Следете не

Култура

Здружението на родители на деца со пречки во развојот „Надеж“ од Кичево во четврток прославува 20 годишнина

Објавено пред

на

Во четврток на 14.07.2022 во Н.У. ЦК „Кочо Рацин“ – Кичево здружението на родители на деца со пречки во развојот „Надеж“ свечено ќе го одбележи своето 20 годишно постоење. По твој повод преку нашиот медиум Ве покануваат на заедничко одбележување.

Настанот е предвиден да почне во 19:00 часот.

Култура

За слобода на денешен ден се војувало на месноста Подуач с.Речани – кичевско, слава им!

Објавено пред

на

Месност Подуач, с. Речани. За време на Илинденското востание на 9 август 1903, тука, слабо вооружени чети бранејќи ја слободната територија биле пречекани од многубројниот аскер од Османлиската војска од Кичево каде загинале 130 востаници.

Дел се спасиле пробивајќи се до селото, се спротиставиле, преживеале, продолжиле оттаму во планина. Потоа пустите села од Рабетинска река биле запалени.

Слава им на хероите!

Прочитај повеќе...

Култура

Кичево, 119 години од битката на „Ѓурѓејца“, 4-ти август 1903 година. Слава на хероите!

Објавено пред

на

Една од најкрвавите битки во Илинденското востание во Кичевско се одиграла на една голема полјана помеѓу селата Карбуница и Кладник во месноста Гурѓејца“. Според хроничарите оваа битка се одиграла на 4 август 1903 година и претставува една од ретко успешните и добиени битки на востаниците во Илинден, кој успех силно одекнал меѓу востаниците, како и во целиот битолски револуционерен округ. Оваа битка со својата пожртвуваност се втемели во успехот на познатата Крушевска република од 1903 година. Загинатите борци на Гурѓејца ги испишаа светлите страници на Македонскиот непокор.

По нападот на востаницитс на Кичево, турскиот аскер ги зајакнал своите позиции, како засилување им дошле војниците од гарнизонот сместен во селото Ижиште и со силен напад се упатиле кон селото Вранештица, се со цел да пробијат кон селото Слп и да се поврзат со војските од демирхисарско. Турската војска наишла на силен отпор од селската чета од Вранештица, како и востаниците предводени од Арсо војвода. Во овие борби зеле учество и селските чети од бржданска река Брждани, Белица, Јудово, Кладник и Видрани. Во овие борби се борела и манастирската чета што ја водел младиот поп Стојан од селото Подвис. Востаниците имале успех и го принудиле аскерот да се повлече кон градот. Во тие борби војводата Арсо, минувајќи низ селото Староец, една аскерска заседа го ранила во ногата, но тој храбро ги продолжил борбите.

Разбеснат поради големите загуби во овие борби на 3 август, турскиот аскер масовно тргнал да се пресмета со востаниците, собирајќи и голем број на башибозучки сили. Осамнал 4 август 1903 година. Убав летен ден, а над селото Карбуница се надвиснале црни облаци од чад од силната пукотница. Започнала најкрвавата битка во Кичевско битката кај “Ѓурѓејца”. Се судриле две војски, гради вгради. За кусо време пукотниците од оружјето престанале. Аскерот и востаниците се фатиле гуша за гуша и се бореле со кундаците и бајонетите. Востаниците имале тешки загуби. Во тие тешки и судбоносни моменти пристигнала веста дека на помош доаѓа Јордан Пиперката со над 150 востаници од Демирхисарско. И навистина Јордан пристигнал. Веста за пристигнувањето на Јордан Пиперката, внесла забуна во редовите на турската војска и башибозук. Сите добро знаеле кој е Јордан, храбар и бестрашен борец. Борбените дејствија биле се пожестоки и неизвесни. Во силната пукотница смртно бил погоден башибозучкиот водач Сефер ага од Зајас. Наеднаш затишје на Ѓурѓејца, потоа аскерот се дал во бегство, штом виделе дека водачот им загинал. Прв пат во Илинден оваа битка била добиена, положбата над Карбуница бил спасен, а со тоа бил нанесен тежок удар на вековниот поробител. По се изгледа дека аскерот дал големи жртви што се откажал од понатамошните акции.

