Следете не

Автомобили

Заборавете на капките на ретровизорите со помош на овој ефикасен трик ВИДЕО

Објавено пред

на

Овој трик е тестиран во видео на социјалните мрежи, а е многу едноставен и ефективен метод.

Овој корисен совет е всушност многу едноставен: нанесувате сапун на огледалото, а потоа нежно го бришете со крпа, што остава тенок слој сапун на стаклото.

На овој начин, кога ќе се прска вода на ретровизорот, таа се лизга од него и капките не остануваат на површината. Трикот првично беше пронајден на TikTok и беше тестиран од корисникот на мрежата, Мајкл Кие. Тој објави кратко видео со наслов: „Факт или фикција?“

Во видеото тој го тестираше трикот на еден од своите автомобили, Форд Мустанг. Тој го користел додатокот за прскалки на цревото за да симулира дожд, прскајќи го својот ретровизор со вода. Потоа го избриша со сапун, па со крпа. На крајот го натопи со вода од пластично шише, која истече на ретровизорот, а на стаклото не остана ни капка.

Луѓето кои го коментираа видеото се радуваа на овој совет. Еден напишал: „Тоа е наука“. Во обид да го објасни овој трик, еден коментатор тврдеше дека тоа се должи на „маслото во сапунот“. Ова е точно, барем теоретски, бидејќи маслото не се распаѓа во вода, па површините обложени со масло ја одбиваат водата.

Автомобили

BMW и Qualcomm развиваат систем за помош при управување „Snapdragon Ride Pilot“

Објавено пред

на

ФОТО: screenshot/video/youtube

BMW и Qualcomm го претставија новиот систем за помош на возачот „Snapdragon Ride Pilot“, кој за прв пат ќе биде прикажан на саемот „IAA Mobility 2025“. Решението овозможува автономно возење на автопати, автоматско менување на ленти и поддршка при паркирање, со што се најавува следната фаза во развојот на интелигентната мобилност.

Станува збор за технологија од ниво 2+, што подразбира дека возачот и натаму мора активно да го следи сообраќајот. Платформата комбинира 360° камера перцепција, вештачка интелигенција и напредни алгоритми за анализа на сложени ситуации во сообраќајот.

Qualcomm нагласува дека безбедноста е врвен приоритет, со усогласување со глобални стандарди како ISO ASIL. Ride Pilot веќе е валидиран во 60 земји, а до 2026 година целта е присуство во повеќе од 100 пазари.

Со ова, BMW и Qualcomm се приклучуваат кон динамичната трка за автономни решенија, каде конкуренцијата од компании како NVIDIA и Mobileye станува сè поинтензивна.

Извор: Engadged

Прочитај повеќе...

Автомобили

Десетте најпродавани автомобили во Европа во 2025 година

Објавено пред

на

Фото: Martin Katler @ unsplash
Фото: Martin Katler @ unsplash

Во првата половина од 2025 година, европскиот автомобилски пазар бележи значајни промени и трендови. Според податоците на JATO Dynamics, објавени од Best-Selling Cars, најпродаван производител останува Volkswagen Group, додека зад него се позиционираат Stellantis, Renault Group и Hyundai-Kia.

Volkswagen Group и понатаму водечки

Volkswagen Group го задржа својот статус на најголем производител во Европа со над 1,8 милиони продадени возила. Иако 72% од продажбата сè уште се базира на конвенционални мотори, уделот на електричните и хибридните модели расте и сега изнесува 28%.

Stellantis стабилно на второ место

На второ место е Stellantis, со продадени 1,04 милиони автомобили. Оваа групација сè уште најмногу се потпира на класични погонски склопови – дури 85% од продажбата доаѓа од бензински и дизел модели.

Renault и Hyundai-Kia со силен раст

На третото место е Renault Group, со 704.000 продадени возила, додека Hyundai-Kia се пласира на четвртото место со 541.000 возила. Двата производители се издвојуваат со висок удел на електрифицирани модели – околу 43% од вкупната продажба.

Премиум брендовите ја забрзуваат транзицијата

BMW Group продаде 485.000 возила, од кои 40% се електрични или хибридни. Mercedes-Benz постигна 355.000 продажби, со удел на електрифицирани модели од 34%.
Ford исто така продаде 257.000 автомобили, со идентичен удел на електрифицирани возила како и Mercedes – 34%.

Geely сè поактивен во Европа

Кинеската Geely Group оствари 202.000 продажби, од кои дури 67% се електрични или хибридни автомобили. Со тоа, Geely се искачи на деветтото место, пред Nissan (165.000 возила) и веднаш зад Ford.

Toyota лидер во електрификацијата

Иако по вкупна продажба е на шестото место со 479.000 возила, Toyota е апсолутен лидер во електрификацијата. Дури 86% од нејзината продажба во Европа се хибриди и електрични автомобили – највисок удел меѓу сите водечки брендови.

Силната хибридна понуда и растечката популарност на електричните модели ѝ овозможуваат на Toyota да се натпреварува рамноправно со европските производители, иако традиционално тие доминираат на пазарот.

