Следете не

Временска прогноза

Вонредни метео вести за викендов, доаѓа многу дожд и силен ветер (над 70 км/ч)

Објавено пред

на

Уште утре времето во Македонија ќе се задржи стабилно, суво и НАТПРОСЕЧНО ТОПЛО со максимални дневни температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 24 степени. Сепак до крајот на денот облачноста од запад ќе се зголеми.

Во Скопје и околината исто така уште утре ќе се задржи стабилно, суво и сончево време со мала до умерена облачност До крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Температурата ќе се искачи до околу 22 степени.

За време на викендот територијата на Македонија ќе биде под влијание на циклонска активност од Медитеранот и истата ќе услови ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи од дожд и засилен, локално повремено СИЛЕН ветер (над 70 км/час) од југоисточен правец. Локално ќе наврне ЗНАЧИТЕЛНО КОЛИЧЕСТВО на воден талог (над 40 л/м2). Температурите ЗНАЧИТЕЛНО ќе опаднат и тоа дури за околу 10 степени во споредба со сегашните и особено во недела истите ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 16 степени. Исто така за време на овој циклон ќе има услови и за ретка појава на грмежи.

Поради падот на температурите, на највисоките планински места низ Македонија (над 2000 м.т.в ќе има услови и за провејување на снег, за Порта.мк пишува Славчо Попоски.

Временска прогноза

Целосна метео анализа за месец декември, ова се најновите вести

Објавено пред

на

Според најновите анализи кои ги направивме со помош на најпрецизните нумерички модели во светот, месец декември оваа година ќе биде само малку потопол од вообичаеното и со речиси просечно количество на врнежи, што значи дека врнежите нема да фалат и не се очекува некоја позначителна суша да ја зафати нашата територија.

Секако се очекуваат и се почести продори од север кој би условувале ПОГОЛЕМО ЗАЛАДУВАЊЕ на времето, па и врнежи од снег и на пониските места.

Што се однесува до планинските места и Скијачките центри снегот веќе го има и снежната покривка со оглед на ново – очекуваните врнежи овие денови ќе се зголемува.

Најинтензивни врнежи со новиот влажен бран ќе има во југоисточните предели (над 30 л/м2 воден талог).

Температурите нема многу да се менуваат, освен денес и за време на викендот кога ќе биде малку потопло со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 13 степени. Времето ќе биде малку постабилно, а нов бран на врнежи ќе има од недела.

НАПОМЕНА: Со оглед на тоа дека се работи за долгорочно анализирање на времето, ЗГОЛЕМЕНИ се можностите за промени во анализирањето на времето. Како ќе се одвиваат работите во текот на овој последен месец од оваа година останува да видиме, и секако НАВРЕМЕНО ќе бидете информирани за секоја ново – настаната промена на метеоролошки план.

За нашиот медиум истакна Славчо Попоски од водечлиот метеоаларм.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Попоски истакна месечна временска прогноза, дали декември ќе биде невообичаено потопол месец, ова се деталите..

Објавено пред

на

Според најновите анализи кои ги направивме со помош на најпрецизните нумерички модели во светот, месец декември оваа година ќе биде само малку потопол од вообичаеното и со речиси просечно количество на врнежи, што значи дека врнежите нема да фалат и не се очекува некоја позначителна суша да ја зафати нашата територија. Секако се очекуваат и се почести продори од север кој би условувале ПОГОЛЕМО ЗАЛАДУВАЊЕ на времето, па и врнежи од снег и на пониските места.

Што се однесува до планинските места и Скијачките центри снегот веќе го има и снежната покривка со оглед на ново – очекуваните врнежи овие денови ќе се зголемува.

Најинтензивни врнежи со новиот влажен бран ќе има во југоисточните предели (над 30 л/м2 воден талог).

