Следете не

Гејминг

Започнува интернационалниот настан „Game Jam Plus“, за нас по втор пат во Охрид, а ќе има и виртуелни онлајн учесници

Објавено пред

на

Денес низ цел свет започнува интернационалниот настан Game Jam Plus. Toa e најголемиот маратон за развивање на игри во светот, чија цел е преку процес на инкубација и акцелерација да овозможи најдобрите игри да станат пазарни производи привлечни за инвеститорите. Овој амбициозен проект трае 9 месеца и им овозможува на млади game development студија и тимови од различни земји да се претстават интернационално, да се сретнат со колеги, ментори, инвеститори и продуценти и преку тоа да добијат поддршка за нивните игри. Натпреварот има 6 фази, во кои се развиваат дигитални игри и истите се натпреваруваат на европско и светско ниво.
Во Македонија ќе се одржи по втор пат со локација во старт-ап центарот Касарна Хаб Охрид кој е и организатор на настанот, заедно со здружението Тактус од Охрид и Даниела Спасовска од Македонската асоцијација за развивање на игри – МАГДА, Скопје. Учесниците ќе може да присуствуваат физички или да се приклучат виртуелно од територијата на цела Македонија.

Во рамките на настанот ќе се одржат 2 натпревара:

Првиот натпревар е класичен 48-часовен game jam хакатон кој се случува во исто време низ целиот свет, се развиваат игри на исти теми, а победниците ги избираме на ниво на Македонија. Најдобрите игри, односно 1/3 од игрите продолжуваат во фаза на Инкубација каде што ќе работат со ментори од меѓународни компании. Овие игри во март 2023 г. ќе се натпреваруваат на европското полуфинале во Лисабон, Португалија, а понатаму и на глобалното финале во Рио де Жанеиро.
Учесниците може да се регистрираат на следниот линк ТУКА

Вториот натпревар е насловен „КРЕИРАЈ ИГРА ЗА ПЛАНЕТАТА“ и на учесниците им дава можност да се натпреваруваат за награда од 1300€ со тоа што ќе креираат игра за мобилни/паметни телефони на тема климатските промени и животната средина. Натпреварот е под покровителство на Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест Скопје, a финансиски е поддржан преку проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени, финансиран од Владата на Шведска.“

За овој натпревар учесниците може да се регистрираат на линкот ТУКА
Со дебитантското учество на Македонија на Game Jam Plus 2021-2022, се постигнаа две навистина важни нешта:

Македонија беше земја со најголем број на учесници покрај домаќинот Бразил. Во октомври 2021 г. на настанот се вклучија 153 учесници и се формираа 23 тима од кои 5 продолжија во фаза на инкубација, а со тоа и кон полуфиналето.

Играта Paint the Thing на тимот The Side од Охрид се пласираше во финалето и ја доби наградата Best Game Europe. Тимот патуваше на доделувањето на наградите во Рио де Жанеиро каде што се сретнаа учесници и организатори од сите континенти. Овие достигнувања ни се најголем поттик повторно да се организира настанот и да создадат услови за уште поголем успех.

Натпреварот содржи вкупно 6 фази кои се протегаат од октомври 2022 г. до јуни 2023 г.

Game Jam натпревар во тек на викендот 14 – 16 Октомври 2022 г, кој секоја држава учесник може да го организира на физички или виртуелни локации. Темите на кои ќе се работи ќе бидат исти за сите земји, но изборот на најдобрите игри ќе се прави на локално ниво. Од секоја локација ќе бидат избрани игри кои ќе продолжат кон следните фази.
Фаза на инкубација, која ќе се одвива од ноември 2022 г. до јануари 2023 г. Во неа ќе влезат 120 најдобри игри од првата фаза, од цел свет. Тимовите ќе работат заедно со ментори – професионалци од интернационални компании, за да ги развијат своите првични прототипи во функционални игри.

Полуфинале – оценување и прогласување на победници на ниво на континент. Ќе се одвива во текот на февруари и март 2023 г. и во него ќе имаат шанса да учествуваат сите игри од фазата на инкубација. Прогласувањето на победниците на европското полуфинале ќе се одржи во Лисабон, Португалија.
Фаза на акцелерација која ќе се одвива во април и мај 2023 г. и е подготовка за “Business Round” фазата. Во неа ќе учествуваат 50 игри кои се избрани да се натпреваруваат во финалето. Во оваа фаза, игрите ќе бидат разгледувани од страна на издавачи и инвеститори. Тимовите со помош на ментори ќе се подготвуваат за настап во бизнис средина и ќе им се помогне да започнат свои компании и студија.

Светско финале кое ќе се одржи во јуни 2023 г. во Рио де Жанеиро, Бразил. На него ќе се прогласат најдобрите игри во 16 категории, вклучитечно и Game of the Year наградата за најдобрата игра на светско ниво.
Фаза “Business Round”, јуни 2023 г. во која тимовите и студијата ќе имаат директни средби со издавачи, инвеститори и продуценти. Оваа фаза има за цел да им помогне на студијата да ги потпишат своите први бизнис договори.

Настанот Game Jam Plus Macedonia се организира со цел преку подолг настан да се промовира развивањето на дигитални игри во Македонија и да се поддржат сите кои креираат или имаат желба да научат и да креираат дигитални игри. Затоа Game Jam Plus е повеќе од само натпревар. Toa пред се‘ е место за стекнување знаење, нови контакти и започнување на соработка.

Гејминг

World of Warcraft доаѓа на конзоли?

Објавено пред

на

Идејата дека World of Warcraft би можел да дојде до конзолите е пуштена безброј пати, а изгледа дека Blizzard конечно се подготвува да го направи токму тоа.

