Македонија
Засилени акциски контроли: 474 санкции за брзо возење, 74 со над 50 километри на час над дозволеното
Во текот на вчерашниот ден (30.01.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на цела држава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 474 возачи.
Од нив, 74 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 13 возилa се движелe со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното.
Притоа, 161 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 313 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Извор: МВР
Македонија
„ЛУКОИЛ Македонија“ продолжува да функционира во нормални рамки
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, денеска изјави дека е позитивно тоа што бензинските станици на „Лукоил“ можат непречено да работат во сите држави каде што се присутни. Тој потенцира дека изминатиот месец, и покрај воведените санкции, не се појавиле никакви потешкотии во работењето на „Лукоил Македонија“.
– „Снабдувањето со нафтени деривати се одвива стабилно и без застои. Причината за тоа е што Македонија, за разлика од голем дел од другите земји, не поседува рафинерија во сопственост ниту на Лукоил, ниту на Руската Федерација. Новите мерки донесени од САД дополнително ќе имаат позитивно влијание врз состојбата“, истакна Бислимоски одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата.
Вчера во официјалното соопштение од „OFAC“ беше прецизирано дека роковите се пролонгирани до 29 април 2026 година.
Македонија
Сообраќај по наместа влажни коловози, намалена видливост поради магла има на превоите „Стража, Ѓавато, Плетвар и Крушево “
АМСМ и Македонија Пат известуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 50 м. има на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево.
Македонија
Тргнати блокадите на граничен премин „Евзони“ за влез и излез кон Грција
АМСМ предмалку соопшти дека од 21:00 ч. блокадите на ГП Евзони, за влез и излез кон Р.Грција се отстранети. Сообраќајот за сите видови возила е нормализиран.
-
Хороскоп1 денХороскоп за недела (7 декември)
-
Кичево6 часа„ЕВН КЕЦ Кичево“ во вторник ќе работи на терен, дел од „Ужичка“, „Мечкин Камен“ и дел од месноста „Под Крушино“ времено ќе бидат без електрична енергија
-
Временска прогноза2 денаСе менува ли климата? Најава за невообичаено топло време од следната седмица во месец декември – ова се информациите
-
Хороскоп3 часаХороскоп за понеделник (8 декември)
-
Здравје и убавина1 денКако полесно да ја издржите диетата за слабеење
-
Здравје и убавина7 часаДајте им одмор на цревата во организмот со ова овошје
