Социјални мрежи
Зголемена употребата на „Телеграм“
Сопственикот на WhatsApp, Meta Platforms, е тужен во Русија дека е „екстремистичка организација“, па властите активно ја промовираат апликацијата Telegram откако ги забранија странските платформи како Facebook, Instagram и Twitter.
Војната на Русија во Украина дополнително ги влоши постоечките спорови меѓу странските технолошки компании и Москва.
„Мегафон“, еден од четирите најголеми руски телекомуникациски оператори, објави анализа на сообраќајот на мобилниот интернет, што покажува дека уделот на Телеграм пораснал на 63 отсто во првите две недели од март, од 48 отсто во истиот период во февруари.
Уделот на WhatsApp падна од 48 на 32 отсто, соопшти Мегафон.
Извор: (n1info.com)
Социјални мрежи
Внимавајте, се шири „спам“ порака преку „Viber“, не одговарајте на пораката, бидејќи може да бидете измамени
Предмалку претседателот на комисијата на Агенцијата за електронски комуникации г-дин Орце Симов на својата социјална мрежа предупреди дека се шири „спам“ порака преку апликацијата за комуникација „Viber“
– Ви стигнува порака на „Viber“ од корисник со име „Support“, во која е изнесено тврдење дека два уреди го користат вашиот број на „Viber“. За да бидете заштитени бараат да им го испратите верификациониот број кој ќе го добиете на СМС. Не правете го тоа. Доколку го направите тоа, некоја од вашите кориснички сметки на некој сервис (емаил, социјална мрежа) на Интернет ќе биде превземена од страна на тие злонамерни лица кои ја имаат испратено „Viber“ пораката – заврши г-дин Симов
И преку нашиот сервис, апелираме за поголемо внимание и доколку наидете на ваква или идентична „спам“ порака, не ја отворајте или направете „report“ до „Viber“, со цел да останат безбедни вашите приватни работи во вашиот мобилен уред.
Социјални мрежи
„Мeta“ ја гаси оваа верзија на „Messenger“
Мета потврди за Engadget дека десктоп апликациите на Messenger за macOS и Windows ќе бидат целосно исклучени на 15 декември. По тој датум, единствениот начин за пристап до разговорите преку компјутер ќе биде преку Facebook апликацијата за Windows или преку веб-страниците Facebook.com и Messenger.com.
Компанијата не даде конкретна причина за одлуката, но во својата страница за поддршка наведува дека корисниците ќе добијат известување пред исклучувањето, а по 15 декември пристапот до апликацијата ќе биде блокиран.
За да се заштитат разговорите, Мета препорачува активирање на безбедното складирање и додавање ПИН-код на сметката.
Како да го направите тоа:
Кликнете на иконата со запчаник над вашата профилна слика.
Изберете „Privacy & Safety“.
Кликнете на „End-to-end encrypted chats“.
Отворете „Message storage“ и проверете дали опцијата „Turn on secure storage“ е активна.
Messenger беше одвоен од главната Facebook апликација во 2014 година, а неколку години подоцна Мета се обиде да ги обедини Messenger и Instagram DM во единствена платформа. Сепак, таа идеја беше напуштена во 2023 година.
Извор: b92.net
Социјални мрежи
„WhatsApp“ воведува превод на пораки директно во апликацијата
„WhatsApp“ почна да воведува нова функција што им овозможува на корисниците да преведуваат пораки директно во разговорите, достапна за „Android“ и „iPhone“. Преводот се врши локално на уредот, што значи дека пораките остануваат енкриптирани и „WhatsApp“ нема пристап до нивната содржина.
Функцијата може да се користи во приватни разговори, групи и канали. За превод на пораката, корисникот треба само долго да ја притисне и да избере „Преведи“.
Покрај поединечните преводи, корисниците на „Android“ можат да активираат и автоматски превод за целиот разговор, па сите идни пораки ќе се прикажуваат на избраниот јазик веднаш.
Според официјален блог-пост на компанијата, целта на новата функција е да се олесни комуникацијата меѓу повеќе од три милијарди корисници во над 180 земји, без оглед на јазичните бариери.
Функцијата е веќе достапна на „Android“ и „iPhone“. На Android се поддржани шест јазици: англиски, шпански, хинди, португалски, руски и арапски. На „iPhone“, пак, корисниците можат да преведуваат на арапски, холандски, англиски, француски, германски, хинди, индонезиски, италијански, јапонски, корејски, мандарински, полски, португалски, руски, шпански, тајландски, турски, украински и виетнамски.
Сè уште не е познато кога функцијата ќе стане достапна на „WhatsApp Web“ или на десктоп апликациите за „Windows“ и „Mac“, објави TechCrunch.
-
Кичево2 денаОВР Кичево лиши од слобода жител на струшко, кај с.Другово „летал“ со 107 км/ч, на место каде дозволено е 50 км/ч максимална брзина
-
Хороскоп1 денХороскоп за четврток (13 ноември)
-
Временска прогноза15 часаПопоски: Следната седмица ќе имаме чести и обилни врнежи од дожд проследени со повремено силен јужен ветер
-
Македонија1 денНов случај на сообраќајна несреќа помеѓу тмв и електричен тротинет во Битола, констатирани биле тешки телесни повреди
-
Магазин1 денВашиот WhatsApp станува неосвоив – новата функција целосно ги блокира непознатите контакти
-
Здравје и убавина2 денаНаправете дома природен „Витамин Ц“ напиток
-
Магазин1 денYouTube наградува лајкови со забавни анимации
-
Lifestyle12 часаКолку кафе пиете дневно? Медицината вели дека ова се безбедни количини.