Од објавувањето во 2004 година, World of Warcraft е достапен само за компјутерската платформа.

Холи Лонгдејл, извршен продуцент за WoW, откри дека објавувањето на WoW на конзолите е честа и честа дискусија на состаноците на Blizzard.

Сепак, сегашниот приоритет на тимот е создавање на трилогијата Worldsoul Saga за WoW, која ќе започне со проширувањето на The War Within подоцна оваа година.

Во интервју за Eurogamer, Лонгдејл повторно се осврна на темата WoW за конзоли, посочувајќи дека се е можно, одбивајќи да навлегува во повеќе детали.

Ова не е потврда дека WoW доаѓа на Xbox или PlayStation, но секако е показател дека Blizzard барем ја истражува можноста.

/V-Online

Прочитај повеќе...

Гејминг

Верувале или не: GTA Vice City се игра на рутер TP-Link ВИДЕО

Објавено пред

на

Наклонетоста на гејмерските ентузијасти никогаш не престанува да не воодушевува.

Овој пат, модерите со прекарите Manawyrm и tSYS е пуштија GTA: Vice City на TP-Link TL-WDR4900 v1 WiFi рутер.

Станува збор за рутер кој има 32-битен процесор базиран на архитектурата PowerPC, кој може да се користи за извршување на такви видео игри како Vice City.

Самиот рутер, се разбира, не е способен да ракува со 3D графика, но со него може да се поврзе надворешна графичка картичка ако користите PCIe (во овој случај, тоа е AMD Radeon HD 7470).

Самиот Windows не е дизајниран да работи во оваа средина, па модерите одлучија да користат Linux. Можеби не е совршено, но затоа е многу интересно!

Прочитај повеќе...

Гејминг

Новите извештаи велат кога ќе излезе следната GTA VI?

Објавено пред

на

Дискусиите за тоа кога GTA VI ќе го види светлото на денот сè уште се во тек, а трејлерот кажа многу друго освен, барем привремено, датумот на објавување.

Потврдено е дека GTA VI ќе излезе некаде во 2025 година, но ништо поконкретно не е кажано. Можеме малку да погодиме врз основа на тоа кога излегоа претходните делови, а благодарение на неодамнешните извештаи можеме дополнително да ја намалиме оваа временска рамка.

Да се ​​вратиме во времето и да видиме во кои месеци се објавени претходните делови. Таму ги имаме GTA: Vice City и GTA: San Andreas во октомври 2002 и 2004 соодветно, потоа GTA IV во април 2008 година и GTA V во септември 2013 година.

Како што можеме да видиме, главно деловите беа објавени во септември или октомври, со единствен исклучок беше GTA IV. Некои навивачи се надеваа дека тука може да се направи исклучок, но тоа тешко дека ќе се случи.

Најновите извештаи покажуваат дека TakeTwo Interactive, компанијата зад Rockstar Studios, ги намалила проекциите за профит за 2025 година од осум на седум милијарди долари.

Најверојатно, оваа загуба од една милијарда е поврзана со доцнењето на објавувањето на видео играта GTA VI. Иако ова не е потврдено, има добри шанси дека GTA VI требаше да излезе порано, па затоа е одложено на есен.

/B92

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Култура1 час

Денеска е „Велики Четврток“, традиции и обичаи за овој голем ден

На Велики Четврток ние славиме четири (4) настани од последните денови на Христовиот живот, а тоа се: миењето на апостолските...

Хороскоп2 часа

Хороскоп за четврток (2 мај)

ОВЕН Се однесувате како личност, која нема време за некои површни средби или за настани што не се вклопуваат во...

Автомобили4 часа

(ВИДЕО) Уникатниот „Aston Martin“ најави нов надграден „V12“ мотор

„Aston Martin“ објави дека V12 моторот не само што не е мртов, туку компанијата го најави и својот фундаментален редизајн....

Технологија4 часа

„Google“ отушта цел „Python“ тим кој бележеше успеси во фирмата, управата вели дека им треба ефтина работна сила

Одлуката е донесена како дел од стратегијата за намалување на трошоците, што всушност значи ангажирање работници надвор од Соединетите Американски...

Магазин8 часа

На децата не треба да им се дозволуваат паметни телефони во рака пред да наполнат 13 години, се вели во експертски извештај на францускиот претседател Макрон

На децата не треба да им се дозволува да користат паметни телефони пред да наполнат 13 години и треба да...

Македонија11 часа

СВР Охрид: Презема мерки за наоѓање на сторители, кои по телефон вознемирувале граѓани за случени сообраќајки на нивни блиски

СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на лица кои деновиве, преку телефонски јавувања кај граѓани од Охрид, лажно претставувајќи се,...

Македонија13 часа

Денес е 1-ви мај, меѓународен ден на трудот, некои велат ден произлезен од традициите на работничкото движење

1-ви мај е меѓународен празник кој се слави ширум светот. Во многу земји се поистоветува со денот на трудот кој...

Хороскоп1 ден

Месечен Хороскоп (Мај 2024)

ОВЕН Драги Овни, пред вас е еден месец во кој првенствено ќе се фокусирате на финансиите. Ќе имате поголеми трошоци,...

Поезија1 ден

Во пресрет на најголемиот празник „Велигден“, стихови на кичевчанката Наумоска за Господовите страданија на патот на болката во страсната седмица

Во пресрет на најголемиот христијански празник „Велигден“, нашата кичевчанка Наташа Наумоска повторно споделува со вас две стохозбирки со духовна содржина:...

Македонија2 дена

Грк понудил поткуп на „Табановце“ па експресно бил лишен од слобода

На 29.04.2024 во 12.40 часот на Граничен премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода Д.К.(49) од Република Грција, поради...

НАЈЧИТАНИ