Кичево
Измината седмица во Кичево пет лица настрадале од кучиња скитници

На 13.09.2022 година во ОВР Кичево, Н.К.(35) од кичевското село Аранѓел пријавила дека на улица „Маршал Тито“ во Кичево била касната од куче скитник.
На 10.09.2022 година во ОВР Кичево, М.К.(64) од кичевското село Козица пријави дека на локален пат во селото бил каснат од куче скитник.
На 10.09.2022 година, Ќ.П.(31) од Кичево во полициска станица пријави дека на улицата „Крагуевачка“ во Кичево бил каснат од куче скитник.
На 09.09.2022 година, Н.Џ. (54) од Кичево во надлежната полициска станица пријави дека на улицата „Прилепска“ во Кичево била касната од куче скитник.
На 06.09.2022 година во 17.45 часот, Ј.Б.(59) од Кичево во полициска станица пријавил дека на булеварот „Ослободување“ во Кичево бил каснат од куче скитник.
Известил: Портпарол на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски
Кичево
„ЕВН КЕЦ Кичево“ утре ќе работи на терен, следните кичевски улици и села ќе бидат без електродистрибуција во домаќинствата

Како што информираат од ЕВН, поради зафати на електродистрибутивната мрежа утре 25.04 – петок, „ЕВН КЕЦ Кичево“ ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата на следниве села и улици од град Кичево:
Планиран прекин | КИЧЕВО | ДЕЛ ОД УЛ.МИЦКО СТАНКОСКИ И ДЕЛ ОД УЛ.ТАНЕ ЦАЛЕСКИ | 25.04 – 09:00 | 25.04 – 12:00 |
Планиран прекин | ЗАЈАС | ДЕЛОТ ОКОЛУ ШКОЛОТО – ЗАЈАС ТЕЌЕ | 25.04 – 09:00 | 25.04 – 14:00 |
Во истата информација се известува и за ден 29.04 – вторник дека „ЕВН КЕЦ Кичево“ ќе работи, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата на следното село:
с.Преглово, околу училиште „Кемал Ататурк“ 09:00-12:00 часот
- Во моментот непланиран прекин на електродистрибуција има во кичевското село Црвивци.
- Напомена: Времетраењето „од-до“ може да зависи од ефикасноста на работата.
Кичево
Вчера во Кичево се одржа состанок на општинскиот кризен штаб за превенција и заштита од пожари на отворен простор

Вчера 23.04.2025 г. во просториите на општина Кичево се одржа работен состанок на општински кризен штаб за превенција и заштита од пожари на отворен простор.
Целта на состанокот беше дефинирање на мерките и надлежностите на институциите за поголема и поефикасна заштита од пожари во шуми и на отворен простор, ефективна координација со навремено реагирање при појава на пожари, методи за превенција како најефикасна заштита од појава на пожари кои сериозно можат да го загрозат шумското богатсво и да предизвикаат повреди и жртви.
– На состанокот, покрај полициски службеници од ОВР Кичево, присуствуваа претставници на Центарот за управување со кризи, на службите во локалната самоуправа,на јавните претпријатија, Територијалната противпожарна единица, Министерство за Одбрана, Дирекцијата за заштита и спасување, ЈП „Македонски шуми“, доброволни противпожарни друштва, невладини организации и медиуми – за Порта.мк известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Кичево
Исполнети од радоста од Христовото Воскресение „Велигден“ бидете дел на Светол Источен Петок – „Балаклија“ во Манастир Пречиста кичевска – Христос Воскресе!

Исполнети со радоста од славното Христово Воскресение, во овие светли денови ја предвкусуваме вечната радост кон која се стремиме, живеејќи во светлината на Пасхата. Во оваа Воскресна пролет, кога сè околу нас се облекува во бел цветен украс, ни претстои празнување на споменот на Живоносниот Источник на Пресвета Богородица – нашата Царица Небесна.
По тој повод, на 25 април (петок), во нашата света обител Манастир Пресвета Богородица Пречиста ќе се одржи Пасхално богослужбено торжество со следниот распоред:
08:00 – Утрена богослужба
08:30 – Пречек на Владиката
09:00 – Архиерејска Литургија проследена со торжествена литија до местото „Господинец“
На богослуженијата, за наша голема радост ќе претстои нашиот возљубен старец, Епископот Антаниски г. Партениј, кој ќе го излее својот благослов врз сите присутни. Особена чест ни е и присуството на монашките заедници од Бигорската, Рајчичката и Кнежинската обител.
Преку нашиот медиум, секако проследени и од нас ги покануваме сите оние што сакаат заедно со нас да ја споделат оваа пасхална радост во молитвено единство.
Христос Воскресе!
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (23 април)
-
Хороскоп20 часа
Хороскоп за четврток (24 април)
-
Кичево9 часа
Вчера во Кичево се одржа состанок на општинскиот кризен штаб за превенција и заштита од пожари на отворен простор
-
Македонија4 часа
(ВИДЕО) Во 3 по полноќ го ограби верскиот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во село Обршани, општина Кривогаштани
-
Кичево3 часа
„ЕВН КЕЦ Кичево“ утре ќе работи на терен, следните кичевски улици и села ќе бидат без електродистрибуција во домаќинствата
-
Кичево23 часа
Исполнети од радоста од Христовото Воскресение „Велигден“ бидете дел на Светол Источен Петок – „Балаклија“ во Манастир Пречиста кичевска – Христос Воскресе!
-
Култура2 дена
(ВИДЕО) Бигорски Манастир објави видео полно воскресенска радост
-
Култура7 часа
(ФОТО) Во с.Цер кичевско одбележани 120 години од смртта на Христо Узунов – симбол на револуционерната борба