Балкан
Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтер регистриран вечерва во југоисточниот регион на Крагуевац

Силен земјотрес ги вознемири соседите на неколку минути пред полноќ. Имено Магнитудата на земјотресот била 4,4 степени, додека епицентарот на земјотресот бил четири километри југоисточно од Крагуевац.
Информации за евентуални штети за сега не јавуваат српските медиуми.
M4.4 #earthquake (#земљотрес) strikes 10 km S of #Kragujevac (#Serbia) 14 min ago. Read eyewitnesses' stories & provide yours: https://t.co/n97ORVOYzr
— EMSC (@LastQuake) November 2, 2021
Визуелен приказ: Twitter / EMSC
Балкан
Уште три пациенти повредени во пожарот од Кочани пренесени на „Клиничкиот центар“ во Ниш на пластична и реконструктивна хирургија
Уште тројца пациенти повредени во пожарот што се случи на 16 март во Кочани биле донесени вчера однесени во Универзитетскиот клинички центар Ниш. Двајца мажи и една жена се префрлени од УКЦС во УКЦ Ниш и лекувањето ќе го продолжат на Одделот на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија.
– „Вкупно шест повредени во овој трагичен настан во моментов се хоспитализирани во Клиничкиот центар Ниш. Четворица мажи и една жена се на одделението на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, додека еден пациент се уште е на одделението за интензивна нега на Клиниката за анестезија и интензивна терапија“, соопштија од Клиничкиот центар во Ниш.
Сите оперативни мерки и напори на медицинскиот персонал се насочени кон опоравување на повредените, се вели во изворот.
Им посакуваме побрзо закрепнување!
Балкан
(ВИДЕО) Претседателот Александар Вучиќ ги посети повредените македонски државјани во српските клиники
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска ги посети повредените Македонци кои се на лекување во Универзитетскиот клинички центар на Србија. Разговараше со нив, и им даваше мотив и сила дека се ќе биде во ред.
– „Само држете се, ви посакувам се најдобро, не плачете, ќе бидете добро“, рече претседателот додавајќи дека состојбата на девојчето е донекаде сериозна, но нејзиниот живот не е во опасност.
Балкан
(ВИДЕО) Исчезнати цели семејства по катастрофалните поплави во БиХ, се трага од утро до мрак

Босна и Херцеговина неделава ја погодија големи поплави во кои загинаа најмалку 18 лица, а неколку десетици се водат како исчезнати, а причинета е и голема материјална штета. Исто така продолжува и потрагата по исчезнатите. Според официјалните податоци, 16 лица загинале во поплави и одрони. Најтешко е во Јабланица. Исчезнаа цели семејства.
Вицепремиерот и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, утринава во пет часот ги испрати спасувачките екипи на МУП во Босна и Херцеговина, кои беа испратени по наредба на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Шефот на делегацијата на Европската унија во Босна и Херцеговина, Луиџи Сорека, истакна дека БиХ го активирала механизмот за цивилна заштита на ЕУ и дека тимови за одговор пристигнуваат во таа земја, понудена е и помош во форма на инженерски машини, багери, камиони и спасувачки хеликоптери“, изјави министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ.
Работата на спасувачката екипа ја отежнува и дождот, а тие работат од утро до мрак.
Извор: rts.rs / insajder video
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за понеделник (30 јули)
-
Македонија3 часа
МВР истакна важна информација која стартува од утре 1 јули
-
Кичево1 ден
(ФОТО) Се запали дива депонија покрај пат кај с.Пополжани, интервенираше ТППЕ Кичево
-
Скопје2 дена
Во Скопје посебен режим на сообраќај за утре и задутре
-
Lifestyle2 дена
Не е вода: Пијалокот што го хидрира телото најдобро
-
Хроника1 ден
МВР со детали за трагичниот настан на Дебарско езеро
-
Lifestyle2 дена
Внимавајте кога излегувате од ладна просторија на летното сонце: Еве зошто!
-
Lifestyle2 дена
Три начини на кои тестенините можат да ви помогнат да ослабете