Временска прогноза
Временска прогноза за оваа седмица, влегуваме ли во период на драстично невообичаено високи температури за овој период?
Во текот на оваа седмица и понатаму нашата територија ќе се наоѓа под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ. Времето ќе биде сончево, повремено со мала локална облачност. Во утринските часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла, додека во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
Наутро ќе биде потопло со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 11 степени, додека максималните дневни и понатаму ќе бидат НЕВООБИЧАНО ВИСОКИ за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 28 степени.
Во Скопје и околината продолжува стабилното, суво и претежно сончево време. Во утринските часови низ котлината ќе има услови за појава на магла додека во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
Наутро температурата ќе се спушта до околу 7 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 24 и 25 степени, за Еспресо вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.
Временска прогноза
Попоски: Врнежите од дожд не престануваат, особено внимание во недела, каде можни се врнежи од снег и на превоите до 1000 нмв.
Под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот и на поладен воздух од север до недела (30 Ноември) во Македонија времето ќе биде облачно и релативно ладно со повремени врнежи од дожд кои повремено ќе бидат обилни и поројни и со услови за локална појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а повремено засилен ветер од северен правец. На планините над 1500 метри надморска височина врнежите ќе бидат од снег и токму на овие места ќе се формира снежна покривка.
И во Скопје и околината продолжува облачното и врнежливо време со повремено обилни врнежи од дожд и со повремено засилен ветер од северен правец.
– Локално до недела (30 Ноември) повторно ќе наврне големо количество на воден талог (нови над 50 литри дожд). Токму поради ова апелирам возачите да внимаваат како управуваат со своите возила и да не се движат покрај водотеците поради опасноста од ново зголемување на нивоата на реките и на езерата кај нас и нови поплавувања.
Поради понатамошно спуштање на ладен воздух од север за време на викендот, особено во недела на 30 ноември врнежи од снег ќе има и на местата под 1000 метри надморска височина а тоа значи дека повремен снег ќе има и во повисоките населени места во Македонија. Викендов и на околните планини во Скопје ќе има повремени врнежи од снег а можност за провејување на снег ќе има и во повисоките предели од котлината.
Температурите особено викендов значително ќе се намалат и ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 11 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачува до околу 7 степени, доцна вечерва информираше Славчо Попоски
Временска прогноза
Од утре повторно нови обилни врнежи од дожд и засилен ветер, снегот ќе биде застапен на повисоките места од државата
Под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот, почнувајќи од утре (вторник 25 ноември) особено навечер и ноќта кон среда па се до сабота претпладне во Република Македонија ќе имаме нови обилни врнежи од дожд проследени со повремено засилен ветер од јужен правец. На планините над 1500 метри надморска височина повремено врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.
Овој циклон на многу места ќе донесе ново големо количество на воден талог (над 30 литри дожд) а значително поголемо количество на врнежи повторно ќе наврне во западните и во југозападните предели (локално над 70 литри дожд).
И во Скопје и околината за време на оваа циклонска активност од Медитеранот ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и поројни и проследени со засилен ветер од јужен правец. Во делови од котлината ќе наврне значително количество на дожд (над 30 литри дожд). Што се однесува до температурите тие ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени а во Скопје и околината таа ќе се искачи до околу 10 степени.
Поради очекуваните нови обилни дождови апелирам особено возачите да бидат крајно внимателни и да не се движат покрај водотеците и тоа поради можноста за ново зголемување на нивоата на реките и на езерата во Македонија а исто така можни се и нови поплавувања, соопшти Славчо Попоски од метеоаларм.
Временска прогноза
Нови врнежи од дожд на планините ќе провејува снег, продор на ладен бран од север може да резултира со снег на превоите
Територијата на Република Македонија останува да биде под влијание на циклонскиот систем од Џенова и на серија на влажни воздушни бранови. Во ваква ситуација од оваа вечер и претстојната ноќ како и утре (петок 21 ноември) и за време на овој викенд ни следуваа нови обилни врнежи од дожд проследини со засилен ветер од јужен правец и со локална појава на грмежи. Локално овие процеси повторно ќе бидат застапени во форма на невреме.
На повеќе места ќе наврне ново големо количество на воден талог (локално нови над 50 литри дожд). Токму поради ова постои можност за нови поплавувања и понатамошно зголемување на нивоата на реките и на езерата во Македонија. На возачите ги советувам да бидат крајно внимателни и да не се движат покрај водотеците.
И во Скопје и околината во погоре споменатиот период ќе имаме нови пообилни врнежи од дожд проследени со засилен јужен ветер а ќе има услови и за локална појава на грмежи. Во делови од котлината повторно ќе наврне позначително количество на воден талог, и тоа нови над 30 литри дожд.
Што се однесува до температурите тие до сабота остануваат да бидат натпросечно високи и без промени во однос на оние температури кои ги имавме изминатите денови и тоа поради јужното воздушно струење.
Продор на ладен бран од север кој значително ќе ги спушти температурите очекувам од недела 23 ноември кога на планините над 1200/1300 метри надморска височина врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег, информираше Славчо Попоски
-
Македонија2 дена„ЛУКОИЛ Македонија“ во своите малопродажни објекти го враќа купувањето со „VISA“ дебитните и кредитни картички, од денес во целосна функционалност може да се користат услугите за плаќање
-
Кичево1 денОВР Кичево поднесе кривична за лице од скопско, најдена банкарска картичка употребил за купување на производи
-
Хороскоп2 денаХороскоп за четврток (27 ноември)
-
Кичево2 часаКичевски „ЈКП Комуналец“ ги засука ракавите за почисто и поубаво Кичево во пресрет на новогодишните празници
-
Временска прогноза2 денаПопоски: Врнежите од дожд не престануваат, особено внимание во недела, каде можни се врнежи од снег и на превоите до 1000 нмв.
-
Хороскоп18 часаХороскоп за петок (28 ноември)
-
Lifestyle1 ден„Travelers Cycling Macedonia“ – Кичево ја лансира првата андроид мобилна апликација за велосипедизам во Македонија
-
Македонија1 денБензините остануваат исто, додека Дизелот од ноќеска со нова намалена цена за литар
