Временска прогноза
Започнаа врнежи од дожд, на повисоките места истото ќе премине во снег, ова се денешните детали

Под влијание на влажна и студена воздушна маса од север, која е во склоп со висинскиот циклонски систем кој се наоѓа западно и југозападно од нас, до крајот на денешниот ден (четврток), како и утре (петок) времето во Македонија ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, додека на планините, како и во повисоките населени места, особено во западните и во северните предели од државава поради дополнителното заладување на времето врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег, со што ќе се формира нова снежна покривка.
За време на овој бран на врнежи локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 20 литри на метар квадратен). Особено утре (петок) повремено ќе дува засилен ветер од северен правец, најизразен Долж Повардарието.
И во Скопскиот регион денес (четврток), како и утре (петок) ќе има повремен дожд, кој повремено ќе биде пообилен, додека на околните планини врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег. Особено утре (петок) повремено ќе дува засилен ветер од северен правец.
Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 10 степени. Во Скопје максималната температура ќе се искачи до околу 9 степени.
За време на викендот пак ќе имаме разведрување на времето и стабилно и суво време, но со значително постудени утра и со појава на мраз. Тогаш во утринските часови температурите ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 3 степени, што значи дека во најголем дел од Македонија тие ќе се спуштаат под нулата.
Во Скопје за време на викендот исто така се очекува разведрување со утрински температури кои ќе се спуштаат до околу -2 степени.
Максималните дневни температури на воздухот пак за време на викендот кај нас ќе се искачуваат во интервалот од 7 до ѝ13 степени.
Во Скопје максималната температура за време на викендот ќе се искачува во интервалот помеѓу 11 и 12 степени, истакна познатиот метеоролог Славчо Попоски
Временска прогноза
Времето за најголемиот христијански празник „Велигден“ ќе биде стабилно и сончево

За време на најголемиот Христијански празник (Воскресение Христово, Велигден) ќе имаме стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
И во Скопје за Велигден времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Што се однесува до температурите, тие ќе бидат рано летни, и тоа поради влијанието на топлата воздушна маса од југ. Максималните дневни температури за време на овој најголем Христијански празник ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 29 степени.
Во Скопје и околината максималната дневна температура на воздухот ќе се искачи до околу 27 степени.
Убавото време за Велигден искористете го максимално, и уживајте во празничниот сончев и топол викенд кој ни доаѓа, истакна Славчо Попоски
Временска прогноза
Според најновото метео ажурирање следува доста нестабилно време, ова се информациите

Во текот на оваа работна седмица во Македонија следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд, повремено и локално поројни и проследени со грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.
И во Скопје и околината следува период на променливо бреме со услови за појава на повремен локален дожд, повремено пороен и со услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.
Сето ова е поради влијанието на циклонската активност (поле со низок возушен притисок) со потекло од западна Европа, а потоа и над Џеновскиот Залив.
Сепак, и покрај ова останува топло времето, односно со пролетни температури на воздухот кои преку ден на многу места ќе се искачуваат до близу, или околу 20 степени.
На повеќе места тие ќе надминуваат и 20 степени, а во Повардарието и во југоисточните предели тие повремено ќе се искачуваат и до околу 25 степени, а повремено истите би можеле да надминуваат и 25 степени.
Во Скопје и околината во текот на оваа работна седмица останува пролетно топло со температура која ќе надминува 20 степени.
Да напоменам дека поради изразеното јужно воздушено струење, оваа работна седмица од Сахара кон нашата Република Македонија ќе се врши транспорт на прашина и песок, па така и Атмосферата ќе биде позаматена, а времето ќе биде помачно и поспарно, вели Славчо Попоски
Временска прогноза
Од следната седмица конечно пораст на температурите, но во некои региони нестабилното време проследено со дожд и ретки грмежи ќе продолжи

Во текот на следната седмица, нашата територија ќе се наоѓа под влијание на топла воздушна маса од југ и истата ќе услови релативно високи пролетни температури на воздухот, и тие речиси насекаде ќе надминуваат 15 степени, понекаде тие ќе се искачат и до околу 20 степени, додека во Повардарието и во југоисточните предели тие очекувам да се искачат до околу 25 степени.
И во Скопскиот регион во текот на следната седмица ќе имаме значително потопло време со температура која ќе надминува 20 степени. Повремено ќе засилува и ветерот од јужен и од југоисточен правец, како во Скопје и околината, така и во останатите предели од нашата Македонија.
Сепак времето ќе биде променливо облачно и не во целост стабилно, па така повремено и локално ќе има врнежи од дожд кои локално би можеле да бидат поројни и проследени со ретки грмежи. Во текот на следната седмица услови за повремен локален дожд ќе има и во Скопскиот регион, пишува Славчо Попоски
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (17 април)
-
Хороскоп14 часа
Хороскоп за петок (18 април)
-
Кичево23 часа
Св.Петар и Павле – Кичево, распоред на богослужби за Страсната и Светлата седмица (Велигден)
-
Македонија2 дена
Штипјанец се здоби со тешки телесни повреди, во него удрило пмв „форд фиеста“ управувано од виничанец
-
Хроника23 часа
Уште еден пациент на 24 години подлегна на повредите од кочанската катастрофа
-
Култура2 дена
„Велики Четврток“, традиции и обичаи за овој наш голем ден
-
Култура1 час
„Велики Петок“, најстрог пост, на денот на христијанската жалост не се работи по дома, ниту на поле..
-
Автомобили2 дена
(ВИДЕО) „Lexus“ ќе го претстави целосно новиот „ES“ на саемот за автомобили во Шангај