Температурите нема многу да се менуваат, освен во петок и за време на викендот кога ќе биде малку потопло со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 13 степени. Времето ќе биде малку постабилно, а нов бран на врнежи ќе има од недела – за Еспресо вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

(ФОТО) Превој Стража под снег, моментална состојба

Објавено пред

на

Под влијание на влажен воздушен бран од Медитеранот, денес и во четврток времето во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Врнежите ПОИНТЕНЗИВНИ ќе бидат особено во четврток и тоа во јужните и во југоисточните предели каде локално се очекува да наврнат над 25 л/м2 воден талог.

На местата со надморска височина од 1200 метри па нагоре ќе има врнежи од снег каде ќе дојде до формирање на снежна покривка, додека на повисоките планини истата ќе се зголеми.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, особено утре.

Во Скопје исто така се очекуваат нови повремени врнежи од дожд.

Минималните температури ќе бележат тенденција на пораст и тоа поради облачното и врнежливо време, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 9 степени.

Потоа во петок и во сабота ќе има преодно стабилизирање на времето, додека во недела повторно ќе има повремени врнежи од дожд и тоа од локален карактер. Снег ќе врне само на високите планини а ќе започне да дува и умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец кој ќе услови малку повисоки температури на воздухот, односно температурите во недела ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 12 степени.

НАПОМЕНА: Денес и задутре поради ниските температури, снежната граница понекаде можно е да се спушти и под 1000 м.н.в, со што услови за врнежи од дожд и од снег или од мокар снег ќе има и во повисоките населени места, за порта пишува Славчо Попоски.

Фотографијата е од нашата екипа која моментално е на терен. Доколку движите преку овој превој и доколку продолжи снегот со овој интензитет задолжително имајте зимски пневматици и понесете зимска опрема, која патем е и задолжителна од 15 ноември.

Имајте безбедни патишта!

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Свет3 часа

Сан Франциско им дозволува на полициските роботи да користат смртоносна сила

Одборот на супервизори во Сан Франциско гласаше да им се дозволи на полициските роботи да користат смртоносна сила во екстремни...

Магазин3 часа

Протекоа информации за MIUI 14 пред официјалното лансирање

Сите новости ги објави корисникот на Twitter @kacskrz, а MIUI 14 ни носи нова системска архитектура со претходно инсталирани апликации...

Магазин3 часа

Дали Apple ве лажеше за приватноста?

Со зголемената загриженост за приватноста на податоците, Apple прибегна кон паметен маркетинг и ТВ реклами за да ги увери корисниците...

Магазин3 часа

Twitter ја прекина политиката за дезинформации за корона

Долгогодишните напори на Twitter за борба против дезинформациите за коронавирусот завршуваат, барем засега. Twitter почна да се занимава со дезинформации...

Магазин3 часа

Еве Viber услуга што не ја користите и која може да ви заштеди пари

Rakuten Viber пред празниците им понуди на своите корисници нова услуга Viber Out Rakuten Viber, една од најголемите глобални комуникациски...

Магазин3 часа

Криминалците го користат популарниот предизвик TikTok за да го направат невидлив малициозен софтвер за крадење податоци

Злонамерниот софтвер го користи популарниот предизвик TikTok за ширење на малициозен софтвер за крадење податоци преку лажна апликација која досега...

Магазин3 часа

Лионел Меси стана лик во играта на Call of Duty, а на фановите едно им пречи (ВИДЕО)

Лионел Меси стана лик во видео игрите Call of Duty Modern Warfare II и Call of Duty: Warzone. Меси е...

На денешен ден7 часа

2 декември – На денешен ден

1254 – Сицилијанскиот крал Мафред ја поразил папската војска во битката кај Фоџа и го задржал своето кралство. 1547.- Починал...

Македонија9 часа

Со последното намалување на цените на нафтените деривати, дизелот и бензинот од денес се продаваат по иста цена за литар

Дизел горивото од денес се продава со намалена цена за два денари од литар, додека пак цената на бензините останува...

Временска прогноза15 часа

Целосна метео анализа за месец декември, ова се најновите вести

Според најновите анализи кои ги направивме со помош на најпрецизните нумерички модели во светот, месец декември оваа година ќе биде...

НАЈЧИТАНИ