Следете не

Македонија

Забрана за тешки товарни возила и за превој Стража и Пресека поради снег

Објавено пред

на

Од 03.00ч. поради обилни врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража.

Претходно како што известивме, од 00:40ч. поради врнежи од снег исто така беше воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар.

Од 05:25ч. поради обилни врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Кичево – Охрид преку планинскиот превој Пресека.

Од 06:20ч. поради обилни врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато.

Известува: АМСМ

Македонија

(ВИДЕО) Апсење како на филм на наплатна Тетово, запленета дрога во вредност од 100.000 евра

Објавено пред

на

Министерство за внатрешни работи

На 24.03.2023 од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и опасни материи – Единица за недозволена трговија со дрога во содејство со Одделот за специјални полициски операции – САЕ Тигар, Оперативен тим Потраги при СВР Скопје и СВР Тетово се лишени од слобода две лица од с.Арачиново, скопско, при што е спречен транспорт на околу 35 кг дрога.

Имено, во утринските часови на наплатна станица Тетово, на автопатот Гостивар – Тетово, полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило „ренџ ровер“, со скопски регистарски ознаки, управувано К.А.(32), во кое сопатник бил О.А.(23), двајцата од с.Арачиново, скопско. Лицата не ја почитувале дадената полициска наредба да го сопрат возилото, туку се дале во бегство, притоа оштетувајќи службено полициско возило, но набргу се запрени и лишени од слобода.

При извршен преглед во багажниот простор на возилото пронајдени се 4 вреќи со марихуана, со вкупна тежина од околу 35 кг, со вредност од околу 100.000 евра. На лице место на наплатната станица Тетово излезе и Јавен обвинител од ОЈО Тетово кој го раководеше увидот. Малку подоцна, по добиена судска наредба, извршени се претреси и во домовите на двете лица во с.Арачиново, при што се пронајдени предмети поврзани со кривичното дело.

Против А.К., МВР подолг временски период преземаше мерки и активности за негово пронаоѓање и лишување од слобода, бидејќи за него е распишана централна потерница поради бегство од штипскиот затвор, каде има за доиздржување затворска казна од околу 6,5 години, а се барал и по расписи за извршени повеќе кривични дела, како криумчарење на мигранти и шверц со дрога, соопшти Сузана Прањиќ Талевска од МВР.

Двете лица се приведени во СВР Тетово и против нив во текот на денот ќе биде поднесена кривична пријава за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, по член 215 од Кривичниот законик.

Денешната акција е уште една од низата акции на МВР во последниов период преземени во борбата против недозволената трговија со дрога и наркотични средства, но и бројните мерки и активности за пресметка со сите видови криминал.

/МВР

Прочитај повеќе...

Македонија

ЗНМ и МВР со протокол за безбедност на новинарите на интернет

Објавено пред

на

ЗНМ / МВР

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска оствари работна средба со работната група на Здружението на новинарите на Македонија, предводена од претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски, на која беше промовиран изработениот Протокол за безбедност на новинарите на интернет, со фокус на новинарките.

Како резултат на изработката на овој протокол, меѓу другото, во МВР е назначено лице-контакт точка за интернет заканите кон новинарите и, воопшто, медиумските работници. Протоколот нуди практични чекори како новинарите да постапат кога ќе бидат предмет на закана преку социјалните мрежи и, воопшто на интернет, преку проактивна вклученост на МВР во заштита на медиумските работници. Ова е една од низата активности кои заеднички ги спроведуваат МВР и ЗНМ за подобрување на безбедноста на новинарите, од 2017 година, кога беше потпишан Меморандум за соработка.

На средбата се дискутираше и за други аспекти за безбедност на новинарите и медиумските работници при вршење на дејноста, заканите кои се присутни во интернет просторот, потребата од слободно и непречено известување од настани на терен, ефикасноста при заштитата на новинарите со целосна имплементација на правните инструменти кои ги имаат институциите и беше потенцирана одличната соработка меѓу МВР и ЗНМ.

„Јасна е нашата посветеност како министерство на новинарите да им се обезбедат сите услови за тие непречено да си ја вршат работата и тоа го покажавме од 2017 до сега. За тоа не смее да има дилема, затоа што слободата на медиумите е еден од базичните столбови на кој се потпира демократијата. И овој протокол, во чие што изработување учествуваа претставници од МВР, ЗНМ и експерти од академската заедница, нуди решенија коишто ќе придонесат секој новинар, особено новинарките, да се чувствуваат безбедно, но и да знаат како да постапат во случаи на закани преку интернет. За нас слободата на новинарите е приоритет и во таа насока продолжуваме и со наредни активности во соработка со ЗНМ. Во претходниот период реализиравме бројни обуки, заеднички со ЗНМ и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, го изработивме  Прирачникот за безбедност на новинарите за време на настани со висок ризик, а денеска можеме да констатираме и дека е изработен и Протоколот за безбедност на новинарите на интернет“, потенцираше министерот Спасовски.

Претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски рече дека овој протокол е чекор плус во градењето безбедна атмосфера за работа на новинарите. „Сметаме дека ова е позитивен исчекор во рамките на зголемување на безбедноста на колегите новинари и новинарки. Денес, не само што се соочуваме со загрозување на нашата безбедност, туку се соочуваме и со опасноста од онлајн закани, каде што, за жал, поголеми жртви се новинарките.

– На овој начин, очекуваме нападите и опасноста од нив да се намали, а неказнивоста на сторителот да исчезне. Се надеваме дека препораките кои се наоѓаат во овој протокол ќе го најдат своето место во градењето на безбедна атмосфера за работа на новинарите“ , рече претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски.

Во процесот на подготовка на овој протокол беа направени широки анализи, искористена актуелната правна литература на темата, како и бројни институционални практики, со цел да се најде најдобриот пристап за поголема заштита и безбедност на новинарките и новинарите на интернет. На овој начин ќе се намали можноста за самоцензура поради постоечки страв од напад, а ќе се зголеми слободата на изразување и професионалните новинарски стандарди.Членови на работната група составена за подготовка на овој протокол од ЗНМ беа Младен Чадиковски и Драган Секуловски, Никола Дујовски, професор на Факултетот за безбедност Скопје при УКЛО Битола, Јасна Бачовска Недиќ, професор на Правниот факултет „Јустинијан први“ Скопје, Тони Ангеловски, помошник на министерот за односи со јавност и стратешко планирање при МВР, а од новинарките, членови на работната група беа Сашка Цветковска, Еви Шкопи и Кристина Атовска.

Прочитај повеќе...

Македонија

Од ноќеска нова намалена цена на горивата, кај авто-плинот сè уште нема промени..

Објавено пред

на

Лукоил Кавадарци

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,50 ден/лит, додека малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 како и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,649 ден/кг и сега ќе изнесува 38,130 ден/кг.

Од 21.3.2023 година цените на нафтените деривати ќе бидат следните:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 81,00 (денари/литар):

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83,00 (денари/литар);

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 74,00 (денари/литар)

Авто-плинот за сега е со иста непроменета цена за литар, односно 50 ден/лит.

Ќе има ли конечна промена периодот пред нас или не, останува да видиме, со оглед дека ова погонско гориво не потпаѓа под РКЕ. Карактеристично за ТНГ секогаш било намалување на неговата цена за литар во пролетно-летниот период.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Временска прогноза1 час

Најава за заладување на времето и провејување снег, еве од кога..

За време на овој викенд сеуште во Македонија ќе се задржи вистинското ПРОЛЕТНО време со максимални температури кој ќе се искачуваат во...

Македонија5 часа

(ВИДЕО) Апсење како на филм на наплатна Тетово, запленета дрога во вредност од 100.000 евра

На 24.03.2023 од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и...

Кичево8 часа

Вчера бил пријавен пожар во помошна котлара на РЕК „Осломеј“, нема повредени..

На 23.03.2023 во 12:25 часот во полициското одделение во кичевското село Осломеј пријавено е дека во помошна котлара од електраната...

Автомобили9 часа

Купувањето половен електричен автомобил може да биде ризично: Ова се најголемите проблеми

Купувањето половен автомобил треба да биде возбудливо, но недостатокот на транспарентност на пазарот на половни автомобили е фрустрирачки. Ова не...

Магазин9 часа

Еве колку би можел да чини iPhone 15

Гласините за новите телефони на Apple се шират веќе со месеци, а сега има некои информации за цената и дизајнот...

Магазин9 часа

Кои занимања би можела прво да ги замени вештачката интелигенција?

Се прашувате дали вештачката интелигенција наскоро ќе ја преземе вашата работа? Група професори од угледни американски универзитети се обиделе да...

Магазин9 часа

TikTok сега има feed посветен на науката и технологијата

TikTok работи наменски STEM (наука, технологија, инженерство и математика) што ги содржи само овие едукативни видеа. Може да научите да...

На денешен ден19 часа

Светот на денешен ден – 24 март

1401.- Во поход низ Азија и Медитеранот, татарскиот генерал Тамерлан го освоил Дамаск. 1603.- Умрела англиската кралица Елизабета Прва (Елизабета)....

Хороскоп21 час

Хороскоп за петок (24 март)

ОВЕН Ве очекува поволен ден за работа. Можете да се надевате на разговор кој ќе биде значаен за вас. Имате...

Спорт22 часа

Триумф на македонската репрезентација против Малта од 2:1 на „Тодор Проески“

Фудбалската репрeзентација на Македонија ја победи Малта со 2-1 на арената „Тодор Проески“ и успешно го отвори новиот квалификациски циклус...

НАЈЧИТАНИ