Македонија
За еден викенд МВР изрече 1603 платни налози на возачи кои сториле прекршоци
Во текот на изминатиот викенд (22/23.03.2025) како резултат на сообраќајните контроли што ги спроведуваат полициски службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, беа издадени вкупно 1603 платни налози по основ на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила.
Притоа, во рамки на контролите, согласно статистичките податоци по основ на пречекорување на брзината на движење евидентирани се 818 прекршоци, а по основ на непрописното паркирање 177. Исто така во посочениот период, регистрирани се 138 прекршоците по основ на непоседување на возачка дозвола, потоа за некористење на сигурносен појас изречени се 95 санкции и уште 30 прекршоци за неносење заштитна кацига, како и 45 прекршоци за користење на мобилен телефон при возење.
Покрај ова во текот на викендот беа регистрирани 36 случаи на возачи кои што управувале под дејство на алкохол, деветмина минале на црвено светло, а евидентирани се и 14 прекршоци на пешаци. Согласно, пак, Законот од сообраќај биле исклучени 47 возила од кои 36 заради тоа што биле нерегистрирани и 11 заради техничка неисправност, информира МВР.
Македонија
На Јован сме му потребни за операција на окото, да дадеме хуманитарна помош со еден телефонски повик веднаш!
Јован Блажевски има потреба од нашата помош, затоа сите заедно да помогнеме и да ја собереме потребната сума на пари за Јован повторно да му се насмевне на видот. Му недостасуваат помалку од 4,000 евра за операција на окото, истата чини 5,500 евра.
Да го откажеме нашето кафе и да направиме добро дело, телефони во рака и дадете свој хуман придонес!
T-Mobile: 143-105
A1: 143-471
Мал гест за нас, огромна шанса за него да го види светот повторно.
Ајде сите по една порака!
Ајде за Јован!
Ајде да покажеме дека не забораваме!
Доколку некој не е во можност да донира 100 денари, нека ја сподели оваа објава
Македонија
Ново намалување на дизелот од ноќеска, бензините остануваат непроменети
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.12.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 66,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.12.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 68,50 ден/лит, известуваат од РКЕ.
Македонија
Жена од охридското с.Лескоец удрила во полициско „јети“ на охридската полиција, за среќа учесниците поминале со телесни повреди
На 07.12.2025 во 09:40 часот во СВР Охрид е пријавено дека на крстосницата од ул. „7 Ноември“ со ул.„Васил Главинов“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 44-годишната Л.Т. од с.Лескоец, охридско и патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР, управувано од полицискиот службеник Н.И.(26).
Во незгодата со телесни повреди се здобила Л.Т., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид, известуваат од МВР.
-
Кичево2 дена„ЕВН КЕЦ Кичево“ во вторник ќе работи на терен, дел од „Ужичка“, „Мечкин Камен“ и дел од месноста „Под Крушино“ времено ќе бидат без електрична енергија
-
Хороскоп2 денаХороскоп за понеделник (8 декември)
-
Хороскоп19 часаХороскоп за вторник (9 декември)
-
Кичево7 часаНоќеска во Кичево европско-медитеранскиот сеизмолошки центар регистрираше слаб земјотрес на длабочина од околу 15 километри
-
Кичево10 часаКнежинскиот манастир денес го слави својот патрон „Св. Ѓорѓија – Победоносец“, за многу години „Св. Ѓорѓија“, Христовиот војник, заштитник на сиромашните
-
Македонија23 часаЖена од охридското с.Лескоец удрила во полициско „јети“ на охридската полиција, за среќа учесниците поминале со телесни повреди
-
Временска прогноза8 часаЗа вистинската зима и снежна идила ќе почекаме, следуваат пролетни температури над просекот за месец декември
-
Здравје и убавина2 денаДајте им одмор на цревата во организмот со ова овошје
