Следете не

Временска прогноза

Засилен ветер ќе донесе дожд и промена на времето

Објавено пред

на

Под влијание на влажен воздушен бран од запад и југозапад во Македонија денес ќе има врнежи од дожд, кои особено во јужните и во југозападните предели повремено ќе бидат пообилни. Во текот на денов ќе започне да дува умерен до засилен, повремено и локално силен ветер од јужен и од југоисточен правец (над 60 км/час).

И во Скопје и околината денес ќе има повремен дожд, а ќе започне да дува и повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.

Што се однесува до температурите, тие денес ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени, а во Скопскиот регион максималната дневна температура на воздухот ќе се искачи до околу 16 степени, информира Славчо Попоски

Временска прогноза

Пред нас ладен бран на Балканот, на Алпите веќе е опснежено!

Објавено пред

на

Ладниот бран кој со денови се нјајавуваше од моја страна, но и од страна на метеоролозите во регионот, но и од Европските метеоролози, од северозапад, преку алпскиот регион, пристигна и на Балканот, условувајќи нагло заладување на времето, силно невреме на многу места, поројни поплави и бурен ветер кој направи многу штети, а невремето во Белград предизвика да бидат повредени и повеќе од 20 луѓе.

Европските алпи се покриени со снег среде јули.

Снегот пристигна и на Балканот, односно на високите планини во Словенија, па така снежна покривка се формираше на Кредарица, висока планина во Словенија, рано утрово информираше Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Преку ден „пекол“, од ноќеска заладување со локален дожд, ова се метео информациите

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Многу топлиот бран од југ, односно од Африка продолжува и денес (недела 6 јули) во Република Македонија. Сепак, во попладневните  и во раните вечерни часови, и тоа поради продор на поладен воздух од север на висина очекувам локално дестабилизирање на атмосферата кај нас, и тоа особено во планинските предели.

Во ваква ситуација, очекуваме локален развој на конвективни грмотевични облачни јадра од кои ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално, како што погоре најавив, особено во планинските предели очекувам поинтензивни атмосферски процеси, во форма на невреме со пороен дожд, силен ветер (над 60 км/час) силни електрични празнења  и со појава на покрупен град.

– И во Скопскиот регион ќе има услови за локална краткотрајна нестабилност со пороен дожд, грмежи и силен ветер.

Апелирам на голема внимателност, и тоа во случај на појава на невреме и на силни електрични празнења, односно да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Исто така, во случај на појава на силен ветер граѓаните да ги заштитат своите автомобили, односно да не ги ставаат во близина дрвјата, особено оние дрвја кои се осамени.

Што се однесува до температурите, тие  и понатаму насекаде ќе надминуваат 30 степени, а во Повардарието тие ќе надминат  и 40 степени. Во Скопје  и околината температурата ќе се искачи до околу 40 степени, или пак ќе надмине 40 степени, истакна Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Денес многу топло, додека утре краткотрајна дестабилизација и услови за дожд

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Викендов во Македонија и понатаму ќе биде под влијание на многу топлиот бран кој продира од југ, односно од Африка. Времето ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец кој повремено ќе засилува на интензитет. И во Скопскиот регион викендов  ќе имаме претежно сончево и многу топло време со појава на мала локална облачност  и со слаб до умерен ветер од променлив правец, како и негово повремено засилување на интензитет.

Сепак, поради продор на поладен воздух од север на висина, утре (недела 6 јули) во попладневните часови ќе имаме локален развој на конвективни грмотевични облачни јадра од кои очекувам појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално атмосферските процеси ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд, силен ветер (над 60 км/час), силни електрични празнења  и со услови за појава на град кој би можел да биде  и покрупен.

Ваквите поинтензивни атмосферски процеси особено ќе ги има во планинските предели.

Што се однесува до температурите, тие викендов и понатаму насекаде низ нашата Македонија ќе надминуваат 30 степени, а во Повардарието тие локално повторно ќе надминуваат 40 степени. И во Скопје и околината температурата викендов ќе достигне до околу 40 степени, или ќе надминува 40 степени.

Ув индексот ќе има многу висока вредност  и ќе изнесува 9. Токму поради ова, апелирам, осоебно оние повозрасните граѓани без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот).

Исто така, на граѓаните ги советувам да пијат  и повеќе течности за време на овие големи летни горештини, утрово информираше Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Временска прогноза5 часа

Пред нас ладен бран на Балканот, на Алпите веќе е опснежено!

Ладниот бран кој со денови се нјајавуваше од моја страна, но и од страна на метеоролозите во регионот, но и...

Хороскоп11 часа

Хороскоп за среда (9 јули)

Овен  Потрудете се да размислувате малку поразумно кога се работи за љубовта и романсата. Можеби ќе треба да бидете малку...

Кичево16 часа

Во сабота традиционална „Мото парада 2025“ по повод „Петровден“, именден на нашиот градски храм „Св.Петар и Павле“

Почитувани кичевчани, чест и задоволство ни е да ве информираме дека и оваа година продолжува традицијата по повод именденот на...

Магазин24 часа

Најдобрите телефони на Xiaomi можеби ќе добијат голема промена

Кинескиот технолошки гигант Xiaomi планира значителна промена во стратегијата за мобилна фотографија. Според доверливи извори, компанијата ќе ја прекине соработката...

Магазин24 часа

YouTube Create конечно достапен и на iOS: Видео едитор за мобилни уреди пристигнува на iPhone

По речиси две години од првото појавување, мобилната апликација за уредување видеа YouTube Create конечно пристигнува и на iOS уредите,...

Lifestyle24 часа

Напиток што ги топи килограмите, го чисти телото и забрзува метаболизмот – резултатите се видливи за 7 дена

Ако сакате да се ослободите од тврдокорните маснотии на стомакот, чувството на тежина и надуеноста – а немате време за...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за вторник (8 јули)

ОВЕН Можеби се занимавате со некој вид на докажување на работното место како пред себе така и пред другите. Можни...

Скопје1 ден

Лишен од слобода скопјанец, подметнал пожар во Ѓорче Петров

Вечерва (07.07.2025) полициски службеници од СВР Скопје на територија на Ѓорче Петров го лишија од слобода Д. Н. (57) од...

Спорт2 дена

(ВИДЕО) Екипата на „Рибник-Добреноец“ го освои првото место на традиционалниот турнир во мал фудбал по повод „Иванден“ с.Староец

Денес беше завршниот ден на големиот турнир во с.Староец Кичево по повод Иванден. По одиграните натпревари кои завшрија со следните...

Македонија2 дена

ТППЕ Кичево сеуште дејствуваат во Самоков, до моментов 8 активни пожари ширум Македонија

Екипа на ТППЕ Кичево на барање на Општина Македонски Брод со сите расположливи средства сеуште се борат со огнената стихија...

НАЈЧИТАНИ