Временска прогноза
Вонредни вести за временската прогноза, од утре најава за априлски снег и температури под нулата – Ова се деталите..
Почнувајќи од утре земјите од Балканскиот Полуостров ќе се соочат со големи априлски снегови и студови. Поточно во моментов од Арктикот кон нашиот дел од Европа започна да се спушта многу студен воздух кој ќе услови врнежи од снег во најголем дел од Балканот во текот на утрешниот ден.
Најмногу снег се очекува во делови од Босна и Херцеговина како и во Црна Гора каде снежната покривка понекаде ќе достигне и над 30 сантиметри, а снег се очекува да паѓа и во Словенија, Хрватска и соседна Србија.
Температурите ќе бидат далеку под просекот за овој дел од годината и наутро истите понекаде ширум Балканот ќе се спуштаат и до околу -10 степени, на планинските места дури и под -10 степени. Сето ова ќе биде проследено и со леден северен ветер.
Овој бран ќе пристигне и во Македонија но со тоа што ќе услови врнежи од дожд и тоа утре особено во југоисточните и во источните предели, додека во среда врнежите ќе се прошират на повеќе места. Истите на планините и на повисоките места, особено на северот ќе бидат од снег каде ќе се формира нова снежна покривка.
Во среда кон крајот на денот и во вечерните часови поради продорот на студената воздушна маса од север, услови за врнежи од снег ќе има понекаде и на пониските места, особено во западните предели. Ќе дува умерен до засилен ветер, најпрвин од југозападен и од западен, а потоа и од северен правец а температурите значително ќе опаднат и во среда ќе се искачуваат од 5 до 13 степени, меѓутоа кон крајот на денот и вечерта уште повеќе ќе опаѓаат.
Од четврток времето ќе се стабилизира, но наутро температурите на повеќе места ќе бидат под нулата со што ќе има појава на мраз. Истиот лошо ќе влијае особено врз земјоделските култури. Затоа земјоделците се советуваат со време да си ги заштитат своите земјоделски култури и посеви.
Автор: Славчо Попоски
Временска прогноза
Врнежите од дожд продолжуваат, Попоски апелира за зголемување на нивоата од реките и езерата
Под влијание на голем влажен бран од југ денес (петок 5 декември) времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд насекаде кај нас и истите ќе бидат обилни особено во јужните предели од Македонија каде локално за 24 часа ќе наврнат над 40 литри дожд. На планините пак над 1700/1800 метри надморска височина врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. И во Скопје и околината денес (Петок 5 декември) времето ќе биде облачно со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 9 степени.
– Поради очекуваните обилни врнежи, целата територијата на Македонија ќе се наоѓа во жолта предупредувачка фаза, а југоисточните предели ќе се наоѓаат во портокалова предупредувачка фаза поради очекуваните обилни врнежи од дожд. Исто така, поради обилните врнежи од дожд повторно се очекува зголемувања на нивоата на реките и на езерата кај нас, особено во јужните предели каде се можни и нови локални поплавувања.
Апелирам поради можните нови поплавувања особено возачите да внимаваат како управуваат со своите возила, односно тие да не се движат покрај водотеците, соопшти Славчо Попоски
Временска прогноза
Дождот продолжува, на планините кои се над одредена надморска височина ќе се формира снежна покривка
Под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот и на серија на влажни воздушни бранови до недела (7 декември) во Македонија времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои повремено и тоа особено во западните и во јужните предели ќе бидат обилни и во овие предели на повеќе места ќе наврнат над 30 литри дожд, локално и над 50 литри дожд.
Во Скопје и околината за време на овој период ќе има повремени врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и во делови од котлината ќе наврнат над 25 литри дожд.
Ќе дува слаб до умерен ветер најпрвин од југоисточен а потоа од северен и од североисточен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет.
На високите планини над 1800/1900 метри надморска височина повремно врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.
Што се однесува до температурите тие наутро насекаде ќе бидат над нулата а максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачува до околу или малку над 10 степени, соопшти Славчо Попоски од метеоаларм.
Временска прогноза
Од утре до сабота повторно врнежи од дожд во Македонија
Под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот и на серија на влажни воздушни бранови од утре (среда 3 декември) до сабота (6 декември) во нашата Македонија времето ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд кои особено во јужните предели повремено ќе бидат обилни и локално за време на овој период ќе наврне ново големо количество на воден талог (над 40 литри дожд).
На високите планини (над 1700/1800 метри надморска височина) повремено ќе има врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец и тој повремено ќе засилува на интензитет.
И во Скопје и околината за време на овој период ќе има повремени локални врнежи од дожд проследени со повремено засилување на ветерот од северен правец.
Наутро температурите насекаде ќе бидат над нулата а преку денот тие ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени а во Скопје и околината таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 10 и 12 степени, истакна најдобриот метеоролог од нашите простори, г-дин Славчо Попоски
-
Спорт8 часаКичевскиот фудбалски судија Лика во среда ќе биде прв помошен судија на „play-off“ дуелот меѓу Нант и Макаби Хаифа
-
Магазин13 часаИвана од Кичево оваа година по петти пат изработува новогодишни честитки за да помогне на лица и здруженија каде е најпотребно
-
Хороскоп2 денаХороскоп за четврток (4 декември)
-
Хороскоп24 часаХороскоп за петок (5 декември)
-
Здравје и убавина2 денаСамо со неколку нови навики, стартот на денот ќе ви биде полн со енергија
-
Lifestyle12 часа(ВИДЕО) Анатоли фитнес момчето кое стана вистинска сензација на „ТикТок“ конечно препознат од неговата публика
-
Македонија1 денСообраќај по наместа влажни коловози, намалена видливост поради магла има на превоите „Стража, Ѓавато, Плетвар и Крушево “
-
Временска прогноза14 часаВрнежите од дожд продолжуваат, Попоски апелира за зголемување на нивоата од реките и езерата
