Македонија
Забрана за тешки товарни возила на превој Стража, крак Маврово-Дебар поради снежни врнежи, ова се најновите детали..
ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА: На патниот правец крак Маврово – Дебар поради интензивни врнежи од снег во 09:30 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила.
На патниот правец Гостивар – плaнински премин Стража – Кичево поради интензивни врнежи од снег во 09:45 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила.
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на некои повисоки места наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија пат. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, Маврово и на планинските премини Стража, Буково и Пресека. Намалена видливост поради појава на магла од 50 – 60м. има на патниот правец Куманово – Страцин и до 80м. на планинскиот премин Буково.
Извор: АМСМ
Македонија
„ЛУКОИЛ Македонија“ продолжува да функционира во нормални рамки
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, денеска изјави дека е позитивно тоа што бензинските станици на „Лукоил“ можат непречено да работат во сите држави каде што се присутни. Тој потенцира дека изминатиот месец, и покрај воведените санкции, не се појавиле никакви потешкотии во работењето на „Лукоил Македонија“.
– „Снабдувањето со нафтени деривати се одвива стабилно и без застои. Причината за тоа е што Македонија, за разлика од голем дел од другите земји, не поседува рафинерија во сопственост ниту на Лукоил, ниту на Руската Федерација. Новите мерки донесени од САД дополнително ќе имаат позитивно влијание врз состојбата“, истакна Бислимоски одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата.
Вчера во официјалното соопштение од „OFAC“ беше прецизирано дека роковите се пролонгирани до 29 април 2026 година.
Македонија
Сообраќај по наместа влажни коловози, намалена видливост поради магла има на превоите „Стража, Ѓавато, Плетвар и Крушево “
АМСМ и Македонија Пат известуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 50 м. има на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево.
Македонија
Тргнати блокадите на граничен премин „Евзони“ за влез и излез кон Грција
АМСМ предмалку соопшти дека од 21:00 ч. блокадите на ГП Евзони, за влез и излез кон Р.Грција се отстранети. Сообраќајот за сите видови возила е нормализиран.
-
Кичево19 часа„ЕВН КЕЦ Кичево“ во вторник ќе работи на терен, дел од „Ужичка“, „Мечкин Камен“ и дел од месноста „Под Крушино“ времено ќе бидат без електрична енергија
-
Хороскоп2 денаХороскоп за недела (7 декември)
-
Хороскоп15 часаХороскоп за понеделник (8 декември)
-
Здравје и убавина2 денаКако полесно да ја издржите диетата за слабеење
-
Здравје и убавина20 часаДајте им одмор на цревата во организмот со ова овошје
