Временска прогноза
Временска прогноза за од понеделник, ова сигурно не се очекуваше..

Под влијание на влажна и ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНА воздушна маса од север, од понеделник во Македонија ќе дува умерен до ЗАСИЛЕН ветер од северен и од североисточен правец и ќе има врнежи од дожд низ целата држава.
На повеќе места и тоа особено во понеделник попладне и навечер врнежите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ (над 30 л/м2 воден талог).
На планините и на повисоките места во западните предели ќе има врнежи од снег и ќе дојде до формирање на снежна покривка.
Снежната граница особено во западните предели можно е да се спушти до околу, локално и под 1000 м.н.в.
Температурите ПОЗНАЧИТЛНО ќе се намалат (дури и за повеќе од 10 степени во однос на сегашните), и во текот на следната работна недела максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 12 степени во најтоплите југоисточни предели.
НАПОМЕНА: Температурите кои се очекуваат во текот на следната седмица ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОНИСКИ од вообичаените за овој период од годината, и наутро на повеќе места ќе се спуштаат до околу, па и под нулата.
Автор: Славчо Попоски
Временска прогноза
Доаѓа дожд према нашиот регион, ова се последните метео вести

Поради прилив на поладен воздух од север на висина, денес (петок 27 јуни) во попладневните и во вечерните часови во нашата Република Македонија атмосферата значително ќе се дестабилизира. Ќе се создаваат влажни фронтални бранови кои на повеќе места ќе условат развој на грмотевични конвективни облачни јадра од кои очекувам појава на поројни врнежи од дожд, грмежи и силен ветер (над 70 км/час).
Многу поголема нестабилност очекувам во северните, централните , источните и во југоисточните предели од нашата Македонија, па токму во овие предели локално очекувам појава и на бурно невреме проследено со обилен пороен дожд кој може да услови локални поројни поплавувања, олуен ветер, силни и чести електрични празнења, како и со појава на крупен град. Токму поради ова на граѓаните ги советувам да обратат голема внимателност.
И во делови од Скопскиот регион, денес (петок 27 јуни) во попладневните и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, силен ветер (над 70 км/час) и со појава на грмежи. Можна е и појава на силно невреме.
Што се однесува до температурите тие повторно насекаде ќе бидат над 30 степени, на повеќе места тие ќе се искачат и до околу, па и над 35 степени, додека во Повардарието тие ќе достигнат до 40 степени. Меѓутоа, доцна попладне и навечер температурите ќе опаѓаат, со што од север ќе започне да ни се спушта посвежа воздушна маса, вели Славчо Попоски
Временска прогноза
Попоски: Од денес па натаму висок УВ индекс и температури до 40°C

Територијата на нашата Република Македонија од денес (понеделник 23 јуни па се до петок 27 јуни) ќе биде под влијание на засилен топол бран од Африка и истиот ќе услови многу топло и сончево време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Што се однесува до температурите тие ќе бидат многу високи, а особено високи температури ќр имаме од среда до петок кога максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 40 степени.
Во Скопје температурата ќе се искачува до околу 39/40 степени, особено од среда до петок. И во Скопскиот регион ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
УВ ИНДЕКСОТ за време на овој засилен топол бран од Африка ќе има екстремно висока вредност и ќе изнесува коефициент 9. Токму поради ова апелирам граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот, односно од 11 до 17 часот, но и да пијат повеќе течности.
– Барем одсега гледано, освежување на времето, пад на температурите, но и дестабилизирање на атмосферата ќе имаме во петок во попладневните и во вечерните часови кога ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и можност за ново локално невреме, утрово информираше Славчо Попоски
Временска прогноза
Претежно сончево и по свежо на утро со северен ветер

Под влијание на стабилна, сува и посвежа воздушна маса од север, викендов повремено ќе засилува ветерот од северен правец, особено денес (сабота 21 јуни), додека утре (недела 22 јуни) ветерот ќе биде со слаб до умерен интензитет и од променлив правец.
Времето ќе биде претежно сончево со појава на мала локална облачност.
Температурите ќе бидат пониски за разлика од оние кои ги имавме до вчера (петок 20 јуни) и тоа за 3 до 4 степени и максималните дневни температури викендов ќе ни се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени. Во Скопје максималната температура ќе се искачи до околу 31/32 степени.
Наутро пак ќе биде значително посвежо со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 18 степени, предмалку информираше Славчо Попоски
-
Кичево9 часа
Предмалку случена сообраќајка во близина на с.Извор кичевско, правец Кичево-Охрид
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (27 јуни)
-
Македонија12 часа
Од ноќеска цената на дизелот драстично паѓа, еве колку ќе биде литар дизел гориво од полноќ
-
Македонија14 часа
Од 1 јули до крај на месец август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила
-
Временска прогноза8 часа
Доаѓа дожд према нашиот регион, ова се последните метео вести
-
Македонија1 ден
Нов случај на измама: Старица дала огромна сума пари на таканаречен лекар кој и кажал лоша вест за ќерката
-
На денешен ден2 дена
Времеплов: На денешен ден – 26 јуни
-
Македонија14 часа
Целосна забрана за движење во шумите