Македонија
Затворски бегалец од Тетово баран со потерница пронајден во Кичево

На 28.09.2024 во 13 часот на улицата „Маршал Тито“ во Кичево, полициски службеници го привеле Џ.С.(44) од Тетово, кој бил баран врз основа на издадена наредба од Основниот суд во Тетово и распишана потерница од Казнено поправната установа „Затвор Идризово“ – Скопје, за доиздржување на казна затвор во траење од една година и девет месеци.
Лицето е спроведено во казнено поправната установа, за медиумите известуваат од Министерството за внатрешни работи.
Македонија
Одделот за внатрешна контрола при МВР констатира непрофесионално однесување во случајот со Демир Хисар, началник ќе биде разрешен

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време на претрес во Демир Хисар, констатираше непрофесионално и неетично однесување на началник во ОВР Демир Хисар. За лицето е покрената дисциплинска постапка.
Со цел целосна непристрасност и објективност на истрагата, наведениот началник ќе биде разрешен од функцијата.
МВР го осудува секој облик на насилство, незаконско или непрофесионално постапување. Полицијата е тука за да ги спроведува законите и да им служи на граѓаните.
Македонија
(ФОТО) Полиција од РЦ Запад, Франгово и Лабуништа запленија огревно дрво, безправно исечени, сторителите во бегство

На 08.08.2025 година во 14:30 часот, при контроли извршени кај месноста „Студенец“ во атарот на струшкото село Радолишта, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор во селото Франгово и Лабуништа, при граничната полиција регионален центар „Запад“, пронајдоа, два трактори без регистарски ознаки, натоварени со буково огревно дрво.
Две лица кои вршеле бесправна сеча со моторна пила, откако ги забележале полициските службеници, избегале од местото оставајќи ги тракторите, моторните пили и другата опрема.
– При извршен увид, констатирано е дека се работи за бесправна сеча на дрво за огрев од околу 60 метри просторни кои, по консултација со јавен обвинител, се предадени на претставници на Шумското стопанство од Струга.
По целосно расветлување на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, извести портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Македонија
РЦ Запад во координација со СВР Охрид санкционираа албански државјанки без регулиран престој

На 07.08.2025 во угостителски објект во струшкото село Велешта, Регионалниот центар Запад, полициски службеници од СВР Охрид, ОВР Струга, ПО во селото Велешта од слобода ги лишија албанските државјанки М.И.(35), Е.И.(41), Е.Т.(30), Р.К.(34), Е.Т.(33) и Е.Т.(31).
При контрола во објектот било констатирано дека го немале регулирано престојот во земјава.
Тие биле спроведени во ОВР Струга за понатамошна постапка и по целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, истакна портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за недела (10 август)
-
Македонија2 дена
(ФОТО) Полиција од РЦ Запад, Франгово и Лабуништа запленија огревно дрво, безправно исечени, сторителите во бегство
-
Хороскоп9 часа
Хороскоп за понеделник (11 август)
-
Хроника2 дена
Трагедија на охридско езеро, жител на Бугарија при нуркање повеќе не излегол од водите на езерото
-
Македонија13 часа
Одделот за внатрешна контрола при МВР констатира непрофесионално однесување во случајот со Демир Хисар, началник ќе биде разрешен