Следете не

Автомобили

Возите Bugatti и почна да врне? Нема проблем (ВИДЕО)

Објавено пред

на

Bugatti Mistral е супер скап родстер базиран на Chiron, последниот од благородната лоза W16.

Кога е сончево, уживањето во возење без покрив е загарантирано, но што ако почне да врне? Овој возач импровизираше чадор на неодамнешната Вила д’Есте Concorso d’Eleganza во италијанското езеро Комо, кој добро стои бидејќи е Bugatti.

Од можните решенија, ова изгледа како најдобар избор. Чадорот балансира помеѓу шофершајбната и задниот дел. Возачот оди полека, па нема страв дека ветерот ќе го однесе, пишува Jutarnji.hr.

Mistral е невообичаено тивок. Сигурно не звучи како да е придвижуван од квад-турбо 8.0-литарски W16 со 1600 КС, но една од можностите е дека станува збор за прототип придвижуван од мал електричен мотор. Ова има смисла бидејќи испораките на клиентите започнуваат до 2024 година. Видовме дека Bugatti го користи ова поставување во минатото со изложбениот автомобил La Voiture Noire.

Bugatti го ограничи производството на 99 примероци и ги предпродаде сите пред лансирањето. Секој бил во вредност од 5 милиони евра.

Автомобили

(ВИДЕО) „Tuning Car Show“ во Прилеп доби нова димензија со видеата на тимот од „Autodonia“

Објавено пред

на

©porta.mk

Традиционалниот „Tuning Car Show“ во Прилеп дефинитивно е еден од најпрестижните манифестации за сите љубители на автомобилизмот. На 11-ти октомври традиционално се одржа и овогоднинешното издание под покровителство на Општина Прилеп и останатите спонзори.

Вообичаено забележителни се многу видеографи, доста компании кои овој настан знаат и умеат да го пренесат, но токму нас, впечатлив пренос на овој настан ни остави „Autodonia“. Неуморните дечки на чело со Nenad Kaevik. Дечкото е специјализиран за изработка на визуелно импресивни и високо функционални дигитални решенија. Вистински љубеник на автомобилизмот кој успева на секој битен настан да биде прв.

Во оваа прилика од нашиот медиум упатуваме честитка за успешна работа, а вие не чекате уште веднаш посетете го неговиот бизнис инстаграм профил ТУКА – верувајте има што да видите, за повеќе информации за неговата работа и портфолио погледнете ТУКА

Промо видео од „Tuning Car Show“ – Прилеп:

Прочитај повеќе...

Автомобили

Volvo го прекинува производството на моделот V90 — последниот примерок оди во музеј

Објавено пред

на

Фото: Remy Lovesy @ unsplash
Фото: Remy Lovesy @ unsplash

По девет години и речиси 250.000 произведени примероци, Volvo официјално го прекина производството на моделите V90 и V90 Cross Country. Со тоа, уште еден од најелегантните каравани на пазарот заминува во историјата.

Класата на каравани веќе подолго време полека исчезнува, заменета со SUV модели кои доминираат во продажбата. Според порталот Carscoops, шведскиот производител Volvo Cars го стави крајот на производството на V90 и неговата надградена верзија V90 Cross Country по речиси една деценија на пазарот. Иако оваа одлука беше најавувана веќе неколку години, за многу љубители на класичните каравани ова е тажен момент.

Volvo го лансираше V90 во 2016 година, а дизајнот доби суптилно освежување во 2020 година. И денес, моделот изгледа модерно и префинето, со типичен скандинавски стил. Во текот на својот животен циклус, V90 понуди богата палета на мотори — од 2.0-литарски турбодизел со 148 коњски сили, до турбополнет и компресорски бензинец со 316 КС, па сè до plug-in хибрид со импресивни 455 КС.

Вкупно беа произведени околу 250.000 примероци, а последниот V90 нема да биде ставен во продажба. Наместо тоа, Volvo го додаде во својата колекција Heritage, каде ќе биде изложен во музејот „Светот на Volvo“ (World of Volvo) во Гетеборг. Таму ќе стои рамо до рамо со легендарни модели како Volvo 145, Volvo 960 и Amazon P220.

Судбината на V90 беше неизвесна веќе подолго време. Кон средината на 2023 година, Volvo објави дека ќе ја прекине продажбата на моделите V90, S90, S60 и V60 на британскиот пазар, во рамките на транзицијата кон SUV возила. Сепак, помалку од една година подоцна, поради зголемената побарувачка, компанијата повторно ги врати V60 и V90 во продажба во Велика Британија.

