Следете не

Магазин

Windows 11 станува сè попопуларен

Објавено пред

на

Зголеменото прифаќање на новиот оперативен систем е позитивен сигнал за Microsoft, кој конечно добива сериозно внимание на пазарот со Windows 11, речиси три години по неговото првично објавување. Според најновите податоци на StatCounter, Windows 11 достигна рекорден удел на пазарот од 35,55% во октомври 2024 година, што претставува раст од 2,13% споредено со претходниот месец.

Како што Windows 11 станува сè попопуларен, Windows 10 забележува пропорционално намалување на бројот на корисници. Постариот оперативен систем сега опфаќа 60,95% од сите корисници на Windows, што е намалување од 1,8% од претходниот месец. Во меѓувреме, Windows 7, и покрај завршената поддршка, и натаму држи мала, но стабилна корисничка база од 2,62%.

Неколку фактори придонесуваат за забрзано усвојување на Windows 11. Како што постариот хардвер се приближува до крајот на својот животен век, корисниците сè повеќе се одлучуваат за нови уреди со претходно инсталиран Windows 11. Покрај тоа, крајот на поддршката за Windows 10, закажан за октомври 2025 година, поттикнува и индивидуални корисници и бизниси да размислат за навремена надградба.

Microsoft исто така активно го промовира Windows 11, истакнувајќи ги подобрените безбедносни карактеристики, повисоките перформанси и интеграцијата со вештачката интелигенција. Воведувањето на Copilot, кој овозможува попаметни и поефикасни функции, се наметна како клучна продажна точка за новиот оперативен систем.

Извор: B92

Хороскоп

Хороскоп за сабота (29 март)

Објавено пред

на

ОВЕН
Полни сте со ентузијазам и со многу оптимизам се фокусирате на деловните обврски. Љубовта ви е во мислите но никому не сакате да му покажете во колкава мера сте емоционално заинтересирани. Во тек е период поволен за проблеми со алергиите.

БИК
Не успевате да пронајдете заеднички јазик со деловните партнери. Имате големи очекувања кога е љубовта во прашање и на другата половина и упатувате нежни зборови и романтични пораки. Што се однесува до здравјето, се чувствувате одлично.

БЛИЗНАЦИ
Незадоволството од работата е на врвот и размислувате за оставка. Во емоционална смисла сте импулсивни и склони да направите проблем кај партнерот. На здравствено поле ве очекуваат проблеми со елиминаторниот систем.

РАК
Полни сте со оптимизам и се соочувате со самодоверба со старите деловни проблеми. Во емотивна смисла сте паднале и не гледате излез од ситуациајта. Во физичка смисла сте мрзеливи и тоа го зема здравствениот данок.

ЛАВ
Деловните проблеми ги чувствувате претешки и тешко решиви дури и за вас. Емоционално сте затворени а партнерот се обидува да ве наведе на отворен разговор. Во физичка смисла чувствувате недостаток на сила и волја да се движите.

ДЕВИЦА
Денешниот ден не е идеален за вас. Исклучително сте незадоволни и нервозни поради лошите финансии. Во емоционална смисла сте неисполнети, безволни ии немате желба за да се социјализирате. Ви годи самотијата. Здравјето е солидно.

ВАГА
Работата ви оди добро и задоволни сте од деловната ситуација. Во емоционална смисла не сте опуштени и имате проблем со импулсивноста и често се расправате со партнерот. Внимавајте што јадете. Храната нема да ви годи.

ШКОРПИЈА
На деловно поле сте тотално демотивирани и без самодоверба. Партнерката ви пружи прилична доза на разбирање и поддршка што се однесува до тоа да се чувствувате подобро. Склони сте кон хронична мигрена.

СТРЕЛЕЦ
Немате поволно размислување за колегите и тоа го покажувате на отворен и надмен начин. Љубовта е во фаза на стагнација и имате чувство дека ви стигнува наплата за грешките од минатото. Во физичка смисла се чувствувате силно и добро.

ЈАРЕЦ
Ја користите изреката „Убавиот збор железни врати отвора“ и на тој начин ги постигнувате сите деловни цели. Денес ќе добиете прилика да остварите љубовна авантура. Здравјето ви е добро. Се чувствувате младо и убаво.

