Следете не

Временска прогноза

За новогодишната ноќ не многу студено и без врнежи – По котлините магливо и загадено

Објавено пред

на

До самиот крај на оваа 2023 година во Македонија продолжува периодот на стабилно, суво и на претежно сончево време со сосема слаб ветер. По одделни котлини и речни долини, особено Долж Повардарието и понатаму ќе биде магливо, повремено маглата ќе биде  и густа и таму ќе биде постудено. И Скопската котлина ќе биде под магла  и под ниска облачност.

По котлините, особено оние Долж Повардарието воздухот ќе биде многу загаден, вклучувајќи ја и Скопската котлина.

Слично време ќе имаме и за време на новогодишната ноќ, но и на првиот ден од новата 2024 година, односта стабилно, суво и сончево, но магливо по котлините и со ниска облачност.

Наутро температурите на повеќе места ќе се спуштаат до околу нулата, а само понекаде за неколку степени под нулата, што значи нема да биде многу студено. Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени, што значи ќе бидат натпросечно високи. Понекаде во најтоплите предели од државава тие можно е да се искачат дури и над 15 степени, што беше случај и изминатите денови, за Порта.мк пишува Славчо Попоски

Временска прогноза

До крајот на месецот стабилно време, но со ниски утрински температури и магла по котлините

Објавено пред

на

©porta.mk

Под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон), како и на стабилна и сува воздушна маса, до самиот крај од овој месец во Македонија ќе имаме стабилно, суво и сончево време, повремено со мала до умерена локална облачност. Ќе биде и претежно тивко.

Наутро останува студено и со појава на магла по котлините и по речните долини, која во текот на денот ќе се расчистува. Преку денот ќе имаме пријатни температури и истите ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 23 степени.

Во Скопје и околината, до самиот крај од овој месец времето ќе биде стабилно, суво и сончево, повремено со појава на мала до умерена локална облачност. Ќе биде и претежно тивко, па наутро ќе има услови за појава на магла  и на ниска облачност, која во текот на денот ќе се расчистува.

– Температурите остануваат без промени и преку ден ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 22 и 23 степени.

Уживајте додека можете во преубавите сончеви есенски денови со пријатни температури на воздухот, истакна Попоски.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Според „Европскиот“ и „Глобалниот“ метео модел најверојатно зимата доаѓа во почетокот на месец ноември, ова се информациите

Објавено пред

на

Според прогностичките материјали од двата најажурни модели, и тоа Европскиот (ECMWF) и Глобалниот (GFS) се согласуваат околу раното доаѓање на зимата на Балканот, вели Славчо Попоски. Имено тој додава дека кон крајот на овој, и во почетокот на ноември месец се посигурна е голема промена на времето ширум Балканот, како и спуштање на Поларниот вртлог кој ќе донесе многу ниски температури за овој период од годината, па дури и снег како на повисоките места  и на планините, така и понекаде во градовите.

Не се исклучува можноста кон крајот на овој, и во почетокот на ноември месец на многу места низ Балканот да има вистинска снежна идила.

Да не заборавиме, сето тоа е поради се поголемото влијаение на Ла Ниња, која носи многу постудено време, повеќе врнежи од дожд и снег. До крајот на оваа година Ла Ниња ќе го достигне својот максимум, па така претстојната зима сите ние очекуваме да го оправда своето име и да биде многу постудена и поснежна, поради тоа што претстојната зима како што и претходно кажав, ќе биде Ла Ниња зима, известува Попоски.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Температурите ќе паднат, додека времето ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди

Објавено пред

на

До крајот на денешниот ден, како и утре (петок) како што и најавивме ќе имаме позначителен пад на температурите на воздухот, а времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд, особено во западните предели.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој особено Долж Повардарието до крајот на денов повремено ќе засилува на интензитет.

И во Скопскиот регион времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен, до крајот на денов повремено умерен ветер од југоисточен правец.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени. Во Скопје температурата ќе се искачува исто така до околу 22 степени.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт4 часа

Младата фудбалска репрезентација до 16 години денес на „Петар Милошевски“ го игра вториот контролен меч против Словенија, првиот по одлична игра заслужено го добивме!

Младата репрезентација на Македонија до 16 години (фудбалери родени 2009 година) денес со почеток во 13. часот ќе го одигра...

Хороскоп6 часа

Хороскоп за четврток (24 октомври)

ОВЕН Може да се потпрете на соработниците. Денешниот ден е поволен за работа, доаѓаат некои нови решенија. Може да очекувате...

Македонија7 часа

Викендов започнува зимското сметање на време, сонцето ќе заоѓа порано и деновите стануваат значително пократки

Зимското сметање на времето секогаш почнува последниот викенд во октомври и трае до последниот викенд на март. Ноќта на 27...

Спорт7 часа

Новак Ѓоковиќ потврди дека нема да игра на Мастерсот во Париз годинава

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска потврди дека нема да ја брани титулата на претстојниот Мастерс во Париз. – За жал,...

Гејминг18 часа

Нови попусти на Steam! Некои опасни наслови моментално се во продажба

Ако сте љубител на видео игри за компјутер, сега е време да ги проверите најновите зделки на Steam! Неколку интересни...

Автомобили18 часа

Големи промени за возачите: Екраните влегуваат во историјата?

Mobis и Zeiss објавија дека развиваат систем за вградување во нови возила веќе во 2027 година, а демонстрациите на прототиповите...

Магазин18 часа

Meta воведува технологија за препознавање лица во борба против измама

Meta претстави решение за сè почестите проблеми со измами и кражби на сметки на познати личности на своите социјални платформи....

Магазин18 часа

Samsung го подготвува Galaxy S25 Ultra во четири бои

Samsung традиционално ја претставува својата нова серија телефони Galaxy на почетокот на годината, па не е чудно што се појавуваат...

Магазин18 часа

Sony прославува 30 години PS1! Специјално издание на PS5 распродадено за помалку од 24 часа! Еве како изгледа (видео)

Sony слави 30 години од објавувањето на оригиналната PlayStation конзола со специјална, ограничена колекција на PlayStation 5 конзоли и додатоци....

Автомобили18 часа

BMW: Забраната за возила на бензин и дизел во ЕУ не е реална

Планот на Европа да ја забрани продажбата на автомобили со мотори со внатрешно согорување од 2035 година ќе доведе до...

НАЈЧИТАНИ