Кичево
Затекнато возило со огревно дрво во кичевско

Портпаролот на СВР Охрид г-дин Стефан Димоски ги извести медиумите дека вчера на 05.04.2021 во 22.50 часот, при извршени контроли на локален пат во кичевското село Колибари, полициските службеници затекнале патничко возило „Крајслер“ со кичевски регистарски ознаки, управуван од Ф.Д. (40) од селото Стрелци.
При преглед во возилото констатирано е дека превезувал огревно дабово дрво за кое немал соодветна документација.
Дрвната маса е одземена од претставници на Шумската полиција и по целосно документирање на настанот ОВР Кичево ќе поднесе соодветна пријава.
Извор: СВР Охрид
Кичево
Нова самопослужна автоперална „Fi-Go“ во Кичево: Брзо, практично и достапно решение за чисто возило

Љубителите на чисти и уредни автомобили во Кичево отсега имаат нова, модерна опција за миење и одржување на своето возило. Самопослужната автоперална „Fi-Go“ е отворена и нуди практична услуга за чистење на автомобилот во секое време – благодарение на работното време 24/7, и се наоѓа на локацијата ТУКА
Што нуди „Fi-Go“?
-
Пена: 30 секунди за 10 денари – за ефикасно нанесување на средство за чистење и отстранување нечистотии.
-
Вода: 60 секунди за 10 денари – за темелно испирање на возилото.
-
Правосмукалка: 45 секунди за 10 денари – за брзо и прецизно чистење на ентериерот.
Начини на плаќање
Плаќањето е лесно и достапно за сите – се прифаќаат монети, книжни пари.
Зошто да ја изберете „Fi-Go“?
-
Брзина: За само 10 минути можете целосно да го освежите автомобилот.
-
Флексибилност: Работи 24 часа, секој ден во неделата.
-
Едноставност: Лесно ракување со апаратите и брза услуга.
Ако сакате вашето возило секогаш да биде чисто без да трошите многу време и пари, „Fi-Go“ во Кичево е идеалниот избор. Посетете ја и уверете се во квалитетот на услугата!
Кичево
(ФОТО) ТППЕ Кичево: Нов случај со запалена дива депонија во кичевско

Нов случај со запалена дива депонија во кичевско. Имено од рано утрово овој е втор случај ТППЕ Кичево да излезе на терен.
Последната интервенција е пред половина час во месноста Бичинци, односно покрај пат на дива депонија Бичинци-Мамудовци.
На терен дејствуваше екипа на ТППЕ Кичево со четири пожарникари.
Уште еднаш преку нашиот медиум пожарникарите апелираат за сериозноста на овој период на годината, да внимаваат, бидејќи мал отпушок е доволен за да се случи пожар!
Кичево
(ФОТО) Се запали дива депонија покрај пат кај с.Пополжани, интервенираше ТППЕ Кичево

Во 18:17ч денес пријавено било дека гори дива депонија во близина на с.Пополжани кичевско од битолска страна.
Како што не известија од ТППЕ Кичево, се извршуваат дополнителни активности околу гаснењето.
-
Кичево12 часа
Нова самопослужна автоперална „Fi-Go“ во Кичево: Брзо, практично и достапно решение за чисто возило
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за понеделник (7 јули)
-
Македонија2 дена
ПС за граничен надзор „Охридско езеро“ не запира, фатени живи албански државјани длабоко на наша територија во незаконит лов на риба
-
Временска прогноза2 дена
Преку ден „пекол“, од ноќеска заладување со локален дожд, ова се метео информациите
-
Спорт4 часа
(ВИДЕО) Екипата на „Рибник-Добреноец“ го освои првото место на традиционалниот турнир во мал фудбал по повод „Иванден“ с.Староец
-
Спорт1 ден
За „Иванден“ дефинитивно мора да бидете во с.Староец, на одлична традиција, фудбал и уживање
-
Македонија6 часа
ТППЕ Кичево сеуште дејствуваат во Самоков, до моментов 8 активни пожари ширум Македонија
-
Македонија17 часа
(ВИДЕО) Два хеликоптери на МВР и еден на АРМ утрово дејствуваат над пожарите во Чучер Сандево, Чучер и Блаце