Следете не

Магазин

Xiaomi најмногу профитираше од падот на продажбата на iPhone во Кина

Објавено пред

на

По падот на побарувачката за телефоните на Apple, Huawei направи силен нов упад на домашниот пазар. Сепак, се чини дека најголема корист има Xiaomi, која од моментот бележи голем пораст на продажбата на кинескиот пазар.

Компанијата достигна пазарна вредност од 20 милијарди долари во продажба во Кина, што е зголемување на продажбата за 60 отсто од година во година. Оваа вредност не ги вклучува само мобилните телефони, туку и домашните апарати, како и електричните возила.

Други кинески производители на Android телефони исто така го искористија падот на продажбата на iPhone во таа земја. Сепак, според Counterpoint Research, Xiaomi е единствениот ТОП 5 производител на телефони кој доживеа раст на продажбата во третиот квартал во однос на истиот квартал од претходната година, што успеа да ја зајакне својата позиција на најголемите пазари – Кина и Индија.

Извор: GizmoChina

Хороскоп

Хороскоп за сабота (28 декември)

Објавено пред

на

ОВЕН

Можеби немате веќе нови идеи и тешко ви е да имате позитивни мисли кога станува збор за работата. Мора да поработите на комуникацијата со личноста која ви се допаѓа. Водете сметка за очите.

БИК

Можеби ќе посакате да го напуштите моменталното работно место. Имате потреба да направите поголеми промени. Имате впечаток дека со саканата личност не е сѐ она како што било порано и размислувате за прекинување на врската. Респираторни инфекции.

БЛИЗНАЦИ

Променливата состојба на финансиско поле ви внесува чувство на несигурност. Ќе направите сѐ што е во ваша моќ да ја стабилизирате. Може да и верувате на саканата личност. Таа ви е максимално посветена и ве сака. Проблеми со вртоглавица.

РАК

Имате сѐ она што ви е потребно за да започнете нов бизнис. Ситуацијата на емотивно поле не ви одговара и може да се каже дека сте прилично разочарани. Добро се чувствувате и немате проблеми со здравјето.

ЛАВ

Ако се потпрете на соработниците повеќе отколку што треба, можно е да се разочарате. Обрнете внимание на новите познаници. Некој од нив може да биде добар избор за љубовна врска. Проблеми со бубрезите.

ДЕВИЦА

Во претходниот период имавте многу проблеми, но сепак успеавте сите да ги решите навреме. Вашата врска со саканата личност полека напредува во посакуваниот правец. Можни се многу нови пресврти. Намалете го внесувањето на слатки.

ВАГА

Чувствувате голем притисок на деловно поле и не ви е лесно да се носите со него. Доколку и ги покажете искрените емоции на саканата личност, вашиот однос може да биде многу подобар отколку што е сега. Чувајте ги забите.

ШКОРПИЈА

Моментално деловниот успех ви е особено важен и ќе направите сѐ што можете за да дојдете до него. Свесни сте дека љубовта поминува и дека односот со партнерот порано или подоцна мора да се одржува на некој вид компромис. Вкочанет грб.

СТРЕЛЕЦ

Покажувате подготвеност да започнете промени на деловно поле иако тие носат ризик со себе. Знаете дека ви е потребна сериозна врска, но не можете да најдете партнер со кој ќе успеете да ја остварите. избегнувајте алкохол.

ЈАРЕЦ

Подгответе се за промени на работно поле. Важно е во секоја ситуација да верувате во себе. Личноста која ви се допаѓа буди во вас нови емоции и убаво ви е кога сте покрај неа. Потребен ви е сон.

ВОДОЛИЈА

Ви се укажува нова можност на работно поле која може да биде добра за вас. Во периодот кој ви претстои ќе имате многу несогласувања со саканата личност. Нервната напнатост е нагласена кај вас.

РИБИ

Доаѓате до нови идеи, креативноста ви е денес нагласена и посветете се на тоа. Го променивте мислењето за саканата личност и може да добиете желба да ја прекинете врската. Имате многу енергија во себе.

Прочитај повеќе...

Технологија

Гигантот „Apple“ се приближува до вредноста од 4 трилиони долари

Објавено пред

на

Пазарната вредност на Apple се приближува до бројката од 4 трилиони долари. Според најновото пазарно вреднување, Apple се приближува до вредноста од 4 трилиони долари. На растот на вредноста на оваа компанија во голема мера влијаеше развојот на вештачката интелигенција и нејзиниот висок потенцијал.

Од ноември годинава до денеска акциите на компанијата Apple се зголемени за 16%, што е дополнителни 500 милијарди долари во однос на пазарната вредност. Благодарение на овој раст, Apple ги надмина своите најголеми ривали: Nvidia и Microsoft.

Во последниве месеци, Apple се соочи со многу критики за одложената интеграција на вештачката интелигенција. Откако Apple го вклучи OpenAI ChatGPT во својот систем, вредноста на оваа компанија вртоглаво расте. Инвеститорите во моментов се тркаат за финансирање на оваа компанија.

Аналитичарите предвидуваат дека приходите, кои се разнишани од послабата продажба на iPhone, ќе закрепнат во текот на следната година. Бројни аналитичари укажуваат дека геополитичките и економските ризици нема многу да влијаат на популарноста и растот на оваа компанија. Се чини дека инвеститорите се согласуваат со ваквите предвидувања, барем засега, пренесува ghanaweb.live

Прочитај повеќе...

