Временска прогноза
Засилен ветер со зголемена облачност од запад каде можни се локални врнежи од дожд и грмежи
Метео анализата за денес говори дека облачноста од запад ќе се зголемува, па попладне ќе биде променливо облачно со локален пороен дожд, грмежи и повремено силен ветер. На повеќе места ќе дува умерен до засилен ветер претежно од западен правец (над 60 км/час), особено на повисоките места и во западните делови.
Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 28 степени.
Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Променливо облачно со сончеви периоди и со умерен, повремено засилен ветер од западен правец. Попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд со ретки грмежи. T= 24 °C, P= 970 hPa, U= 40 %, V= 4 m/s.
Утре се очекува Сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за појава на локален краткотраен дожд во планинските региони. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, поизразен во западните делови.
Температурите ќе се движат како и до сега – наутро од 5 до10, а дневните од 14. до 27. степени.
Извор: УХМР
Временска прогноза
Од утре доаѓа бура од дождови во западниот регион од Македонија
Под влијание на циклонска активност со центар над Џенова, денот (недела 26 октомври) ни носи променливо време со локални врнежи од дожд и со засилен, повремено силен ветер од јужен и од југозападен правец. Особено обилни врнежи ќе има во западните предели и тоа особено во текот на ноќта кон понеделник кога ветерот повремено и локално ќе достигнува брзина дури до 90 км/час. Овие процеси особено во западните предели ќе бидат застапени во форма на силно невреме.
Особено во западните предели локално ќе наврне значително количество на воден талог (над 30 литри на метар квадратен дожд). Ќе има услови и за појава на грмежи во западните предели од нашата Македонија. И во Скопје и околината за време на оваа циклонска активност ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен и од југозападен правец а ќе има и повремени врнежи од дожд.
Што се однесува до температурите тие остануваат да бидат над просекот за овој период од годината и тие ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени а во Скопје температурата ќе се искачува до околу 19 степени.
Поради очекуваниот силен и бурен ветер апелирам граѓаните навремено да ги заштитат своите автомобили, односно истите да ги ставаат подалеку од старите и осамени дрвја, известува Славчо Попоски
Временска прогноза
Периодот пред нас со нови врнежи деновиве и силен ветер до 70 км/час
Длабок циклонски систем со центар над централна и над северозападна Европа и истиот од северозапад ќе се преместува кон северните и североисточните предели на Европа кај нас ќе услови да имаме многу ветровито време и да бидеме во топлиот дел од овој длабок циклонски систем кој ќе придонесе за натпросечно високи температури на воздухот. Сето ова ќе услови во следните денови кај нас да дува засилен, повремено силен ветер од јужен и од југозападен правец (повремено и локално со брзина до околу 70 км/час). И во Скопје и околината следува многу ветровито време со засилен, повремено силен ветер претежно од југозападен правец.
Времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат поројни и проследени со локална појава на грмежи. И во Скопје и околината ќе има повремен локален дожд кој повремено во делови од котлината ќе биде пороен и со услови за појава на грмежи.
Се на се како што најавив пред нас е многу ветровито време па токму поради ова ве советувам да ги заштитите своите автомобили во случај на појава на силен ветер, односно истите да не ги ставате во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои се стари и се осамени. Температурите во деновите пред нас на многу места ќе се искачат до околу 20 степени а на повеќето места тие ќе надминат и 20 степени. Во Скопје и околината исто така во деновите пред нас температурата ќе надмине 20 степени, информира Славчо Попоски
Временска прогноза
Пред нас период на суво време и значително топло
Во почетокот од новата работна недела, односно во понеделник и во вторник (20/21 октомври) времето во Македонија ќе биде стабилно, суво и сончево а во вторник полека облачноста од запад ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец.
И во Скопје и околината времето ќе биде стабилно и суво со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Во среда (22 октомври) ќе имаме и повремени локални врнежи од дожд.
Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 18 степени, во Скопје и околината максимумот на температурата ќе се искачува до околу 16 степени. Тоа значи дека температурите и понатаму ќе бидат под просекот за овој период од годината, информира Славчо Попоски
-
Кичево12 часаВчера во кичевското с.Староец затекнат бил крушевчанец на криволов
-
Кичево2 денаУтре во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, се организира „Хуманитарен концерт“ на здружение на родители на деца со пречки во развој, да бидеме хумани!
-
Хороскоп1 денХороскоп за сабота (25 октомври)
-
Спорт6 часаФК Напредок со победа и едноминутно молчење оддаде почит кон легендата Зоран Ѓорѓиоски-Мрско
-
Македонија1 денВисоки претставници на МВР денес беа во работна посета на ГП Блато и ОВР Дебар
-
Македонија2 денаВо недела наутро започнува зимското сметање на време, со тоа што стрелките се враќаат еден час поназад
-
Македонија2 денаАМСМ: Поради излетано тешко товарно возило, патот Скопје-Куманово кај Хиподром (обиколница) е во прекин
-
Хороскоп4 часаХороскоп за недела (26 октомври)
