Следете не

Скопје

За сабота МВР најави посебен режим во Скопје поради велосипедска трка „Куп на град Скопје 2023“

Објавено пред

на

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 30.09.2023 година (сабота) со почеток од 15.00 часот, поради одржување на велосипедска трка  „Куп на град Скопје 2023“ ќе биде спроведен посебен сообраќаен режим на подрачјето на град Скопје.

Трасата на движење ќе започне на ул.„Димитрије Чуповски“ кај „Порта Македонија“, право по ул. „11 Октомври“ кон зградата на Собрание на Република Македонија до крстосницата со ул.„Филип Втори Македонски“, па лево по ул.„Филип Втори Македонски“ до влезот на Градскиот трговски центар, потоа се поминува под Градскиот трговски центар и се доаѓа до „Порта Македонија“, каде се продолжува право по ул.„Димитрие Чуповски“ сѐ до крстосницата со ул.„Даме Груев“ кај ТЦ„Палома Бјанка“ и назад по ул.„Димитрие Чуповски“ сѐ до стартно/целната позиција.

Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, при што сообраќајот ќе се пренасочува кон околните сообраќајници.

MВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива трката.

Скопје

Во СВР Скопје пријавено дека починат во својот дом бил пронајден 55-годишник од Драчево

Објавено пред

на

©porta.mk

На 16.11.2025 во 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на Драчево пронајден е починат М.А. (55) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, за јавноста извести МВР преку својот билтен за медиуми.

Прочитај повеќе...

Скопје

ЦУК: Двете жени се пронајдени во црн пат помеѓу Долно Количани и Батинци и се во добра здравствена состојба, истите биле државјанки на Македонија

Објавено пред

на

©porta.mk

Добиена е повратна информација од Полициската станица Драчево дека двете женски лица се пронајдени на црн пат помеѓу Долно Количани и Батинци. Лицата се во добра здравствена состојба и со возило, во придружба на полицијата, веќе се движат кон Драчево.

Појаснуваме дека, поради грешка во првичната комуникација, не станува збор за странски државјанки, туку за државјанки на Македонија, предмалку информираше ЦУК за јавноста.

Прочитај повеќе...

Скопје

Лишен од слобода возачот кој удри малолетничка на ул. „Перо Наков“ во Скопје и избега од местото на настанот

Објавено пред

на

ФОТО: Министерство за внатрешни работи

На 30.10.2025 околу 19:30 часот, по преземени оперативни мерки, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода Б.Р. (59) од Скопје.

Тој на 28.10.2025 околу 20:30 часот на ул.„Перо Наков“ во Скопје, со патничко возило „фиат сеиченто“ удрил во 11-годишна малолетничка од Скопје, по што со возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и возачот и возилото се пронајдени и Б.Р. по наредба на јавен обвинител е задржан во полициска станица, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, истакна МВР.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Култура6 часа

Денес се празнува Св.Архангел Михаил, домаќини нека Ви е на помош празникот на војводата на сите ангели!

Архангел Михаил, кого народот го нарекува и „војводата на сите ангели“, се слави како еден од најголемите небесни заштитници. Според...

Без категорија6 часа

Жолта предупредувачка фаза поради најавените обилни врнежи од дожд и силниот ветер, локално процесите ќе бидат во форма на невреме

Денеска 21-ви ноември (петок), целата територијата на Република Македонија ќе се наоѓа во жолта предупредувачка фаза поради очекуваните обилни врнежи...

Хороскоп7 часа

Хороскоп за петок (21 ноември)

ОВЕН Денес може да донесете конечна одлука за вашата деловна иднина. Пред вас е добар ден. Се чувствувате се поосамено...

Македонија14 часа

Државниот пазарен инспекторат изврши инспекциски надзори во пет градови, затекнати биле низа неправилности кај 16 правни субјекти кои продавале тутунски производи

Државниот пазарен инспекторат на ден 17.11.2025 година и 18.11.2025 година, изврши инспекциски надзори на територија на градовите Скопје, Тетово, Гостивар,...

Временска прогноза16 часа

Нови врнежи од дожд на планините ќе провејува снег, продор на ладен бран од север може да резултира со снег на превоите

Територијата на Република Македонија останува да биде под влијание на циклонскиот систем од Џенова и на серија на влажни воздушни...

Спорт16 часа

Данска првиот предизвик за „рисовите“ во март, за пласман на големиот мундијал во САД, Мексико и Канада

Во централата на ФИФА во Цирих денес беше одржана ждрепката за европскиот плејоф за пласман на Светското првенство 2026. Македонската...

Кичево20 часа

ЦУК со известување за изминатото деноноќие, во Кичево побарана била општинска интервенција во делот на ул. „Прилепска“

Во изминатото деноноќие, поради обилните врнежи, екипите на Регионалните центри за управување со кризи интервенираа на повеќе критични локации низ...

Здравје и убавина21 час

Ова е најдоброто време за ручек

Според резултатите едно поодамнешно истражување објавено во списанието American Journal of Clinical Nutrition, за поуспешно намалување на телесната тежина препорачливо...

На денешен ден1 ден

Светот на денешен ден (20 ноември)

1531 – Капелскиот мировен договор ја утврдува конфесионалната поделба на Швајцарија. 1780 – Велика Британија објави војна на Холандија поради...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за четврток (20 ноември)

ОВЕН За да го привлече вашето внимание, некој упорно ќе ги извртува работите надвор од контекст. Ако нешто ви изгледа...

НАЈЧИТАНИ