Социјални мрежи

„TikTok“ се соочува пред забрана во САД доколку „ByteDance“ не ја продаде мрежата до јануари 2025 година

Објавено пред

на

Американскиот Конгрес во април усвои закон со кој се бара ByteDance, кинескиот сопственик на TikTok, да ја продаде популарната апликација до 19 јануари 2025 година или ќе се соочи со забрана за влез во Соединетите држави. Одлуката, заснована на наводите за закани по националната безбедност, вклучува и апликации контролирани од „странски непријатели“ како Русија, Кина, Иран и Северна Кореја, што отвора можност за проширување на правниот дофат.

TikTok, заедно со група креатори на содржини, го оспорува законот на суд, тврдејќи дека го прекршува правото на слободен говор загарантирано со Првиот амандман. Случајот се разгледува директно пред Апелациониот суд за округот Колумбија, кој неодамна го потврди законот, оправдувајќи го како неопходен за заштита на националната безбедност.

Врховниот суд се согласи да ги сослуша аргументите на 10 јануари, само девет дена пред крајниот рок за продажба на апликацијата. Одлуката на судот може да ја одреди судбината на TikTok во САД и да влијае на тоа како властите ги балансираат прашањата за националната безбедност и уставните права на граѓаните.

Што е следно за TikTok и корисниците?
Ако законот остане во сила, TikTok ќе мора да ги продаде своите операции во САД или да престане да работи во САД. Иако законот дозволува продолжување од 90 дена, продажбата е сложен процес. Прашањето е што точно се продава – алгоритми, податоци или бренд – и дали американските власти ќе ги одобрат предложените услови за продажба.

Новиот претседател Доналд Трамп, кој вети дека ќе го „спаси TikTok“, би можел формално да го продолжи рокот или да не примени санкции, но законот го обврзува да го задржи TikTok под истите услови. Конечната одлука е на Конгресот, кој ќе треба да го укине законот за целосно отстранување на забраната.

Законот забранува „дистрибуција, одржување или ажурирање“ на апликацијата, што значи дека платформите како App Store на Apple и Google Play ќе мора да го отстранат TikTok од нивните продавници. Постојните корисници би можеле да продолжат да ја користат апликацијата некое време, но без ажурирања, што постепено би ја деградирало функционалноста на апликацијата.

Многу корисници може да се обидат да ја заобиколат забраната со користење на VPN услуги за пристап до TikTok како да се во земја каде што тоа не е забрането. Сепак, таквите обиди нема да ги решат основните предизвици со функционалните и безбедносните ажурирања.

Без оглед на судбината на TikTok, законот поставува преседан за идните владини интервенции во дигиталниот простор. Прашањето за контрола на апликациите и слободниот пазар во индустријата за апликации може да има долгорочни импликации за слободата на говорот, приватноста и регулацијата на технолошкиот сектор.

Корисниците на TikTok во САД, соочени со неизвесност, можеби ќе продолжат да ја користат апликацијата додека можат, но иднината на платформата – и нејзиното влијание врз глобалната дигитална култура – остануваат во рацете на американските судови и политички лидери, пишува TheDispatch.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп13 часа

Хороскоп за сабота (28 декември)

ОВЕН Можеби немате веќе нови идеи и тешко ви е да имате позитивни мисли кога станува збор за работата. Мора...

Технологија20 часа

Гигантот „Apple“ се приближува до вредноста од 4 трилиони долари

Пазарната вредност на Apple се приближува до бројката од 4 трилиони долари. Според најновото пазарно вреднување, Apple се приближува до...

Социјални мрежи20 часа

„TikTok“ се соочува пред забрана во САД доколку „ByteDance“ не ја продаде мрежата до јануари 2025 година

Американскиот Конгрес во април усвои закон со кој се бара ByteDance, кинескиот сопственик на TikTok, да ја продаде популарната апликација...

Временска прогноза1 ден

Ведро и студено за Новогодишната ноќ, еве какво време ќе имаме деновиве

За новогодишната ноќ, односно ноќта вторник кон среда 31 Декември 2024, кон 1 Јануари 2025 година, и во среда на...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за петок (27 декември)

ОВЕН Ќе бидете склони да се за inубите оваа недела. Важно е да ја оставите гордоста настрана и да и...

Македонија2 дена

МВР истакна нова дигитална услуга, ќе може да се издава уверение за државјанство онлајн, односно преку националниот портал за „услуги/uslugi“

Министерството за внатрешни работи денес ја промовираше наградената услуга за електронско издавање на уверение за државјанство која е достапна преку...

Lifestyle2 дена

Една недела вода со лимон: Придобивките што не ги очекувавте

Докторката Патриша Варакало од порталот Thehealthy.com одлучила да направи експеримент и да пие вода со лимон секој ден една недела....

Култура2 дена

Читателите одлучија: „Сам дома“ е најдобриот божиќен филм на сите времиња

Божиќните празници се идеално време за уживање во омилените филмски класици. Дури и ако сме ги гледале десетици пати, тие...

Lifestyle2 дена

Чаеви што го олеснуваат дишењето и ја зголемуваат виталноста

Неколку видови чаеви можат да го олеснат дишењето и да ги заштитат белите дробови од штетните ефекти на загадувањето. Овие...

Lifestyle2 дена

Кога е премногу ладно за прошетка со кучето?

Со доаѓањето на студените зимски денови, сопствениците на кучиња често се прашуваат колку ниски температури можат да издржат нивните крзнени...

НАЈЧИТАНИ