Оваа битка кај Гурѓејца востаниците скапо ја платиле давајќи над 30 загинати борци од кои 17 загинати претежно од демирхисарско. Селаните од Кладник ги закопале во дворот на црквата, каде денес на надгробната плоча се испишани имињата на борците кои ги дадоа своите животи за делото на Македонија. На третиот ден по битката во селото Белица дошол членот на Главниот Штаб Борис Сарафов, кој се сретнал со Арсо Војводата и со селските реонски војводи, кој изразил благодарност за пожртвуваноста на борците во оваа пресудна битка.

Турскиот аскер скоро три седмици не се појавил на теренот во Горна и Долна Копачка. Во тој период се вратиле сите селани, жени и деца кои биле во збегови во шумата, почнало да се собира летината и да се собере нешто за претстојната зима.

Задушувањето на Илинденското востание во Кичсвско се одвивало со неколку аскерски офанзиви распоредени скоро по сите реони. За разлика од другите револуционерни реони, а особено во Охридскиот каде последиците биле најжестоки, во кичевско многу побавно течело ликвидирањето на востаничките сили. Османлиската власт не успеала да го вклучи во борбата масовно муслиманското население, како за време на востанието, така и во задушувањето. Голема била улогата на Лука Ѓеров кој успеал да постави дијалог со албанското население од дебарскиот крај, а по овие разговори останале неангажирани во задушувањето на востанието.

Првиот обид за повторно заземање на Копачијата бил направен на 30 август 1903 година, кога силен аскер, со јачина од 500 души од дебарскиот гарнизон, го минале планинскиот превој “Јама” и го нападнале селото Душогубица, а друга потера тргнала кон селото Лавчани. Храбрата селска чега од Душогубица што ја предводел Крсте Алексов, искусен војвода кој бил од Ербеле дебарско, се оженил во село Душогубица и целосно се вклучил во ослободителните борби во Илинден, во Копачијата и Кичевско, заедно со Лука Ѓеров и со Наќе војвода. како и селските чети од Иванчишта, Ехлоец, Попоец, Кленоец и Малкоец, кои им дошле на помош успеале да го одбијат овој напад. Башибозукот кој доаѓал преку “Два Камена” и покрај силниот востанички отпор го запалиле селото Лавчани.  Во акциите за задушување на востанието и во Рабетинска река аскерот направил неколку обиди да се справи со востаниците. После тешките борби кај месноста “Подуач” борбите кај селото Патеец или како оној судир е познат “патеечки судир”, аскерот на 26 и 27 август 1903 година со големи сили од Поречието, ако и од гарнизонот во селото Ижиште извршиле напад на востаничкиот реон Рабетино.

Месност „Подуач“ крај село Речани (Рабетинско), сведок на големата жртва на македонскиот народ од кичевско за време на Илинден

Борбите траеле два дена. Во овие борби востаниците претрпеле страотен пораз во кои борби своите животи ги дале над 35 востаници. Во овие борби треба да се подвлече и меѓусебната борба меѓу две турски потери Едната потера која доаѓала од Кичево, преку Орланци и Крушица се судрила со турската потера која доаѓала од Патеец. Во меѓусебните борби кај селата Рабетино и Дупјани имало многу убиени, но за одмазда ги запалиле селата Дупјани и Рабетино. На 18 септември 1903 година неочекувано од Кичево дошла многу војска и од Бржданска река, кога било ограбено и запалено селото Белица. Последен продор на турскиот аскер бил направен во почетокот на месец октомври, кога биле целосно освоени селата Брждани, Козица, Белица, Свињишта, Видрани, Кладник и Карбуница. На тој потег бил и манастирот Света Богородица – Пречиста, кој и покрај силниот отпор од манастирската чета предводена од поп Стојан бил освоен.

