Македонија
Ново поскапување на горивата, вечерва невообичаено за среда горивата поскапуваат, дизелот за 3 денари по литар

Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 од вечерва на полноќ се зголемуваат за 0,50 денари за литар, додека цената на еуродизелот се зголемува за 3 денари за литар, соопшти доцна попладнево Регулаторната комисија за енергетика.
Согласно оваа одлука од вечерва на полноќ максималната цена на еуросуперот БС-95 ќе изнесува 67,50 денари за литар, на еуросуперот БС-98 69,50 денари за литар, на дизелот и на екстра лесното масло по 58,00 денари за литар, а на мазутот 34,779 денари за килограм.
Македонија
Денес 193 нови случаи, починале 34 лица од Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 34 лица. Починале 15 лица од Скопје (54г, 56г, 60г, 60г, 63г, 63г, 67г, 67г 68г, 69г, 69г, 71г, 76г, 76г и 80г), 5 лица од Прилеп (62г, 64г, 70г, 85г и 87г), по 2 починати лица од Куманово (74г и 83г), Битола (59г и 75г), Штип (68г, 77г), Кочани (66г и 81г) и Кичево (66г и 68г) и по едно лице од Велес (76г), Охрид (42г), Неготино (58г) и Свети Николе (68г).
Од МЗ исто така информираа дека во последните 24 часа се потврдени 193 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 110 случаи во Скопје, 16 во Прилеп, 15 во Кавадарци, 12 во Куманово, 9 во Штип, 7 во Тетово, по 4 во Кочани и Кичево, 3 во Велес, по 2 во Битола, Струга и Дебар и по 1 во Охрид, Струмица, Неготино, Гевгелија, Свети Николе, Валандово и Македонски Брод.
Регистрирани се 1.014 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 427, Охрид – 62, Прилеп – 59, Битола – 58, Кавадарци – 52, Куманово – 42, Велес – 40, Гевгелија – 35, Гостивар – 29, Струмица – 27, Кочани – 20, Тетово – 19, Штип – 18, Валандово и Берово – по 14, Кичево и Свети Николе – по 12, Македонски Брод – 11, Неготино – 8, Крушево – 7, Струга, Делчево, Пробиштип и Богданци – по 6, Радовиш – 5, Ресен и Демир Капија – по 4, Крива Паланка, Демир Хисар, Кратово и Пехчево – по 2 и по 1 од Виница, Македонска Каменица и Дојран.
„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 142.034, бројката на оздравени пациенти е 117.794, на починати е 4.262, а бројот на активни случаи изнесува 19.978“, стои во соопштението на МЗ.
Досега во земјава се направени вкупно 670.333 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 1.192 тестови.
Македонија
Бензините со намалена цена, дизелот останува непроменет

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за изменување на одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.04.2021 година.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за изменување на одлуката од 07.04.2021 година
За Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 цената ќе биде 67,00 денари за литар, цената на моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 ќе изнесува 69,00 денари за литар.
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава по цена од 58,00 денари за литар, масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе се продава по цена од 57,50 денари за литар.
Македонија
Денеска потврдени 687 нови случаи на Ковид-19, починале 46 лица, најмладиот имал 34 години

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 3.050 тестирања, а регистрирани се 687 нови случаи на ковид-19 во:
Скопје – 310, Куманово – 55, Битола – 35, Прилеп, Охрид и Струмица по – 33, Велес – 31, Кавадарци и Тетово по – 23, Гостивар – 19, Штип и Кочани по – 17, Свети Николе – 11, Кичево, Ресен и Виница по -7, Неготино – 6, Гевгелија и Македонски Брод по – 4, Струга – 3, Богданци – 2, Крива Паланка, Делчево, Пробиштип, Демир Капија, Демир Хисар, Кратово и Дојран по – 1.
Пријавени се вкупно 46 починати лица: 13 од Скопје (51г, 59г , две лица на 63г , 65г, 69г, 71г, две лица на 72г, 81г, 82г, 84г, 87г), од Битола – 6 (53г, 67г, 70г, 72г, 78г, 90г), од Тетово – 4 (44г, 65г, 78г, 84г), по 3 починати пациенти од Куманово ( две лица по 70г и 76г), Прилеп (34г, 68г и 73) и Струмица (72г, 76г, 82г), по 2 од Штип (72г, 74г), Радовиш (47г, 70г) и Виница (62г, 76г), по 1 од Велес (84г), Кавадарци (84г), Охрид (59г), Струга (86г), Неготини (89г), Кратово (85г), Македонски Брод (76г) и Македонска Каменица (77г) . Од починатите пациенти, 43 се починати во болнички услови, а 3 лица во домашни услови
-
Кичево2 дена
Вчера на ул „Рудничка“ затекнат крадец во полициски час, додека ТППЕ и вработени од „Лопушник“ изгасија пожар на шума во кичевската месност „Јани“
-
Кичево2 дена
(ГАЛЕРИЈА) На прекрасното кичевско „Осломејско езеро“ деновиве се одржуваше „Боила куп Кичево 2021“ – ловење крап каде учество имаа 16 тимови
-
Спорт11 часа
Легендарниот кичевски „ФК Напредок“ пред згаснување, се апелира за било каква помош
-
Магазин14 часа
Убава вест, пејачот Влатко Миладиноски стана татко по втор пат, Илинче доби сестричка
-
Хороскоп2 дена
Викенд Хороскоп (11 април) недела
-
Македонија2 дена
Денеска потврдени 687 нови случаи на Ковид-19, починале 46 лица, најмладиот имал 34 години
-
Временска прогноза3 дена
Сепак ќе имаме дестабилизација на времето, ова се најновите детали
-
Македонија3 дена
Денеска од Ковид-19 1.092 нови случаи, починале 32 лица