Свет
YouTube ја послуша кинеската влада и ја блокира протестната песна од Хонг Конг

Одлуката доаѓа откако судот ја забрани протестната песна „Слава на Хонг Конг“, која владата ја означи како закана за националната безбедност.
– „Ние сме разочарани од одлуката на Судот, но ја почитуваме неговата наредба за отстранување. Ќе продолжиме да ги разгледуваме нашите опции за жалба, за да го промовираме пристапот до информации“, соопшти YouTube.
Гардијан наведува дека од Alphabet, која е сопственик на YouTube, им било кажано дека блокадата ќе стапи на сила веднаш и дека тие ја споделуваат загриженоста на групите за човекови права дека тоа може да биде штетно за слободата на Интернет.
YouTube соопшти дека Google повеќе нема да прикажува линкови до овие видеа, а веќе има извештаи дека корисниците добиваат известувања дека „содржината е недостапна поради судски налог“, пренесува b92.net
Свет
Најголемото парче од планетата Марс на Земјата продадено преку аукција за рекордни 5,3 милиони долари!

Најголемиот досега познат марсовски метеорит што стигнал до Земјата е продаден на аукција во Њујорк за импресивни 5,3 милиони долари. Оваа вонземска карпа, тешка 25 килограми, била откриена минатата година во пустината Сахара во Нигер. Научниците сметаат дека парчето било исфрлено од Марс по силен удар со астероид.
Метеоритот, означен како NWA 16788, е околу 70% поголем од кој било друг познат метеорит од Марс. Неговите димензии изнесуваат приближно 38 x 28 x 15 сантиметри, а пред да биде продаден, бил изложен во Италијанската вселенска агенција во Рим.
Иако почетната проценка на вредноста се движела помеѓу 2 и 4 милиони долари, интересот кај купувачите нагло пораснал, па по неколку понуди, цената достигнала 5,3 милиони долари. Името на купувачот останува непознато.
На Земјата постојат помалку од 400 потврдени примероци од Марс, а овој метеорит самостојно претставува околу 7% од вкупниот познат марсовски материјал. Ваквите примероци се од огромна научна и културна вредност и служат како потсетник за поврзаноста на нашата планета со останатите небески тела – дури и кога тие доаѓаат од 225 милиони километри далечина.
Извор: kosmickiglasnik.rs
Свет
Маск: „SpaceX“ нема да го повлече својот вселенски брод „Dragon“

Илон Маск објави дека неговата ракетна компанија SpaceX нема да го повлече својот вселенски брод „Драгон“. Иако само неколку часа претходно тој изјави спротивното, дека авионот ќе биде повлечен од оперативна употреба.
Оваа ненадејна промена на ставот доаѓа во време на ескалација на јавниот конфликт меѓу Маск и претседателот на САД, Доналд Трамп. Конфликтот се засили во последните денови со размена на остри коментари на социјалните мрежи и изјави во медиумите.
Маск не ги објасни детално причините поради кои одлучил да ја промени претходната одлука. Сепак, постојат шпекулации од кругови блиски до компанијата дека моменталната политичка ситуација и потенцијалното влијание врз договорите со американската влада би можеле да играат клучна улога.
Вселенскиот брод „Драгон“, кој се користи за транспорт на товар и астронаути до Меѓународната вселенска станица, останува дел од вселенската програма на „Спејс Екс“.
Извор: phys.org
Свет
Ноќеска во Грција регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала

Во раните утрински часови, во 3:06 по локално време, во областа на Коринтскиот Залив во Грција бил забележан земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала, информира Атинскиот геодинамички институт.
Според информациите од институтот, епицентарот се наоѓал на 13 километри југоисточно од градот Галаксиди, а потресот бил на длабочина од 13,5 километри.
Коринтскиот Залив е познат како подрачје со висока сеизмичка активност, каде често се случуваат земјотреси, пишува „Катимерини“.
On 2025-05-27, at 00:06:31 (UTC), there was an earthquake around 13 km S of Antikyra, Greece. The depth of the hypocenter is about 10.0km, and the magnitude of the earthquake is estimated to be about 5.0.https://t.co/hFZ2S358qV pic.twitter.com/9qHxtoNxGu
— World EQ Locator (@WorldEQLocator) May 27, 2025
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за среда (6 август)
-
Хороскоп5 часа
Хороскоп за четврток (7 август)
-
Македонија2 дена
ОВР Македонски Брод санкционира пијан возач, управувал возило со 2,39 промили среде бел ден
-
Временска прогноза1 ден
Пред нас многу сонце и значително потопло време, сѐ враќаат летните температури
-
Lifestyle2 дена
Кога е најдобро да го јадете првиот оброк ако сакате да ослабете
-
Македонија14 часа
МВР најстрого ќе го санкционира говорот на омраза, само за спортското навивање има место на трибините
-
Lifestyle2 дена
Домашни тортиљи со само две главни состојки
-
Магазин2 дена
Јутјубер во живо го тестира издржливоста на Galaxy Z Fold 7 преклопувајќи го 200.000 пати