Манастирот Света Богородица Пречиста крај Кичево, едно од последните упоришта на отпорот за време на Илинденското востание

Главниот востанички штаб издал наредба во која се предлагало: да се расформираат селските чети во помали групи, да се избегнуваат директни судири со аскерот, луѓето кои беа во збегови да се вратат во своите домови, бидејќи турскиот аскер имал објавено, онаму каде ќе се најде празно село, ќе биде запалено.

Така постепено згаснал огнот во Илинденското востание во Кичево и Кичевско.

Прочитај повеќе...

Култура

Денеска е големиот македонски празник „Илинден“ – Честит именден на сите кои го носат името Илија, Илчо, Илинка, Илина, Иле…

Објавено пред

на

Големиот македонски празник Илинден најмногу го асоцира македонскиот народ на славното Илинденско Востание и на Крушевската Република, сепак, во својата основа го има свети Илија, лик од христијанската религија кој има значајно место и во народните верувања.

Во народното верување свети Илија се смета за клучар кој го отклучува или заклучува небото и го пушта или запира дождот, бидејќи се верува дека тој повела со летните грмотевици.

Пророк кој пали и гаси на небото и земјата. Именден празнуваат: Илија, Илко, Илинка, Илинденка, Илина, Иљо, Илчо.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Временска прогноза4 часа

Попоски најавува големо невреме, ова се најновите информации

Во следните денови времето ќе биде многу нестабилно и на многу места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално...

Македонија7 часа

Албански државјани фатени во шверц на 50 кг охридска пастрмка

Денеска (19.08.2022) по преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал-Струга, во содејство со...

Хроника8 часа

ТАЖНА ВЕСТ: Почина девојката која се здоби со тешки телесни повредни поради страшен удар од автомобил во Тетово

Во Клиничкиот центар во Скопје почина 23-годишната Т.Р, од тетовското село Сараќино која беше тешко повредена како пешак на 15...

Спорт8 часа

ФК Борец и Слога Виница силите ќе ги одмерат на 24 август

Комисијата за натпревари при ФФМ на денешната седница донесе одлука натпреварот во рамките на првото коло од Втора МФЛ помеѓу...

Автомобили10 часа

Дали знаете како е создадена мерката – коњска сила?

Во автомобилската индустрија, коњската моќност стана стандард за изразување на моќта на агрегатот, односно неговата максимална моќност. Овој термин настанал...

Магазин11 часа

Како да избришете дупликат слики и видеа на Android

Често се случува да имате повеќе копии од иста слика или видео на вашиот телефон. Ова може да биде проблем,...

Магазин11 часа

ОПАСНОСТ ЗА КОЈА НЕ СТЕ СВЕСНИ Полнењето на мобилниот телефон преку ноќ е многу ризично

Ова е една од најлошите работи што можете да ги направите кога станува збор за полнење на батеријата Се подготвувате...

Свет11 часа

Од Лондон до Мајами за помалку од 5 часа? Се враќаат суперсонични авиони

Само да се потсетиме на нереалните брзини што ги постигна Concorde. Овој француско-британски проект е еден од најбрзите патнички авиони...

Магазин11 часа

Instagram ќе тестира фотографии во резолуција 9:16

Instagram наскоро ќе им овозможи на корисниците да објавуваат фотографии во 9:16 на нивниот feed, како дел од тестот што...

Магазин11 часа

„Apple“ откри безбедносна дупка во системот, им препорача на корисниците ажурирање

Компанијата „Apple“ објави дека е „откриена безбедносна ранливост“ кај голем број модели на „iPhones“, „iPads“ и компјутери „Mac“ што потенцијално...

НАЈЧИТАНИ