Со престанокот на производството на V90, моделот V60 останува единствениот караван во понудата на Volvo. Но, бидејќи сегашната генерација е на пазарот од 2018 година, не е сигурно колку долго ќе опстои. Се шпекулира дека Volvo би можел целосно да се збогува со караваните по моделската 2026 година, завршувајќи една славна ера што го направи брендот светски препознатлив.

Извор: BUG

Прочитај повеќе...

Автомобили

(ФОТО) Кичево и Бојоски денеска со високо трето место на „авто слалом“ во Прилеп по повод 11-ти Октомври

Објавено пред

на

©porta.mk

Нашиот кичевчанец Кристијан Бојоски го освои високото трето место во класа над 1600 cм³, и четврто место во друга класа на „Авто слалом“ трката денес по повод 11-ти Октомври традиционално во Прилеп – во организација на Авто мото клуб „Автомото Класика“ – Прилеп

Кристијан Бојоски (трето место)

Кристијан Бојоски (трето место)

Повеќе фотографии од овој настан може да download-ирате во продолжение ТУКА, во следните чекори „View content“ > Download (icon). Во оваа прилика им благодариме за официјалната покана до Порта.мк на „Автомото Класика“, се гледаме до година.

И на крај пред претставување на галеријата, оваа прилика ја користиме да го поздравиме со топло добредојде во тимот „Авто шлеп“ – Лони Кичево кој од денес на сите интернационални и домашни натпреварувања ќе го вози модифицираното возило на Кристијан Бојоски!

Мал дел фотографии:

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп14 минути

Хороскоп за четврток (6 ноември)

Овен Стравовите се вовлекоа во твоето срце. Не сте сигурни дали ве сакаат затоа што вредите како личност или затоа...

Социјални мрежи9 часа

Внимавајте, се шири „спам“ порака преку „Viber“, не одговарајте на пораката, бидејќи може да бидете измамени

Предмалку претседателот на комисијата на Агенцијата за електронски комуникации г-дин Орце Симов на својата социјална мрежа предупреди дека се шири...

Фото: Giuseppe Peletti @ unsplash Фото: Giuseppe Peletti @ unsplash
Магазин12 часа

Google тестира нов начин за работа со повеќе апликации на Android таблети

Google започна со тестирање на нова функција што им овозможува на корисниците на Android таблети да отвораат апликации во мали...

Македонија12 часа

Лишени од слобода возачи од Битола и Прилеп, управувале возила со скоро 100 км на час повеќе од дозволеното и под дејство на алкохол

На 04.11.2025 во 16:04 часот на магистралниот пат Битола-Ресен, на место викано Превалец, полициски службеници од СВР Битола го лишија...

Здравје и убавина14 часа

Прескокнување на доручекот на утро не е најдобра работа според експертите, во најмала рака тоа заменете го со чашка вода или парче овошје

Можеби звучи клише, но доручекот и понатаму останува најзначајниот оброк во денот без разлика колку често го заменуваме со шолја...

Временска прогноза15 часа

До петок стабилно и без дожд, потоа нашиот регион ќе биде зафатен со нов влажен воздушен бран кој ќе услови со нови врнежи од дожд

Во Македонија следува преодно стабилизирање на времето. Веќе од петок (7 ноември) па се до понеделник (10 ноември) нашата Македонија...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за среда (5 ноември)

ОВЕН Вашата посветеност на работата на крај ќе се исплати. Може да очекувате поволен период на ова поле. Јавно покажувате...

Хроника1 ден

Д-р Лазаров: Страшна и трагична сообраќајка на Плетвар, внимавајте по патиштата луѓе, две лица загинаа, другите се борат за живот

Две лица го загубија животот, а уште петмина се повредени во тешка сообраќајна несреќа што попладнево се случи во близина...

Спорт1 ден

Во „Лига Ц“, Унгарија, Азербејџан и Андора се противниците на Македонската женска фудбалска репрезентација за квалификациите за светското првенство во Бразил

Во седиштето на УЕФА денес беа извлечени противниците за лигашката фаза од квалификациите за Светското првенство во женски фудбал, кое...

Фото: Steven Ungermann @ unsplash Фото: Steven Ungermann @ unsplash
Lifestyle1 ден

Како брзо да го отпушите одводот без хемикалии: трик со топла вода и течност за садови

Затнатиот одвод е чест проблем во секое домаќинство — водата престанува да се исцедува, а мијалникот почнува да испушта непријатни...

НАЈЧИТАНИ