Свет
Земјотреси во Јапонија, најсилниот беше 7,6 степени според Рихтеровата скала – издадено предупредување за цунами.
Неколку силни земјотреси ја потресоа Јапонија. Издадени се предупредувања за цунами за префектурите Ишикава, Ниигата и Тојама. Надлежните апелираат граѓаните да се евакуираат на безбедни локации. Издадено е ново предупредување за земјотрес. Без струја останаа 36.000 домаќинства. Нема опасност за нуклеарнa катастрофа.
Шест лица се затрупани под урнати куќи во градот Ваџима по земјотресот со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала што ја погоди јапонската префектура Ишикава на брегот на Јапонското Море, соопшти владата.
Пожар од големи размери избувна и во Ваџима по земјотресот, изјави владиниот секретар Јошимаса Хајаши на вонредна прес-конференција, пренесува новинската агенција Кјодо.
Новинарите од јавниот сервис NHK ги повикаа жителите да се засолнат на повисоките места и покрај студот, додека во позадина се слушаше пораката „ЕВАКУИРАЈ“.
„Разбираме дека вашиот дом, дека сите работи ви се скапоцени, но вашите животи се над тоа“, им порача водителот на гледачите.
Луѓето објавија видеа од куќите, возовите и метрото како се тресат за време на земјотресот.
Повеќе од 20 земјотреси со јачина од 4 степени и повеќе ја погодија централна Јапонија за нешто повеќе од 90 минути, соопшти Јапонската метеоролошка агенција (ЈМА).
Најсилниот земјотрес е регистриран во 16:10 часот по локално време, со јачина од 7,6 степени.
Неколку локални медиуми објавија дека ова е првпат властите да „предупредат на големо цунами“ од 2011 година, кога силен земјотрес го погоди североисточниот дел на Јапонија.
Затворени се сите главни автопати во близина на епицентарот на земјотресот.
Над 36.000 домаќинства останаа без струја во оваа област, објави главниот снабдувач на струја Хокурику електрик павр.
Јапонските нуклеарни власти соопштија дека „нема ризик од истекување на радиоактивен материјал од нуклеарните централи“ во областите погодени од земјотресите и цунамито.
Јошимаса Хајаши, портпарол на владата, ги предупреди жителите да се подготват за нови земјотреси.
Метеоролошката агенција на Јужна Кореја предупреди дека цунами бранови до 0,3 метри би можеле да го погодат источниот брег на земјата во периодот од 18:29 до 19:17 часот по локално време.
Агенцијата ги повикува жителите на планинската провинција Гангвон да се евакуираат на повисоките места.
Русија издаде предупредување за цунами во пристанишните градови на Далечниот исток Владивосток и Находка, објави нејзината државна новинска агенција ТАСС.
Во 2011 година, Јапонија беше погодена од земјотрес со јачина од 9 степени, а цунамито што следеше ги уништи нејзините североисточни крајбрежни заедници, убивајќи речиси 18.000 луѓе.
Десетици илјади жители мораа да ги напуштат своите домови.
Цунамито предизвика нуклеарно топење во централата Фукушима, предизвикувајќи ја најтешката нуклеарна несреќа од Чернобил во Украина.
Свет
Тлото на Јапонија не престанува да се тресе, регистриран нов силен земјотрес од 6,3 степени според Рихтер, првиот беше со јачина од 7,6 степени
Денес, во 22:52 часот, беше забележан нов земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтерова скала на јапонскиот остров Хокаидо. Според достапните информации, епицентарот на земјотресот се наоѓал на координати 41.0079° северна ширина и 143.0123° источна должина.
Eпицентарот, како што известува Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, бил на длабочина од околу 18 километри под површината на Земјата.
🔔#Earthquake (#地震) M6.4 occurred 142 km NE of #Hachinohe (#Japan) 11 min ago (local time 06:52:42). More info at:
📱https://t.co/QMSpuj6Z2H
🌐https://t.co/1tFIB9RTX3
🖥https://t.co/AenVB0EsL3 pic.twitter.com/rynZOPWGPH— EMSC (@LastQuake) December 8, 2025
До сега, нема пријавено штети или повредени лица, а властите продолжуваат да ја следат ситуацијата.