ВОДОЛИЈА
Вредни сте, организрани и со многу успех ги извршувате деловните обврски. Лебдите на крилјата на љубовта и интензивно комуницирате со партнерката. Можни се проблеми со несоница така што тешко ќе заспиете.

РИБИ
Работата ве инспирира и сите обврски ги одработувате квалитетно, одговорно и без застој. Чувствувате емоционална сигурност што ви годи и ви дава чувство на моќ. На здравствено поле можен е хормонален дизбаланс.

Прочитај повеќе...

Магазин

„Евротип“ на вработени од Кичево, Битола, Прилеп и Кавадарци им додели награди по повод нивниот 10 годишен работен јубилеј

Објавено пред

на

©Евротип

„Евротип“ компанијата која успешно опстојува на пазарот веќе 10 години и е дел од „КС Групацијата“ започна со доделување на јубилејни награди за своите вработени. Лојалноста и посветеноста на вработените се непроценливо богатство за секоја компанија, а „Евротип“ може да се пофали со голем број вработени кои ја градат својата кариера во компанијата и придонесуваат за нејзин раст и развој.

Во текот на месец март претставници од менаџерскиот тим на компанијата организирано ги посетија организационите единици во Прилеп, Битола, Кичево и Кавадарци во кои имаат вработени со 10 годишен стаж. Десет години лојалност и посветеност кон компанијата не е само број туку вистински израз на приврзаност на вработените кон самата компанија.

На вработените:

КичевоМаријана Данилоска, Снежана Николоска и Николина Панделеска
ПрилепВлатко Стојаноски, Николина Ѓоргиеска, Грозданка Мазароска, Драгиш Димоски, Љупка Коста, Деан Наумоски, Анета Талеска и Јасмина Јошеска,
БитолаДаниела Тодорова, Светлана Митровска, Ана Митковска и Билјана Зајковска,
КавадарциПавлинка Димова и Пенелопи Гурева, кои се дел од компанијата од нејзиниот почеток „Евротип“ им додели плакети, парични награди и вредносни ваучери кои можат да ги искористат во „Голд Фелициа“, „ЈК Травел“ или „Минт ИНС“, како знак на благодарност за нивната посветена работа и вложен труд во деловниот процес на компаниското работење.

– Вработените се лицето на компанијата кое е видливо за клиентите и надворешниот свет. Ниту една компанија не би можела да опстои на пазарот без вработени кои веруваат во вредностите на компанијата.

„Евротип“ како општествено одговорна компанија исто како и останатите компании од „КС Групацијата“ – „Голд Слот“, „Голд Фелициа“, „Премиум Сејфти Солушн“, „77 Ентертејмент и 77 Софт“ ги цени и вреднува своите вработени. Нивната посветеност, лојалност, професионализам и ентузијазам се вредности кои го прават нашиот тим посилен и поуспешен.

„Евротип“ им честита за јубилејните награди на своите вработени, им се заблагодарува за нивниот придонес кон работата и им посакува уште долги години на соработка и заеднички раст.

Галерија од настанот:

/ПР

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Хороскоп за петок (28 март)

Објавено пред

на

ОВЕН

За сите личности родени во овој знак кои се занимаваат со приватен бизнис, денешниот ден значи можност за остварување на поголема заработка. Подготвени сте за важни одлуки и сериозно ја планирате иднината на љубовно поле. Добро се чувствувате.

БИК

Дојдовте до презаситување од секојдневието на работното место, а се плашите да ја напуштите работата. Може да очекувате да запознаете личност родена во вашиот знак и дека ќе остварите добра комуникација. Синусите ви се чувствителни.

БЛИЗНАЦИ

Задоволни сте од моменталната ситуација на работното место, особено кога станува збор за финансиите. Долго работевте за да уживате во она што сте го постигнале. Не ве очекуваат турбулентни случувања на емотивно поле. Внимавајте на хормоните.

РАК

Големите очекувања неизбежно ве водат кон разочарување. Обидете се пореално да ги разберете околностите во кои се наоѓате. Толку сте заљубени во својот партнер што сте подготвени потполно да се промените. Проблеми со мигрена.

ЛАВ

Ова е погрешен момент да се залетувате кон нови предизвици. Најдобро е некои планови да ги одложите за друг пат. Многу ви се допаѓа една личност која кон вас не покажува интерес. Проблеми со циркулација.

