Македонија
Воведена забрана за тешки товарни возила од превентивни причини правец Гостивар-Маврово, Дебар-Гостивар-Стража и Крива Паланка-граничен премин Деве Баир

Забрана за сообраќај за тешки товарни возила се воведува од превентивни причини на патниот правец Крива Паланка-граничен премин Деве Баир. Забрана за сообраќај за тешки товарни возила се воведува исто така од превентивни причини на патните правци Гостивар – Маврово – Дебар и Гостивар-Стража, информира АМСМ. (Информација од 02:42ч)
ФОТО: архива (порта.мк)
Македонија
МВР поднесе пријава за лицето кое влечеше куче со возило

На 13.08.2025 во 14:45 часот во ОВР Крива Паланка бил извршен службен разговор со З.М. (59) од Крива Паланка, затоа што на магистралниот пат село Жидилово – Крива Паланка на патничко моторно возило „фиат панда“ врзал куче и го влечел.
По целосно документирање на случајот, против З.М. поднесена е соодветна пријава, информира МВР.
Македонија
Регионалнот пат Македонски Брод – Скопје утрово затворен за сообраќај поради настанатата ситуација со пожарите во НП „Јасен“

ЦУК утрово известува дека поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила.
Македонија
Возач во Македонска Каменица, управувајќи возило под дејство на алкохол удрил малолетничка и го напуштил местото

Денеска (13.08.2025) во 02.10 часот на ул.„Каменичка“ во Македонска Каменица, полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица го лишиле од слобода Г.А.(51) од Македонска Каменица. Тој се сомничи дека околу 23.00 часот на 12.08.2025 со патничко возило „мерцедес“ со италијански национални ознаки, кое го управувал, удрил во 13-годишна малолетничка од Македонска Каменица и го напуштил местото. Малолетничката се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Клиничка болница Штип за укажување помош.
По преземени мерки Г.А. бил пронајден, при што било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,99 промили алкохол во крвта и бил лишен од слобода.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, информира МВР.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (14 август)
-
Македонија2 дена
Лишен од слобода скопјанец, ја загрозил безбедноста на полицискот хеликоптер додека полнел вода за гасење на пожари низ државата
-
Хороскоп1 час
Хороскоп за петок (15 август)
-
Македонија2 дена
Возач во Македонска Каменица, управувајќи возило под дејство на алкохол удрил малолетничка и го напуштил местото
-
Спорт2 дена
Македонската фудбалска репрезентација во Чешка ќе одигра контролен меч против Саудиска Арабија во рамки на ФИФА терминот
-
Временска прогноза16 часа
Сончево и топло, локално можна дестабилизација на времето проследена со краткотраен пороен дожд
-
Технологија2 дена
„Google“ објави нови месечни ажурирања за својот систем за „Android“ уреди, еве што е ново
-
Македонија9 часа
МВР поднесе пријава за лицето кое влечеше куче со возило