Следете не

Временска прогноза

Започнува продор на циклонска активност која носи дожд и снег денес и за време на викендот, снежната покривка може да се спушти и на пониските места

Објавено пред

на

Под влијание на циклонска активност, и на многу влажна и многу постудена воздушна маса од север, денес (петок) како и за време на викендов времето во Македонија ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, додека на планините, а потоа  и на повисоките, како и на пониските места во западните, северозападните и во југозападните предели ќе има врнежи од снег. Сето ова ќе биде проследено со северен и со североисточен ветер, и истиот повремено ќе засилува на интензитет.

Локално ќе наврне големо количество на воден талог, особено во западните  и во јужните предели од Македонија (и тоа над 50/60 литри воден талог на метар квадратен).

На планините ќе се формира голема снежна покривка (локално над 60/70 cм снег), на повисоките места таа ќе изнесува од 30 до 40 cм, локално може и повеќе, а во пониските места (градовите) особено во западните, северозападните и во југозападните предели понекаде ќе се формира снежна покривка од 20 до 30 cм, можно е дури и повеќе.

Во Скопскиот регион исто така во истиот период ќе има пообилни врнежи од дожд, додека на околните планини, а потоа  и во повисоките предели од котлината врнежите ќе бидат од снег. Во сабота наутро, како и во претпладневните часови не се исклучува можноста мешавина од дожд и снег на кратко да има и во делови од пониските предели на котлината.

Апелираме во случај доколку патувате према планинските превои, да бидете крајно внимателни и тоа поради очекуваните обилни врнежи од снег. Исто така на планините ќе има услови и за појава на снежни наноси, а во пониските места (градовите) локално, и тоа поради тешкиот  и влажен снег можни се проблеми.

Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 5 степени, особено за време на викендот, а максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот само од 0 до 6 степени. Во Скопје максималната температура за време на овој период ќе се искачува во интервалот од 2 до 5 степени.

Да напоменеме дека помала снежна покривка можно е да се формира понекаде  и во источните предели, и тоа особено на повисоките места, предмалку, доцна вечерва истакна Славчо Попоски од Метеоаларм.

Временска прогноза

Попоски: Од денес па натаму висок УВ индекс и температури до 40°C

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Територијата на нашата Република Македонија од денес (понеделник 23 јуни па се до петок 27 јуни) ќе биде под влијание на засилен топол бран од Африка и истиот ќе услови многу топло и сончево време со мала локална облачност.  Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Што се однесува до температурите тие ќе бидат многу високи, а особено високи температури ќр имаме од среда до петок кога максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 40 степени.

Во Скопје температурата ќе се искачува до околу 39/40 степени, особено од среда до петок. И во Скопскиот регион ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

УВ ИНДЕКСОТ за време на овој засилен топол бран од Африка ќе има екстремно висока вредност  и ќе изнесува коефициент 9. Токму поради ова апелирам граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот, односно од 11 до 17 часот, но и да пијат повеќе течности.

– Барем одсега гледано, освежување на времето, пад на температурите, но и дестабилизирање на атмосферата ќе имаме во петок во попладневните  и во вечерните часови кога ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и можност за ново локално невреме, утрово информираше Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Претежно сончево и по свежо на утро со северен ветер

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Под влијание на стабилна, сува и посвежа воздушна маса од север, викендов повремено ќе засилува ветерот од северен правец, особено денес (сабота 21 јуни), додека утре (недела 22 јуни) ветерот ќе биде со слаб до умерен интензитет и од променлив правец.

Времето ќе биде претежно сончево со појава на мала локална облачност.

Температурите ќе бидат пониски за разлика од оние кои ги имавме до вчера (петок 20 јуни)  и тоа за 3 до 4 степени и максималните дневни температури викендов ќе ни се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени. Во Скопје максималната температура ќе се искачи до околу 31/32 степени.

Наутро пак ќе биде значително посвежо со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 18 степени, предмалку информираше Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Бран кој носи дожд се спушта над Македонија, првично кон север потоа кон западните делови

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Во моментов, од север кон Македонија се спушта влажен фронтален бран кој со себе нови локални но поројни врнежи од дожд, проследени со грмежи и засилен ветер. Ова значи дека во следните часови најпрвин во северните, а потоа и во западните предели ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.

Уште од следните часови можна појава нестабилност, пороен дожд, грмежи и засилен ветер можна е и во делови од Скопскиот регион.

Во текот на денов кај нас следува ново големо дестабилзирање на атмосферата. Многу повеќе детали токму оволу ова следуваат наскоро, утрово информираше Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Магазин3 часа

Најбрз домашен сладолед со само една состојка

Верувале или не, за овој вкусен и кремаст сладолед потребна ви е само една состојка – банана. Ова е одличен...

Магазин3 часа

Летен десерт со само две состојки – готов за 5 минути!

Ако барате нешто брзо, лесно и освежително за време на горештините, овој мус од малина во чаша е совршен избор....

Автомобили3 часа

Toyota го претстави првиот електрифициран Land Cruiser во Европа

Кон крајот на 2024 година, Toyota ја освежи понудата на својот легендарен SUV модел, а сега пристигнува и хибридната верзија...

Хороскоп16 часа

Хороскоп за вторник (24 јуни)

ОВЕН Може да очекувате полека, чекор по чекор, успех на деловно поле. Може да се надевате на средба со личноста...

Македонија1 ден

Ново поскапување на сите горива од ноќеска, ова е новата цена за литар

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени...

Временска прогноза1 ден

Попоски: Од денес па натаму висок УВ индекс и температури до 40°C

Територијата на нашата Република Македонија од денес (понеделник 23 јуни па се до петок 27 јуни) ќе биде под влијание...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за понеделник (23 јуни)

ОВЕН Целото ваше внимание е насочено кон некој семеен проблем. Денес ќе се случи конечната кулминација на сето тоа а...

Македонија2 дена

Полицијата за граничен надзор на „Охридско езеро“ со полни раце работа, приведен охриѓанец и албански државјанин поради незаконит риболов и влез во државата

На 22.06.2025 година во 04.35 часот во водите на Охридското езеро, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор „Охридско...

Lifestyle2 дена

Што навистина се случува кога кожата ќе изгори од сонце?

Изгорениците од сонце не се само моментално црвенило – тие се знак за длабоко оштетување на кожата. Под површината се...

Хороскоп3 дена

Хороскоп за недела (22 јуни)

ОВЕН Може да очекувате промени поврзани со вашето работно место. Пред вас е фаза која може да биде многу турбулентна....

НАЈЧИТАНИ