Магазин
WhatsApp добива уште едно подобрување што ќе ги израдува корисниците

Има добри вести за корисниците на WhatsApp, бидејќи популарната апликација конечно поддржува испраќање видеа со висока резолуција.
Поддршката за HD видео полека стигнува до сите корисници, а уредите кои користат оперативни системи iOS и Android ќе ја добијат.
Благодарение на новата функција, корисниците ќе можат да споделуваат видео клипови со резолуција 720p, што е зголемување од претходната опција со само 480p.
За да испратите HD видео, треба да го притиснете новото копче HD на горниот дел од екранот, а потоа да потврдите дали сакате да го споделите видеото во стандарден квалитет или HD, односно резолуција од 480p или 720p. На корисникот ќе му се прикаже и големината на видеото, па тој врз основа на тие информации може да ја избере саканата опција.
Како и со HD фотографиите, сите фотографии и сите видеа, HD клиповите споделени преку WhatsApp се заштитени со end-to-end енкрипција. Примачот на HD видеото ќе ја види ознаката HD на него.
Здравје и убавина
Дали сте знаеле за моќниот домашен еликсир против пролетната поленска кивавица?

Кога ќе дојде пролетта и дрвјата ќе започнаат да расцутуваат, огромен број на луѓе започнуваат да развиваат симптоми на алергија на полен. Ако и на вас ви пречи тоа и постојано ви тече и ве чеша носот, кивате, кашлате… пробајте го овој едноставен, а моќен еликсир кој ќе ве ослободи од маките.
Од алергија на полен страдаат многу лица. Станува збор за непријатна појава која неретко бара консумирање на антихистаминатици и други лекови против алергија.
Сепак, пред да посегнете по хемиските препарати, пробајте го овој народен рецепт за напиток кој помага во ублажувањето на симптомите.
Состојки:
1 среден морков
2 големи портокали
½ краставица
5-10 листови нане
20 гр свеж корен од ѓумбир
Подготовка:
Измијте го и излупете го овошјето. Исецкајте ги сите состојки и ставете ги во блендер. Вклучете го блендерот и добро измешајте ги сите состојки, а листовите од нане додадете ги на крајот.
Како да го консумирате
Доволната количина од овој напиток е една чаша дневно која треба да се испие наутро, пред појадокот.
Овој лековит напиток ќе го зајакне вашиот имунитет па се препорачува и за оние кои не страдаат од сезонските алергии.
Како делува: Портокалите ќе го заштитат вашиот имунолошки систем бидејќи се одличен извор на витамин Ц. Нането е одличен природен инхалатор за респираторниот систем, кој по правило, најмногу страда кога ќе дојде пролетта. Ѓумбирот ја намалува главоболката која настанува како последица од зачестеното кивање, а исто така е и моќен антиоксидант.
/denar.mk
Хороскоп
Хороскоп за недела (9 март)

Овен
Успевате да ги решите сите проблеми кои ве оптоваруваа изминатиот период. Денеска ќе се чувствувате многу подобро.
Имате потреба отворено да разговарате со саканата личност за работите кои долго ги држевте во себе.
Проблеми со нозете.
Бик
Не е претерано поволен ден за нови вложувања, кредити, позајмици или други финансиски одлуки.
Ви годи вниманието кое го добивате од личноста која долго време се труди да ви се приближи.
Посетете лекар за рутинска контрола.
Близнаци
Задоволни сте од околностите на ова поле. Остваривте стабилност кон која тежнеевте и добро се чувствувате поради тоа.
Ве очекува интересна средба со личност која искрено ви значи.
Потребно е да внесувате повеќе течности.
Рак
Одлучни сте и подготвени да ги покажете способностите во најдобро светло. Сакате унапредување.
Сакате стабилност во врската. Подготвени сте за важни одлуки.
Би ви годела масажа и опуштање.
Лав
Во себе имате мир, самодоверба и добро се чувствувате. Пред вас е поволен период да донесете важни одлуки на ова поле.
Можна е минлива авантура, но денешниот ден генерално не е поволен за сериозна врска.
Многу сте чувствителни.
Девица
Можно е и самите да не сте сигурни во која насока би требало да одите. Имате голема дилема кога станува збор за работата.
Можете да очекувате позитивна ситуација со саканата личност, но некои ситници ви ја нарушуваат убавата атмосфера.
Ви недостасува сон.
Вага
Можете да се надевате на остварување позитивни промени на полето на работата. Пред вас е поволен ден.
Спонтано доаѓате до ново познанство кое многу ќе ви годи.
Напнати сте.
Шкорпија
Чекате нова шанса за важни работи. Подготвени сте да се посветите максимално на работата.
Ви се допаѓа личност со која на прв поглед немате ништо заедничко, но ве спојува некоја необична енергија.
Тахикардија.
Стрелец
Пред вас е можност да се занимавате со некои работи кои одамна сте требале да ги завршите.
Ве очекуваат убави моменти со саканата личност. Ако сте слободни, ве очекува интересен флерт.
Избегнувајте стресни околности.
Јарец
Можно е вашата стабилност да биде загрозена на некаков начин. Тоа ќе ви донесе голем стрес.
Имате впечаток дека саканата личност ви внесува притисок во животот. Не сте подготвени да и се посветите и да ги менувате своите навики.
Можна е главоболка.
Водолија
Ако соработувате со личност родена во земјен знак, во текот на денешниот ден ќе имате мали проблеми.
Имате стабилен однос со саканата личност и поради тоа сте заодоволни. Не ве очекуваат големи промени.
Можни се проблеми со кичмата.
Риби
Дружењето со колегите ви носи нови идеи за работа.
Ве очекува средба со личност која на прв поглед делува малку дистанцирано.
Здравјето е без проблеми.
Здравје и убавина
Следните седум работи кај луѓето, ја уништуваат убавината на забите

