Временска прогноза
ВОНРЕДНО: Екстремно топол бран и висок УВ од утре ќе ја зафати Македонија, да се внимава со запалливите материјали на отворено, ова се информациите..
Според последните анализи истите го потврдуваат фактот дека ЕКСТРЕМНО ТОПЛИОТ бран кој го најавивме за од четврток па натаму и тоа како ќе ја зафати нашата држава, и ќе услови ЕКСТРЕМНО ВИСОКИ температури на воздухот, но и ЕКСТРЕМНО ВИСОК Ув – индекс со коефициент 10.
Температурите од четврток па натаму насекаде ќе се искачуваат над 30 степени, додека во централните и во југоисточните предели истите се очекува да се искачат до 40 степени, а локално дури и ќе надминуваат 40 степени.
Времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Се на се, пред нас е ГОЛЕМА СУША па затоа внимавајте на природата за да не дојде до евентуална појава на пожари, и секако избегнувајте движење во шума, пишува Попоски.
Што се однесува до опасните пожари, како и секоја година, преку нашиот портал апелираме до неодговорните и несовесни граѓани дека пролетта и летото се погодни за движење и работа во шума, излетниците и сите посетители на шумата, да внимаваат кога работат со лесно запаллив материјал бидејќи е доволна само мала искра за да се потпали сувата трева и друга нискостеблеста вегетацијана, да не се фрлаат цигари и отпушоци од цигари и догорчиња.
Исто така подготовките за пролетна сеидба со разни култури на нивите и полињата, при што најчесто на неадекватен начин се чистат нивите и палат отпадоците и стрништа, да внимаваат на шумите како добро од општ интерес и така што работите во шума да ги работат совесно и со особено внимание.
Со таквото внимание ќе си помогнеме и самите себе си, додека граѓаните како главен фактор соодветно да известуваат за рано спречување на пожари со дојава до надлежните институции.
Временска прогноза
Дождот продолжува, на планините кои се над одредена надморска височина ќе се формира снежна покривка
Под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот и на серија на влажни воздушни бранови до недела (7 декември) во Македонија времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои повремено и тоа особено во западните и во јужните предели ќе бидат обилни и во овие предели на повеќе места ќе наврнат над 30 литри дожд, локално и над 50 литри дожд.
Во Скопје и околината за време на овој период ќе има повремени врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и во делови од котлината ќе наврнат над 25 литри дожд.
Ќе дува слаб до умерен ветер најпрвин од југоисточен а потоа од северен и од североисточен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет.
На високите планини над 1800/1900 метри надморска височина повремно врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.
Што се однесува до температурите тие наутро насекаде ќе бидат над нулата а максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачува до околу или малку над 10 степени, соопшти Славчо Попоски од метеоаларм.
Временска прогноза
Од утре до сабота повторно врнежи од дожд во Македонија
Под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот и на серија на влажни воздушни бранови од утре (среда 3 декември) до сабота (6 декември) во нашата Македонија времето ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд кои особено во јужните предели повремено ќе бидат обилни и локално за време на овој период ќе наврне ново големо количество на воден талог (над 40 литри дожд).
На високите планини (над 1700/1800 метри надморска височина) повремено ќе има врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец и тој повремено ќе засилува на интензитет.
И во Скопје и околината за време на овој период ќе има повремени локални врнежи од дожд проследени со повремено засилување на ветерот од северен правец.
Наутро температурите насекаде ќе бидат над нулата а преку денот тие ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени а во Скопје и околината таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 10 и 12 степени, истакна најдобриот метеоролог од нашите простори, г-дин Славчо Попоски
Временска прогноза
Од денес започнува климатолошка зима, Попоски истакна метео прогноза која вистински доликува на зима
Со самиот почеток на месец декември почнува и климатолошката зима. Денес понеделник 1 декември во Македонија времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и ќе биде претежно тивко без некој изразен ветер. По котлините особено претпладнето и повторно во ноќните часови ќе се создаваат услови за појава на магла или на ниска облачност.
И во Скопје и околината времето ќе биде сончево со појава на мала до умерена облачност и ќе биде претежно тивко и без ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на магла или на ниска облачност.
Што се однесува до температурите на воздухот тие ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 13 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 10 степени, утрово истакна Славчо Попоски.
-
Кичево22 часаЈовановски: „Ние во Кичево не можеме да исчистиме толку брзо колку што некои несовесни граѓани можат да расфрлаат ѓубре“
-
Култура22 часаУтре е голем празник, помолете се за здравје, на врата ни е „Пресвета Богородица Пречиста“, на помош слава, за многу години!
-
Кичево2 дена(ФОТО) Конечно „ATVA Residence Hotel & Spa“ официјално отворен, уникатен модерен хотелски комплекс, уреден според највисоки светски стандарди
-
Магазин2 дена(ВИДЕО) „Not Gonna Run Away“ е третиот дел од „Marbled In Stone“, наше кичевско, а светско!
-
Хороскоп1 денХороскоп за среда (3 декември)
-
Хороскоп10 часаХороскоп за четврток (4 декември)
-
Кичево2 дена„Canvas Print Media“ Кичево: Слики на Платно и Фото хартија, премиум Fine Art печатење со материјали од светски брендови и бесплатна достава во Кичево
-
Македонија2 денаДЕМАНТ: Внимание за злоупотреба на името на Бигорскиот манастир за продажба на лажни лекови
