Спорт
Женска А фудбалска репрезентација на Македонија ќе одигра контролен дуел против селекцијата на БиХ
Женската репрезентацја на Македонија на 26 август ви пријателски натпревар ќе ги одмери силите против селекцијата на Босна и Херцеговина.
За претстојниот натпревар, селекторот Кирил Изов се одлучи да ги повика следните фудбалерки:
МАКЕДОНИЈА: Павлинка Николовска (ЖФК КАМЕНИЦА САСА), Елена Панеска (ЖФК КАМЕНИЦА САСА), Викторија Панчурова (ЖФК ТИВЕРИЈА), Теодора Димоска (ЖФК ТИВЕРИЈА), Ане Бошеска (ЖФК ТИВЕРИЈА), Афродита Салихи (ЖФК ЉУБОТЕН), Јулија Жифиќ (ЖФК Љуботен), Јилза Максути (ЖФК АСС УНИТЕД), Суарта Речи (ЖФК АСС УНИТЕД), Положани Синдис (ЖФК АСС УНИТЕД), Теодора Јанковска (ЖФК ДЕСПИНА), Јана Чубриноска (ЖФК ДЕСПИНА), Катерина Милеска (ЖФК ДЕСПИНА), Радица Чонева (ЖФК СЦ ИСТАТОВ), Кристина Петрушевска (ЖФК СЦ ИСТАТОВ), Александра Марковска (ЖФК СКОПЈЕ 2014), Елена Петровска (ЖФК СКОПЈЕ 2014), Драгана Гегова (ЖФК СКОПЈЕ 2014), Рабија Дервиши (ЖФК СКОПЈЕ 2014), Хава Мустафа (ЖФК ШКЕНДИЈА 2014);
– „Се наоѓаме на неполн месец пред стартот на новите квалификации каде што во првиот дуел ќе ги одмериме силите со Англија во Саутемптон. Натпреварот со Босна и Херцеговина е еден вид на генералка пред почетокот на квалификцискиот циклус. Повикани се исклучиво фудбалерки од домашното првенство, со оглед на тоа што овој натпревар не е во рамките на УЕФА терминот и нема да можеме да сметаме на интернационалките, што преставува проблем за нас. Меѓутоа ќе дадеме се од себе, ќе собереме сили за да се спротивставиме на силниот противник, и се надевам дека во Зеница ќе успееме да избориме позитивен резултат.” – изјави Кирил Изов.
Спорт
(ВИДЕО) Несекојдневна ситуација на играчите од Евертон, го удри „шамар“ својот соиграч, потоа се извини на целата јавност
Евертон синоќа славеше со 1-0 против Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“ во 12. коло од Премиер лигата, благодарение на голот на Кирнан Дјусбери-Хол постигнат во 29. минута.
Иако тимот на Дејвид Мојес уште од 13. минута играше со играч помалку, поради исклучувањето на Идриса Геј за удирање на својот соиграч Мајкл Кин, сепак успеа да го задржи водството. Инцидентот се случи откако Кин прво двапати го турна Геј, по што Сенегалецот реагираше со удар.
Голманот Џордан Пикфорд мораше да интервенира за да ги раздели, а судијата веднаш му додели директен црвен картон на Геј поради насилно однесување. Во тој момент Бруно Фернандес веќе се закануваше со опасна акција за Јунајтед.
– „Знаете што, мене ми се допаѓа кога моите играчи покажуваат страст. Не сакам да прифатат ситуација во која некој не дава доволно. Ако сакате победнички менталитет и отпорност, какви што ни донесоа резултати, мора да имате играчи кои реагираат силно“, изјави Мојес за британските медиуми.
По натпреварот, Геј се извини и на Кин и на целиот тим.
– „Целосно ја преземам одговорноста за мојата реакција. Тоа што се случи не го претставува мојот карактер ниту вредностите што ги почитувам. Емоциите понекогаш се силни, но ништо не го оправдува ваквото однесување. Ќе се погрижам никогаш да не се повтори“, напиша тој на социјалните мрежи.
Еве го моментот:
How come Idrissa Gueye Gana is shown a straight red card for attacking his teammate while Michael Keane is spared for the same. Watch closely. First attack was actually from Keane. Both should've been booked but…anyway.
Man united#muneve#ManUnited #Everton pic.twitter.com/CJshHREBye
— Nasir (@nasirkenya) November 24, 2025
Извор: novosti.rs
Спорт
Утре во Кичево, „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“ во третата македонска фудбалска лига запад во претпоследното коло од есенскиот дел
Утре сабота (22.11) со почеток од 13:00ч на градскиот стадион во Кичево, домашната екипа на „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“. За домаќините овој ќе биде исклучително важен натпревар во претпоследното коло од есенскиот во третата македонска фудбалска лига запад.
– Очекувам одличен натпревар, екипата на „ФК Џепчиште“ има одличен тим, но се надевам дека ова нашите момчиња ќе прикажат една квалитетна игра со тоа што мислам дека ќе извојуваме победа, важна за нас пред крајот на есенскиот дел. Оваа прилика ја користам, да ги повикам сите љубители на фудбалот да дојдат и да уживаат на градскиот стадион, за Порта.мк истакна првиот човек на тимот Бобан Дујковиќ
Спорт
Данска првиот предизвик за „рисовите“ во март, за пласман на големиот мундијал во САД, Мексико и Канада
-
Кичево2 денаОВР Кичево поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник, постапувал спротивно на законот за пожарникарство
-
Кичево15 часаОВР Кичево го пронајде возачот кој предизвика сообраќајна несреќа во Кичево и го напушти местото на настанот
-
Кичево2 дена„Венаки“ Кичево: Пристигнува гооолемиот „Black Friday“ со неверојатен попуст до -70% на цени на одредени производи од светски производители за санитарија и останата покуќнина
-
Македонија9 часа„ЛУКОИЛ Македонија“ во своите малопродажни објекти го враќа купувањето со „VISA“ дебитните и кредитни картички, од денес во целосна функционалност може да се користат услугите за плаќање
-
Хороскоп1 денХороскоп за среда (26 ноември)
-
Хроника2 денаМлад затвореник од струшко починал, откако во тешка здравствена состојба бил донесен во Општата болница во Охрид
-
Временска прогноза2 денаОд утре повторно нови обилни врнежи од дожд и засилен ветер, снегот ќе биде застапен на повисоките места од државата
-
Хороскоп3 часаХороскоп за четврток (27 ноември)