Извор: 24Sata

Прочитај повеќе...

Автомобили

Американските анализи покажуваат дека автоматските менувачи доминираат на нивниот автомобилски пазар

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Jean-Philippe Delberghe

Темата за иднината на рачните менувачи ја допревме и порано, но анализата на најновите податоци од европските пазари, а особено од САД, јасно укажува дека тие полека исчезнуваат од автомобилската сцена.

Трендовите покажуваат дека автоматските менувачи веќе се наметнуваат како доминантен избор, оставајќи го класичниот рачен менувач на маргините. Воведувањето на SUV сегментот, а потоа и ширењето на електричните возила, само го забрза овој процес. Она што започна во САД уште кон крајот на 90-тите, а глобално во првата деценија од 21 век, денес изгледа како неповратна трансформација.

Американскиот пазар, со своите автопатишта и традиција за возила со големи димензии, одамна е предводник во користењето на автоматски менувачи. Првиот масовно достапен автоматски менувач, развиен од „Џенерал Моторс“ уште во 1939 година, ја трасираше патеката. Дека промената е драматична, говорат бројките: во средината на 90-тите години речиси 28% од новите возила сè уште имале рачен менувач, додека денес тој удел се сведе на едвај 0,8%.

Европа долго време одолеваше. Во 2001 година, дури 91% од сите автомобили регистрирани на петте најголеми пазари (Германија, Франција, Велика Британија, Италија и Шпанија) користеа рачен менувач. Дури и кај премиум и луксузните марки, автоматиката тогаш беше ретка и скапа опција. Но, со текот на времето, развојот на технологијата ги намали трошоците, а урбанизацијата и сè погустите сообраќајни метежи го направија автоматскиот менувач попрактично решение.

Не е изненадување што автошколите во најголемите земји на ЕУ сè почесто обучуваат возачи директно на возила со автоматски менувач. Денес, само симболичен дел од часовите е резервиран за рачна контрола.

Податоците го потврдуваат тоа: во 2023 година само 29% од новите автомобили во овие пет европски пазари имале рачен менувач. Кај премиум возилата доминацијата на автоматиката е речиси апсолутна – од 31% во 2001 година, уделот пораснал на 97% во 2024. И кај масовните брендови се забележува радикален пресврт – од едвај 5% во 2001 година на 63% минатата година.

Извор: motor1.com

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија23 минути

Од ноќеска цените на горивата се намалуваат

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д Е V), се намалуваат за 0,50 ден/лит,...

Скопје25 минути

(ВИДЕО) Уништени над 4 тони и 18 илјади стебла марихуана и повеќе од 21 килограми друга дрога

Денеска во присуство на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и раководството на МВР, Агенцијата за управување со одземен имот,...

Здравје и убавина31 минута

Единствен рецепт за појак имунитет

Познатиот руски професор и експерт за кинезитерапија, Сергеј Бубновски, тврди дека постои многу едноставен начин за зајакнување на имунитетот. Според...

Временска прогноза4 часа

Од денес ќе дува засилен ветер од северен правец, додека времето ќе биде стабилно

Под влијание на значително поладен воздух од север,денес понеделник (15 септември) во Македонија ќе дува засилен до силен ветер од...

Хороскоп15 часа

Хороскоп за понеделник (15 септември)

ОВЕН Може да очекувате фаза која ќе биде многу поволна за вас. Ќе успеете да остварите стабилизација на работа. Ве...

Спорт17 часа

(ФОТО) Кичевски „ФК Напредок“ ги наполни трибините со љубители на фудбалот, а играчите им возвратија со победа за почеток на сезоната

Недела, некогаш претпознатлив ден за фудбал на градскиот стадион во Кичево. Но денес за момент се чинеше дека токму го...

Фото: William Hook @ unsplash Фото: William Hook @ unsplash
Магазин1 ден

iOS 26, iPadOS 26, watchOS 26 и macOS 26 пристигнуваат на 15 септември – компатибилни уреди и нов дизајн

Apple официјално објави дека iOS 26, iPadOS 26, watchOS 26, macOS 26 и visionOS 26 ќе излезат од бета и...

Фото: Clint Patterson @ unsplash Фото: Clint Patterson @ unsplash
Магазин1 ден

Microsoft потсетува: Остануваат само 30 дена…

Microsoft официјално ги потсети корисниците за крајот на поддршката за Windows 10. Компанијата објави дека на 14 октомври 2025 година...

Спорт1 ден

„ФК Напредок“ денес на домашен терен го игра првиот натпревар од новата сезона, ве повикуваме сите на градски како во старите добри времиња

Стартот во новата сезона во рамките на Трета лига Запад „Фудбалскиот Клуб НАПРЕДОК“ ќе ја започне на домашен терен,а за...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за недела (14 септември)

ОВЕН Вие сте упорни во сѐ што ќе наумите, па ако деловниот успех е ваш приоритет нема сомнежи дека ќе...

НАЈЧИТАНИ