните и во ноќните часови по котлините ќе има појава на магла и на ниска облачност и токму на овие места температурите преку ден ќе останат пониски.
Кога сме кај температурите, тие во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17/18 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачува до околу 10 или малку под 10 степени и тоа поради очекуваната магла и ниска облачност во Скопската колтината температурата ќе биде пониска за разлика од другите места во Македонија.
Наутро пак ќе биде релативно ладно и температурите на повеќе места ќе се спуштаат до близу 0 степени а во делови од Македонија тие ќе се спуштаат и за неколку степени под нулата особено на повисоките населени и на планинските места.
Кога сме кај вистинската зима и кај снегот, токму ова сценарио и понатаму го немаме на видик што значи дека за зима и за снег и понатаму ќе си чекаме, соопшти Славчо Попоски
Временска прогноза
Се менува ли климата? Најава за невообичаено топло време од следната седмица во месец декември – ова се информациите
Температури за околу па и за повеќе од 10 степени повисоки од просечните за месец декември следната седмица ќе го зафатат целиот Балкан вклучувајќи ја и Македонија и ќе донесат високи температури на воздухот кои ќе бидат пролетно високи. Во делови од Балканот и во Македонија температурите ќе се искачат дури и до 20 степени а можно е тие да надминат и 20 степени. Врнежи не очекувам следната седмица што значи дека ќе имаме многу посуво и стабилно време.
Следната седмица целиот Балкан и Македонија ќе бидат под влијание на висок воздушен притисок и на топла воздушна маса од југ (Антициклон) и токму ова ќе услови да ги имаме овие невообичаено високи температури на воздухот за месец декември. Сепак во ваква ситуација по котлините ќе се создаваат услови за појава на магла и на ниска облачност која во дел од котлините ќе се задржи и во текот на целиот ден па во овие котлини и температурите преку денот ќе останат пониски.
Невообичаено топло за месец декември ќе биде во најголем дел од Европскиот Континент и без врнежи.
Според она што можам да го кажам сега снежни врнежи и вистинска зима не треба да очекуваме дури до 20 декември, тоа значи дека за снегот и за вистинската зима и понатаму ќе се изначекаме, подвлече Славчо Попоски
Временска прогноза
Врнежите од дожд продолжуваат, Попоски апелира за зголемување на нивоата од реките и езерата
Под влијание на голем влажен бран од југ денес (петок 5 декември) времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд насекаде кај нас и истите ќе бидат обилни особено во јужните предели од Македонија каде локално за 24 часа ќе наврнат над 40 литри дожд. На планините пак над 1700/1800 метри надморска височина врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. И во Скопје и околината денес (Петок 5 декември) времето ќе биде облачно со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 9 степени.
– Поради очекуваните обилни врнежи, целата територијата на Македонија ќе се наоѓа во жолта предупредувачка фаза, а југоисточните предели ќе се наоѓаат во портокалова предупредувачка фаза поради очекуваните обилни врнежи од дожд. Исто така, поради обилните врнежи од дожд повторно се очекува зголемувања на нивоата на реките и на езерата кај нас, особено во јужните предели каде се можни и нови локални поплавувања.
Апелирам поради можните нови поплавувања особено возачите да внимаваат како управуваат со своите возила, односно тие да не се движат покрај водотеците, соопшти Славчо Попоски
-
Хороскоп2 денаХороскоп за вторник (9 декември)
-
Кичево1 денНоќеска во Кичево европско-медитеранскиот сеизмолошки центар регистрираше слаб земјотрес на длабочина од околу 15 километри
-
Хороскоп19 часаХороскоп за среда (10 декември)
-
Кичево1 денКнежинскиот манастир денес го слави својот патрон „Св. Ѓорѓија – Победоносец“, за многу години „Св. Ѓорѓија“, Христовиот војник, заштитник на сиромашните
-
Временска прогноза1 денЗа вистинската зима и снежна идила ќе почекаме, следуваат пролетни температури над просекот за месец декември
-
Македонија2 денаЖена од охридското с.Лескоец удрила во полициско „јети“ на охридската полиција, за среќа учесниците поминале со телесни повреди
-
Македонија1 денНово намалување на дизелот од ноќеска, бензините остануваат непроменети
-
Македонија23 часаНа Јован сме му потребни за операција на окото, да дадеме хуманитарна помош со телефонски повик веднаш!