ДЕВИЦА

Конечно дојде време за некои позитивни промени. Можеби ќе добиете помош во решавањето на своите проблеми на неочекуван начин. Една силна личност полна со самодоверба ќе покаже интересирање. Добро се чувствувате денес.

ВАГА

Полека доаѓате до унапредувањето на работното место кое го очекувавте. Продолжете да се трудите уште неколку месеци и ќе дојдете до својата цел. Сакате да влезете во врска која е стабилна и јавна. Потребна ви е масажа.

ШКОРПИЈА

Денес ќе имате многу работа, но и многу енергија, па поради тоа денот ќе помине активно и успешно. Уживате во флерт и кратки авантури. Не сте расположени да се врзете сѐ уште. Спортувајте.

СТРЕЛЕЦ

Денес ве очекува напната атмосфера на работа и недоразбирања со блиските соработници. Не избувнувајте! Одлучивте повеќе да не го криете своето незадоволство и сериозно да поразговарате со партнерот. Главоболка.

ЈАРЕЦ

Подготвени сте за големи промени и активно го иницирате нивниот почеток. Имате чувство како предолго да сте трпеле нешто што не ви одговара. Помеѓу вас и личноста која ви се допаѓа стојат бројни препреки. Потребна ви е масажа.

ВОДОЛИЈА

Се наоѓате на раскрсница кога станува збор за кариерата и свесни сте на сите предности и маани на опциите. Ќе поминете убав ден со саканата личност исполнет со убави моменти кој долго ќе го паметите. Водете сметка за црниот дроб и бубрезите.

РИБИ

Денешниот ден не ви носи никакви промени. Обидете се да ги намалите своите очекувања и прифатете ја моменталната ситуација. Саканата личност покажува голема недоверба кон вас и поради тоа секогаш ве ограничува. Вознемирени сте и под стрес.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Временска прогноза2 часа

Викендов невреме проследено со дожд и грмежи – ова се последните информации

За време викендов нашата територија  и понатаму ќе биде под влијание на влажен воздушен бран од југозапад. Во ваква ситуација...

Хороскоп11 часа

Хороскоп за сабота (29 март)

ОВЕН Полни сте со ентузијазам и со многу оптимизам се фокусирате на деловните обврски. Љубовта ви е во мислите но...

Спорт13 часа

Фудбалерките на Македонија до 19 на почеток од април ќе отпатуваат на квалификациски турнир во Хрватска

Женската репрезентација на Македонија до 19 години во периодот од 1 до 7 април ќе учествува на квалификацискиот турнир од...

Скопје18 часа

И за утре најавен посебен сообраќаен режим во Скопје поради протест во централното градско подрачје

СВР Скопје ги известува граѓаните дека утре (29.03.2025) со почеток од 11.00 часот поради одржување на протест пред Собрание на...

Македонија18 часа

Кривична пријава против полициски службеник од Свети Николе, упатувал закани на командир на полициска станица

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до надлежното Основно јавно обвинителство Свети...

Македонија18 часа

Расчистено кривично дело изнуда во Прилеп, поднесена кривична пријава против три лица и определен им е притвор

На 26.03.2025 во 20.40 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Р.Р.(53) од Прилеп поради...

Магазин19 часа

„Евротип“ на вработени од Кичево, Битола, Прилеп и Кавадарци им додели награди по повод нивниот 10 годишен работен јубилеј

„Евротип“ компанијата која успешно опстојува на пазарот веќе 10 години и е дел од „КС Групацијата“ започна со доделување на...

Кичево23 часа

Вечерва во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево ќе се одржи детската претстава „Рибарот и златната рипка“

Ве известуваме за радост на нашите најмили и најмали во организација на кичевскиот Хор „Митрополит Козма Пречистански“ организира популарна детска...

Спорт24 часа

Омерагиќ: „Додека сум јас претседател на ФФМ, нема да има поделби по етничка припадност во фудбалот“

Додека сум јас претседател на ФФМ нема да има поделби во фудбалот на македонци, албанци, турци, поделба по етничка припадност...

Скопје1 ден

Лишени од слобода двајца возачи кои со возила удрија пешаци во Скопје, возилата одземени

Полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.С.(45) од Скопје, затоа што на 27.03.2025  околу 21.50 часот во...

НАЈЧИТАНИ