Следете не

Свет

Затворски казни за белоруските опозиционери

Објавено пред

на

Лидерот на белоруската опозициска партија, Павел Северинец и уште шестмина активисти денеска беа осудени на четири до седум години затвор, изјавија за агенцијата Франс прес новинарите кои го следеа судскиот процес

Судењето за оваа група трае од средината на мај во Могилев, на истокот од земјата, за учество во „масовни немири“, што се однесува на масовни протести во август 2020 година, поради реизборот на претседателот Александар Лукашенко.

Пресудата беше донесена кога ЕУ воведе нови санкции кон Белорусија за пренасочување на трговскиот лет на „Рајанер“ од Атина-Вилнус кон Минск за да може да го уапси Роман Проташевич.
26-годишен опозициски новинар кој бил во авион.

Северинец, кој е на чело на нерегистрираната Демохристијанска партија, беше уапсен во јуни 2020 година додека собираше потписи за опозициски кандидат на претседателските избори во август.

Опозиционерот, кој веќе издржа три години затвор во 2010 година за политички активизам, беше во притвор 11 месеци и затоа не можеше да учествува на минатогодишните протести.

Другите шестмина осудени се исто така активисти на опозицијата.

Судскиот процес беше затворен за јавноста, освен изрекувањето на казната.

Опозицијата го оспорува повторниот избор на Лукашенко, кој е на власт од 1994 година и смета дека минатогодишните избори се украдени.

„Белорусија ќе биде на слобода“, рече Северинец по изрекувањето на пресудата, а неговите приврзаници почнаа да викаат во судницата: „Веруваме, можеме, ќе победиме“.

Свет

Маск: „SpaceX“ нема да го повлече својот вселенски брод „Dragon“

Објавено пред

на

ФОТО: SpaceX @ Unsplash.com

Илон Маск објави дека неговата ракетна компанија SpaceX нема да го повлече својот вселенски брод „Драгон“. Иако само неколку часа претходно тој изјави спротивното, дека авионот ќе биде повлечен од оперативна употреба.

Оваа ненадејна промена на ставот доаѓа во време на ескалација на јавниот конфликт меѓу Маск и претседателот на САД, Доналд Трамп. Конфликтот се засили во последните денови со размена на остри коментари на социјалните мрежи и изјави во медиумите.

Маск не ги објасни детално причините поради кои одлучил да ја промени претходната одлука. Сепак, постојат шпекулации од кругови блиски до компанијата дека моменталната политичка ситуација и потенцијалното влијание врз договорите со американската влада би можеле да играат клучна улога.

Вселенскиот брод „Драгон“, кој се користи за транспорт на товар и астронаути до Меѓународната вселенска станица, останува дел од вселенската програма на „Спејс Екс“.

Извор: phys.org

Прочитај повеќе...

Свет

Ноќеска во Грција регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала

Објавено пред

на

ФОТО: screenshot/nagix.github.io/X/WorldEQLocator

Во раните утрински часови, во 3:06 по локално време, во областа на Коринтскиот Залив во Грција бил забележан земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала, информира Атинскиот геодинамички институт.

Според информациите од институтот, епицентарот се наоѓал на 13 километри југоисточно од градот Галаксиди, а потресот бил на длабочина од 13,5 километри.

Коринтскиот Залив е познат како подрачје со висока сеизмичка активност, каде често се случуваат земјотреси, пишува „Катимерини“.

Прочитај повеќе...

Свет

(Вознемирувачко Видео) Хаотични сцени на прославата за титулата на Ливерпул, влета со автомобил во толпа навивачи!

Објавено пред

на

ФОТО: screenshot/youtube

Фудбалерите на Ливерпул сè уште ја прославуваат титулата која ја обезбедија уште пред крајот на сезоната. Во неделата, тие официјално го подигнаа трофејот пред своите навивачи.

Илјадници луѓе излегоа на улиците за да ја одбележат победата, како што и се очекуваше.

Меѓутоа, прославата беше засенета од еден немил настан.

Невообичаена и вознемирувачка ситуација настана кога непознат возач со автомобил влета меѓу навивачите кои славеа.

– Предмалку полицијата во Велика Британија соопшти дека еден маж е приведен во Ливерпул, северна Англија, по пријавите дека автомобил се судрил со пешаци.

„Моментално се справуваме со пријави за сообраќајна несреќа во центарот на Ливерпул“, соопшти полицијата од Мерсисајд на X во понеделник. „Бевме контактирани веднаш по 18 часот денес, понеделник, 26 мај, по пријавите дека автомобил се судрил со голем број пешаци на улицата Вотер. Автомобилот застанал на местото на настанот и еден маж е приведен“, се додава во соопштението.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија1 час

Лишен од слобода старец од тетовско, на нива запалил сува трева и отпадоци

На 10.07.2025 во 21.00 часот во близина на бензинска пумпа во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од...

Хороскоп11 часа

Хороскоп за петок (11 јули)

ОВЕН Ова може да биде интересен ден на работа, бидејќи ќе имате голема помош и некој кој може да делува...

Македонија16 часа

ЦУК: Ова е состојбата со пожарите до моментот, вкупно 29 пожари на отворен простор, 9 активни

На 10.07.2025 година, до 18:30 часот, има вкупно 29 пожари на отворен простор, од кои 9 се активни, 4 се...

Скопје17 часа

Лишени уште две лица во Скопје, фатени како предизвикуваат пожар

На 10.07.2025 во 15:30 часот, при вршење на патрола на патот помеѓу Кадино и Миладиновци од страна на полициски службеници...

Македонија20 часа

(ФОТО) МВР: Фатени тројца малолетници, со бензин, петарди и запалка

Во рамки на преземените обемни активности околу состојбата со пожарите во скопскиот регион, вчера (09.07.) на подрачје на ЕВР Гази...

Магазин22 часа

Овој скриен режим го забавува вашиот Android телефон – еве како да го исклучите и повторно да добиете брзина

Ако вашиот телефон стана бавен преку ноќ – апликациите се отвораат бавно, скролувањето „шкрипи“, а екранот реагира со доцнење –...

Магазин22 часа

YouTube најавува построги мерки против видеа генерирани со помош на вештачка интелигенција

YouTube се подготвува да ги ажурира своите правила за да ја ограничи можноста на креаторите да монетизираат „неавтентична“ содржина –...

Кичево1 ден

Вчера во Кичево при засилена акциска контрола на МВР изречени 86 санкции во еден ден

На 09.07.2025 година во периодот од 16.00 до 22.00 часот Секторот за  сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција-Биро за јавна безбедност и...

Македонија1 ден

ЦУК: Вчера најмногу повици до сега во еден ден

Овој извештај покажува дека на 9 јули 2025 година (среда), системот за итни повици E-112 забележал 4199 повици, што е...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за четврток (10 јули)

Овен Пристапете се чекор по чекор денес, бидејќи тоа е како да се движите низ минско поле! Ситуацијата на работа...

НАЈЧИТАНИ