Скопје
Завршени проверки, лажни се дојавите за бомби во скопските училишта

Лажни се пријавите за наводно поставени експлозивни направи во основни и средни училишта во Скопје, завршија сите потребни проверки
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека денеска (09.02.2023) во 15.55 часот завршија сите потребни проверки во врска со денешните пријави од 13 основни и 6 средни училишта во Скопје по добиените пораки на електронски адреси со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.
Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, истакна Министерството за внатрешни работи.
Скопје
(ВИДЕО+ФОТО) Спречено организирано бегство од затворот Идризово, откриен тунел

Министерството за внатрешни работи, Биро за јавна безбедност, Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Агенцијата за национална безбедност спречи организирано бегство од Казнено поправниот дом Идризово.
Имено, Министерството за внатрешни работи по добиени криминалистички сознанија дека група од најмалку 8 осудени лица кои издржуваат казна затвор во КПД Идризово, осудени за сериозни кривични дела со определени казни од 10 години до доживотен затвор, подготвуваат бегство од затворот со копање на тунел, спроведе криминалистичко оперативни активности на проверка на информациите по што истите ги сподели со Управата за извршување на санкциите.
По доставувањето на сознанијата до Управата, од нивна страна се извршени проверки на местото кое беше посочено како потенцијален тунел, при што беше утврдено постоење на ископан тунел во должина од околу 40 метри, лоциран до објект кој се користел за одлагање на јаглен во правец на заштитната ограда позади која се наоѓа женското одделение, а во непосредна близина на зградата на затвореното одделение на затворот, на длабочина од околу 1 метар, во дијаметар од околу 80 сантиметри, соодветно обезбеден со попречни греди и тули. Во тунелот се пронајдени повеќе пластични корпи на кои се врзани јажиња, а со кои се извлекувала ископаната земја и електричен кабел со сијалица која им служела за осветлување на тунелот.
Министерството за внатрешни работи во координација со надлежното јавно обвинителство презема дополнителни мерки и активности за расчистување на случајот.
Скопје
Денес во Скопје посебен сообраќаен режим поради марш за женски права

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека денеска (08.03.2023), поради најавено одржување на марш за женски права, со почеток во 18.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје ќе преземат мерки за посебен режим на сообраќајот.
Притоа, трасата на движење е од плоштадот „Филип Втори Македонски“, во продолжение по ул.„11 Март“, право на бул.„Гоце Делчев“, десно по бул.„Илинден“, лево по бул.„Св. Климент Охридски“, лево по ул.„Димитрие Чуповски“, во продолжение по ул.„11 Октомври“ и лево до парк „Жена борец“.
Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива маршот со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.
/МВР
Скопје
МВР со официјално соопштение за немилиот настан на „Самоилова“

На 06.03.2023 во 20.11 часот во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект на ул. „Самоилова“ во Скопје пет лица облечени во црна облека со фантомки од огнено оружје пукале кон Ј.К. (37) и Е.И. (28), кои починале на местото на настанот, и кон А.Т.(34) од Скопје, кој се здобил со повреди и бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување лекарска помош.
Известен е јавен обвинител, кој излезе на лице место и по чија наредба телата се дадени на обдукција. Околу 20.30 часот било опожарено возило „ауди а6“ на патот кон Горно Оризари.
По насоки од јавен обвинител, извршени се службени разговори со повеќе лица и се преземаат соодветни мерки и активности за расчистување на убиството.
/МВР
-
Хороскоп20 часа
Хороскоп за вторник (21 март)
-
Кичево4 часа
Тешка сообраќајка предмалку била случена на излез од град Кичево према Македонски Брод
-
Кичево1 ден
Вчера во Кичево настанал пожар во зграда, каде за среќа нема повредени, интервенирала ТППЕ
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (20 март)
-
Кичево57 минути
(ФОТО) Дечињата од кичевското ООУ Др „Владимир Полежиноски“ со цветни бомби ја најавија пролетта
-
Македонија1 ден
Од ноќеска нова намалена цена на горивата, кај авто-плинот сè уште нема промени..
-
Спорт1 ден
(ВИДЕО) Сејдини и Масев ги пречекаа Адеми и Ристовски, кои од вечерва се приклучуваат на А тимот за првиот предизвик в четврток
-
Временска прогноза23 часа
Продор на влажен воздушен бран од запад утре ќе донесе поинтензивни врнежи од дожд во Македонија!