Занимливости
Заштита на усните со домашен балзам

За да ги регенрирате усните од „пукање“ и да ги заштитите од ново сушење и лупење, заштитете ги со балзам кој можете сами да ги направите….
Усните „пукаат“ од ветрот и студеното време кое ни претстои особено на утро, но и кога ќе ви падне имунитетот, па организмот испраќа порака во исхраната да внесете повеќе витамини. За да ги регенрирате и да спречите ново оштетување, заштитете ги со балзам кој можете сами да го направите.
Потребно е да издвоите само пет минути. Помешајте три лажици пчелин восок и исто толку кокосово масло, а потоа состојките загрејте ги во рерна или микробранова печка, додека да се стопат.
Потоа додадете лажичка масло витамин Е и пет капки маслиново масло, па вратете ги во печката додека смесата целосно да се стопи. Измешајте ги состојките и префрлете ги во пластично кутивче и вашиот балзам за заштита на усните е готов.
/denar.mk
Занимливости
Сте се запрашале ли колкав е рокот на трање на вашите очила за сонце?

Очилата за сонце не се само моден детал, туку и ги штитат вашите очи од штетното сончево зрачење, помагаат во борбата против раното стареење, а штитат и од рак на кожа.
Тоа веќе веројатно го знаете, но она што можеби не сте знаеле е дека и очилата за сонце имаат рок на траење. Имено, експертите по спроведување на студијата на Универзитетот во Сао Паоло, предупредуваат дека очилата со време ја губат својата способност за заштита од блокирање на УВ зраците. Со други зборови, вашите очила најверојатно не ве штитат од УВ зрачењето толку добро како и пред неколку години…
Професорот по офталмологија, д-р Мајкл Ерлих вели дека стаклата едноставно ја губат својата ефикасна заштита поради минијатурни оштетувања, кои настануваат со ставање на очилата во футрола, да речеме- тие оштетувања не мораат дури ни да бидат видливи со голо око.
Недостатокот на заштита на очите од зрачење може да биде причина за проблем. Изложеноста на очите на УВ зраци е поврзана со катаракта и окуларен карцином. Исто така, кожата околу очите ќе старее побрзо поради изложеноста на UVA и UVB зраците.
Иако се потребни повеќе истражувања за да се утврди после колку време наочарите стануваат неефикасни, д-р Ерлих советува да ги менувате отприлика на секои две години.
/denar
Занимливости
„SpaceX“ на Илон Маск со четворица членови на екипажот безбедно пристигна на ISS

Леталото, кое беше лансирано од ракетната компанија SpaceX на американскиот милијардер Илон Маск, со четиричлен екипаж безбедно пристигна рано утринава на Меѓународната вселенска станица (ISS) за шестмесечна научна мисија.
Екипажот се состои од руски космонаут, астронаут од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и двајца членови на екипажот од НАСА.
Леталото, наречено Ендевор, се приклучи на вселенската станица денеска, кратко по 06:40 часот по средноевропско време, речиси 25 часа по лансирањето од вселенскиот центар Кенеди на НАСА во Кејп Канаверал, Флорида.
Приклучувањето беше потврдено кога ISS и капсулата летаа со брзина од 28.164 километри на час на околу 240 километри над Земјата над брегот на Источна Африка, според директен пренос на веб-страницата на НАСА.
Носачот на SpaceX, кој се состои од ракета „Фалкон 9“ на врвот на капсулата „Cru Dragon“ со автономна контрола, полета во 05:34 часот по средноевропско време од вселенскиот центар Кенеди на Флорида.
Лансирањето беше емитувано во живо на веб-страницата на НАСА, а на снимките се гледа како леталото од 25 ката се издигнува од лансираната кула, објави Ројтерс.
Шестмесечната научна мисија на екипажот ќе вклучува околу 200 експерименти и технолошки демонстрации, почнувајќи од истражување за растот на човечките клетки во вселената до контролирање на запаливи материјали во микрогравитација.
Летот дојде 72 часа откако првичниот обид за лансирање рано наутро во понеделникот беше одложен во последен момент поради блокирање на протокот на течноста за палење на моторот.
НАСА објави дека проблемот е решен со замена на затнатиот филтер и чистење на системот, пренесе британската агенција.
/rtv
Занимливости
Откриена нова одаја на Кеопсовата пирамида во Египет

Египетските власти објавија дека откриле нова запечатена комора стара 4.500 години во една од Големите пирамиди во Гиза. Коридор кој се наоѓа над влезот на северната страна на Кеопсовата пирамида, долг девет метри и широк два метри, открија современи скенери.
Археолозите се уште не знаат за што се користела новооткриената комора во која не се влегува однадвор. Египетскиот археолог Захи Хавас и министерот за туризам Ахмед Еиса го објавија откритието денеска на церемонија пред пирамидата.
Професорот по неинвазивно тестирање на Техничкиот универзитет во Минхен и водечки член на истражувачкиот тим, Кристијан Грос, рече дека на крајот од коридорот има две големи варовнички плочи.
– „Сега главната работа е да откриеме што се крие зад овие камења, а што е под комората“, рече Грозе, додавајќи дека за време на истражувањето биле користени различни техники на скенирање.
Комората е пронајдена со помош на ултразвучни мерења и радари кои скенираат објекти под земја, а Гроси се надева дека овие техники ќе доведат до дополнителни откритија од внатрешноста на пирамидата.
Пирамидата висока 146 метри била изградена на висорамнината Гиза од фараонот Куфу или Кеопс од четвртата династија, кој владеел од околу 2609 п.н.е. до 2584 п.н.е.
Големата пирамида е најголемата од трите пирамиди лоцирани во Гиза и е едно од седумте чуда на античкиот свет.
/n1info.rs
-
Хороскоп19 часа
Хороскоп за вторник (21 март)
-
Кичево3 часа
Тешка сообраќајка предмалку била случена на излез од град Кичево према Македонски Брод
-
Кичево1 ден
Вчера во Кичево настанал пожар во зграда, каде за среќа нема повредени, интервенирала ТППЕ
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (20 март)
-
Македонија1 ден
Од ноќеска нова намалена цена на горивата, кај авто-плинот сè уште нема промени..
-
Спорт1 ден
(ВИДЕО) Сејдини и Масев ги пречекаа Адеми и Ристовски, кои од вечерва се приклучуваат на А тимот за првиот предизвик в четврток
-
Временска прогноза22 часа
Продор на влажен воздушен бран од запад утре ќе донесе поинтензивни врнежи од дожд во Македонија!
-
На денешен ден12 часа
На денешен ден – 21 март | Денес и официјално започнува пролетта, а бележиме и ден на Екологијата..