На забите штетно влијаат црвеното вино, кафето, чајот и секако цигарите. За тоа сигурно дека сте свесни, но некои штетни навики поминуваат незабележано. Ова се едни од најраспространетите:
1. Грицкањето мраз– Природен е и без шеќер, но мразот може да предизвика пукање на забната глеѓ. Со ова се предизвикува иритација на мекото ткиво во внатрешноста на забите и со тоа се создава забоболка.
2.Пирсинг на јазикот– Kул е , меѓутоа доволно е јасно зошто на јазиот и устата не треба да имате метални украси- ги оштетуваат забите, ги иритираат и непцата кои можат да се воспалат, а може да дојде и до губиток на заби. Освен тоа, устата е поволно место за развој на бактерии, а пирсингот го зголемува ризикот од инфекции.
3.Гумени и други бонбони ( дури и оние за грло)– Гумените и другите слатки купени во продавница се сомнителни, а оние, купените во аптека се безопасни за забите? Бактерискиот биофилм на забите го претвара остатокот од шеќер во киселина која ја оштетува забната глеѓ. Ако не можете без слатки, јадете ги со поголем оброк, кога се лачи повеќе плунка.
4.Засладени пијалоци ( газирани и негазирани)- Л именка газиран пијалок содржи до 11 лажици шеќер, а тука се и киселините кои ја оштетуваат глеѓта. Диеталните верзии можеби немаат толку шеќер, но затоа количините на киселини во облик на вештачки засладувачи се многу поголеми. И овошните сокови се опасни, бидејќи со витамините и антиоксидансите содржат и шеќерни адитиви. Купувајте природни сокови или разредете ги со вода.
5.Чипс- Бактериите во устата го разградуваат и скробот од чипсот. Киселината, според тоа може да ја загризат глеѓта долги 20 минути а и подолго, ако парчиња храна се заглавени во забите. Користете забен конец.
6.Отварање предмети со забите– необично, но многу луѓе разни пакувања, па дури и шишиња ги отвараат со забите. Не користете ги забите како алатка, не можете толку едноставно да ги купите како ножици или отварач за шише.
7.Гризење молив– Како и грицкањето мраз, и оваа навика може да предизвика оштетување на забите. Ако веќе имате потреба за џвакање, истото сторете го со гума за џвакање.
-
Хороскоп14 часа
Хороскоп за недела (9 март)
-
Хроника21 час
Трагична сообраќајна несреќа го потресе Охрид пладнево, загина млад мотоциклист на регионалниот пат Охрид – Св.Наум
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за сабота (8 март)
-
Здравје и убавина17 часа
Следните седум работи кај луѓето, ја уништуваат убавината на забите
-
Магазин1 ден
Денес е 8-ми март, меѓународниот ден на жената. Со најубава порака покажете го вашето внимание. Честит празник дами!
-
Здравје и убавина1 ден
Магнезиумот е доста важен за здравјето на кардиоваскуларниот систем
-
Здравје и убавина38 минути
Дали сте знаеле за моќниот домашен еликсир против пролетната поленска кивавица?