Треба да се напомене дека Хокаидо денес веќе беше погоден од земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтерова скала.
Свет
Поради злоупотреба, Русија ги блокира „Snapchat“ и „FaceTime“
Русија го забрани пристапот до „Snapchat“, популарната социјална мрежа за споделување фотографии и видеа кои се автоматски бришат по краток временски период, јави руската новинска агенција РИА во четврток, цитирајќи го регулаторот Роскомнадзор.
Како една од причините за оваа блокада, руските власти ја навеле наводната злоупотреба на „Snapchat“ за организирање терористички напади и регрутирање на извршители на кривични дела во земјата.
Тим часот пред тоа, Русија го забрани и „FaceTime“, апликацијата за видео повици на „Apple“, во рамки на засилената стратегија против странските технолошки платформи, за кои властите сметаат дека се користат за извршување криминални активности.
Оваа одлука следи по претходните ограничувања за YouTube (Google), WhatsApp (Meta) и Telegram.
Извор: RIA / engadget.com
Свет
Руските власти предупредуваат дека целосно ќе ја блокираат апликацијата за пораки „WhatsApp“
Руските власти денеска предупредија дека може да ја блокираат целосно услугата за пораки WhatsApp, обвинувајќи ја за недостаток на акција во исклучување на активностите кои Москва ги смета за криминални на платформата.
Американскиот технолошки гигант Meta, кој го поседува WhatsApp, не даде веднаш одговор на оваа закана, која ја упати Роскомнадзор, рускиот регулатор за телекомуникации.
Уште во август, Русија ја забрани можноста за повици преку WhatsApp, како дел од поголемата кампања против социјалните мрежи во сопственост на странски компании. Истото ограничување се однесуваше и на платформата Telegram.
Критичарите сметаат дека Москва се обидува да ги принуди граѓаните на Русија да преминат на платформи што се под директен надзор на државата. Според Роскомнадзор, WhatsApp се користи за „организирање терористички дејства во земјата, регрутирање терористи, извршување измами и други кривични дела против руски граѓани“.
„Ако платформата не ги усогласи своите операции со руските закони, таа ќе биде целосно блокирана“, се додава во соопштението.
WhatsApp е една од двете најпопуларни услуги за пораки во Русија, заедно со Telegram. Москва инсистира на тоа дека и двата сервиса треба да дозволат пристап до податоци по барање на властите, не само за истраги за измами, туку и за истражување на активности кои Русија ги смета за терористички.
Дополнително, руските власти ги обвинуваат украинските безбедносни сили дека користат овие апликации за регрутирање на Руси за извршување саботажи во замена за парични награди.
Застапниците за човекови права изразуваат загриженост дека продолжувањето на мониторингот на овие платформи ќе доведе до значително проширување на полициските овластувања на руската држава.
Извор: independent.co.uk
-
Кичево17 часаВчера вечер во кичевски угостителски објект бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка на четворица жители на град Кичево
-
Кичево21 часФинишираат подготовките за овогодинешниот Хуманитарен „Божиќен Базар“ во Кичево, период на многу забава, радост и среќа
-
Хороскоп1 денХороскоп за петок (12 декември)
-
Кичево10 часа(ВИДЕО) На голема радост на дечињата, ООУ „Кузман Јосифоски-Питу“ – Кичево блесна во украсна новогодишна бајка
-
Хороскоп8 часаХороскоп за сабота (13 декември)
-
Временска прогноза2 денаСнег нема ни на повидок, продолжува периодот под влијание на Антициклон во Македонија
-
Кичево2 денаВо ОВР Кичево вчера било пријавено непознато лице, кое направило обид на сила да влезе во семејна куќа на постара жена
-
Македонија2 денаПриведен навивач од Словачка, на 10 други не им беше дозволен влез во државата поради агресивно и недолично однесување во авион за време на лет и по слетувањето
