Македонија
Законот важи за сите, прекината забава во викендица на Тиквешко езеро, следуваат санкции
Рано утрово со судски налог полицајци влегле во викендица на Тиквешко Езеро, сопственост на А.В.(23) од Кавадарци, информираат од МВР.
– На 4.4.2021 во 2.20 часот со претходно обезбедена наредба од Основен суд Кавадарци, полициски службеници влегле во викендицата лоцирана на место викано Брушанска населба на Тиквешко езеро, сопственост на А.В.(23) од Кавадарци, каде биле затекнати четири лица, а во близина на викендицата пронајдени биле и легитимирани уште 14 лица меѓу кои и сопственикот.
По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следи кривична пријава – известуваат надлежните.
Македонија
„ЛУКОИЛ Македонија“ продолжува да функционира во нормални рамки
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, денеска изјави дека е позитивно тоа што бензинските станици на „Лукоил“ можат непречено да работат во сите држави каде што се присутни. Тој потенцира дека изминатиот месец, и покрај воведените санкции, не се појавиле никакви потешкотии во работењето на „Лукоил Македонија“.
– „Снабдувањето со нафтени деривати се одвива стабилно и без застои. Причината за тоа е што Македонија, за разлика од голем дел од другите земји, не поседува рафинерија во сопственост ниту на Лукоил, ниту на Руската Федерација. Новите мерки донесени од САД дополнително ќе имаат позитивно влијание врз состојбата“, истакна Бислимоски одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата.
Вчера во официјалното соопштение од „OFAC“ беше прецизирано дека роковите се пролонгирани до 29 април 2026 година.
Македонија
Сообраќај по наместа влажни коловози, намалена видливост поради магла има на превоите „Стража, Ѓавато, Плетвар и Крушево “
АМСМ и Македонија Пат известуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 50 м. има на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево.
Македонија
Тргнати блокадите на граничен премин „Евзони“ за влез и излез кон Грција
АМСМ предмалку соопшти дека од 21:00 ч. блокадите на ГП Евзони, за влез и излез кон Р.Грција се отстранети. Сообраќајот за сите видови возила е нормализиран.
-
Хороскоп17 часаХороскоп за недела (7 декември)
-
Хороскоп2 денаХороскоп за сабота (6 декември)
-
Временска прогноза1 денСе менува ли климата? Најава за невообичаено топло време од следната седмица во месец декември – ова се информациите
-
Здравје и убавина20 часаКако полесно да ја издржите диетата за слабеење
