Македонија
Зголемени бројките на Ковид заболени и починати за денес..

Во последните 24 часа направени се 4.501 тестирање, а регистрирани се 601 нови случаи на КОВИД-19:
• Скопје – 217
• Битола – 68
• Велес – 34
• Кавадарци и Куманово – по 31
• Прилеп и Штип – по 28
• Крива Паланка – 18
• Кочани и Тетово – по 17
• Гевгелија – 16
• Делчево, Кичево, Охрид и Радовиш – по 10
• Берово – 9
• Неготино – 8
• Македонска Каменица и Ресен – по 5
• Богданци, Виница и Гостивар – по 4
• Кратово, Пробиштип и Струмица – по 3
• Демир Хисар, Крушево и Свети Николе – по 2
• Македонски Брод и Струга – по 1
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица: по 2 починати лица од Скопје (72г, и 81г), Куманово (60г и 89г) и Кочани (64г и 72г), и едно починато лице од Кавадарци (78г), Демир Хисар (75г), Битола (68г), Крива Паланка (58г), Велес (73г), Неготино (45г), и Виница (78г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Регистрирани сe 304 оздравени пациент од:
• Скопје – 141
• Куманово – 26
• Велес – 16
• Прилеп и Кавадарци – по 15
• Битола и Штип – по 14
• Охрид – 10
• Тетово и Кочани – по 7
• Пробиштип – 6
• Свети Николе – 5
• Струмица, Гевгелија, Неготино и Делчево – 4
• Кичево, Струга, Валандово и Демир Хисар – по 2
• Гостивар, Ресен, Виница и Кратово – по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.404.750 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 205.623, бројот на оздравени пациенти е 190.570, на починати е 7.217, а бројот на активни случаи изнесува 7.836
Македонија
На ГП Деве Баир жители на Бугарија недолично се однесувале и се обиделе физички да ја нападнат полицијата

Околу 12.45 часот на Граничниот премин Деве Баир дошло до нарушување на јавниот ред и мир од страна на Г.З (35),А.Х(50)и Р.Х(54) бугарски државјани кои најпрво вербално, дрско и недолично со најпогрдни зборови се однесувале а потоа се обиделе и физички да ги нападнат полициски службеници кои преземале службени дејства, при што се приведени и се работи на целосно расчистување на случајот
Извор: МВР
Македонија
Мин. за земјоделство, шумарство и водостопанство одобри лов на дива свиња до крајот на месец март, ова се деталите..

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство со цел продолжување на мерките од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство врз основа на епидемиолошката состојба со болеста Африканска чума кај дивите свињи одобри лов на дива свиња од 01.02.2023 до 31.03.2023 година во ловиштата на територија на Македонија кои се простираат во источниот дел од левата стана на патниот правец (А-1) Е-75, кој се протега од граничниот премин Табановце до граничниот премин Богородица.
Санитарниот лов на диви свињи се спроведува на ловишта каде болеста е веќе потврдена, а ловот се врши групно во присуство на ловочувар, инспектор за ловство и ветеринарен доктор, а застреланиот дивеч треба да биде складиран согласно решението на АФВ за заштитните мерки на ловиштата во однос на африканската чума кај дивите свињи, истакнаа од Министерството.
Македонија
Поради агресивно однесување, СВР Охрид приведе жител на Албанија

На 02.02.2023 во 21.10 часот, полициски службеници од СВР Охрид го привеле Л.П.(55) од Република Албанија затоа што на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, во близина на охридското село Трпејца, агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, за Порта истакна портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
-
Хороскоп19 часа
Хороскоп за понеделник (6 февруари)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (5 февруари)
-
Кичево6 часа
Во Кичево вчера најмногу казни за пречекорување на брзина..
-
Временска прогноза1 ден
Еве какво време не очекува во текот на седмицата, сончеви периоди со засилен северен ветер, додека наутро температурите….
-
Занимливости22 часа
Неколку трикови успешно покажани за откажување на пушењето цигари
-
Свет3 часа
(ВИДЕО) Легендарниот голман во солзи ја моли јавноста за помош, страшно!
-
Свет2 дена
Илон Маск на суд ги победи акционерите на „Tesla“
-
Скопје1 ден
Утре посебен режим на сообраќај во Скопје