Спорт
Женската А репрезентација ќе одржи зимски камп во Дојран

Селекторот на женската селекција на Македонија, Кирил Изов во периодот од 12 до 19 февруари ќе одржи зимски камп во Спортскиот Центар Истатов во Дојран, со цел подобрување на формата на репрезентативките во пресрет на продолжението од европските квалификациите за пласман на СП 2023 година.
Селекторот Кирил Изов ги повика следните фудбалерки:
Голмани: Викторија Панчурова (Тиверија), Магдалена Лекоска (Љуботен), Кристина Павловска (Деспина);
Одбрана: Ане Бошеска (Тиверија), Ивана Николова (Тиверија), Теодора Ѓорѓиевска (Борец), Павлинка Николовска (Каменица Саса), Катерина Милеска (Деспина), Катерина Петкова (СЦ Истатов 2015), Даниела Велеска (Риека, Хрватска);
Среден ред: Сара Велкова (Тиверија), Елма Шемсовиќ (Борец), Симона Ребека Маијер (Кул Здравје), Елена Петровска (Скопје 2014), Сара Хусеин (Љуботен), Александра Марковска (Љуботен);
Напад: Теодора Јанковска (Деспина), Кристина Петрушевска (СЦ Истатов 2015), Радица Чонева (СЦ Истатов 2015), Веса Села (Ас Јунајтед), Јована Павловска (Атлетико), Ангела Стојковска (Скопје 2014), Наташа Андонова (Леванте, Шпанија), Ели Јаковска (Митровица, Косово)
Кирил Изов, селектор на женската А репрезентација на Македонија:
– По зимската пауза во Првата женска лига, а со цел подобрување на физичката подготовка пред продолжението на европските квалификации за пласман на СП 2023 се одлучивме да направиме еднонеделeн камп во Дојран. Повикани се и неколку млади фудбалерки, кои во иднина се очекува да бидат носители во оваа селекција. За самата сериозност на овој камп кажува и фактот што ќе учестуваат и нашите интернационалки, капитенот Наташа Андонова, Ели Јаковска и Даниела Велеска, додека од друга страна ослободена е само Гентијана Рочи. Очекувам максимален ангажман од сите што ќе бидат дел од овие подготовки.
Спорт
Златниот симбол и оригинален трофеј од FIFA World Cup™ денеска беше официјално презентиран во Скопје

Трофејот пристигна во Скопје како дел од турата на FIFA World Cup™ трофејот организирана од Coca-Cola. Златниот симбол на светското фудбалско единство пристигна заедно со амбасадорот на турнејата на трофејот, бразилската фудбалска икона Жилберто Силва.
Дом на оригиналниот FIFA World Cup™ трофеј денес беше Пивара Скопје, официјалниот претставник на The Coca-Cola Company во нашата земја. Трофејот беше откриен во историски момент од страна на г. Стево Пендаровски – Претседател на Република Македонија и фудбалската легенда Жилберто Силва, во присуство на г. Ламбро Патче – Директор за корпоративни политики и одржливост, г. Муaмед Сејдини – Претседател на ФФМ, г. Лука Сантандреа, генерален менаџер на франшиза на the Coca-Cola Company, како и во присуство на претставници на медиумите од целата земја.
Овогодишната турнеја FIFA World Cup™ трофејот организирана од Coca-Cola досега пропатува повеќе од 750.000 километри и е дел од кампањата на Светското првенство на ФИФА што ќе се одржи во Катар во 2022 година. Овогодишната глобална турнеја на трофејот ќе патува во 51 земја, вклучувајќи го и нашиот главен град – Скопје, овозможувајќи им на македонските фудбалски обожаватели да уживаат во фудбалската магија.
Официјалните изјави може да ги проследите ТУКА
Спорт
По пенал рулет Македонија ЃП го освои фудбалскиот Куп на Македонија

Македонија Ѓорче Петров е освојувач на фудбалскиот Куп на Македонија откако по пеналите беше подобар од Силекс со 4-3. Во регуларниот дел и во продолженијата немаше голови, немаше ниту шанси, во тврд натпревар во кој Македонија ЃП го имаше поседот, а Силекс шансата на мечот во регуларниот дел. Христијан Стевковски е херојот на „лавовите“ откако одбрани зицер во регуларниот дел, а потоа и одбрани два пенали во пенал серијата.
Стевковски во 57. минута му скина „зицер“ на Каланоски, и со тоа стана јунак во регуларниот дел, а потоа во продолженијата немаше ниту сила за нешто повеќе. Само една шанса преку Купер, но тоа беше се.
Стевковски го одбрани првиот шут на Алији од Силекс во првата пенал серија, а Адем погоди за водство на Македонија ЃП. Личина и Цветаноски потоа беа прецизни во втората серија, а во третата Стевковски му го одбрани пеналот на Рајков, додека Атанакоски беше прецизен, па предноста на ѓорчепетровци беше голема. Но во четвртата серија Стојчевски погоди, а не успеа паненката на Попзлатанов, па Силекс и натаму остана во игра. Но во последната серија Каланоски погоди, но погоди и Емини за голема радост на Македонија ЃП.

Facebook: ФК Македонија Ѓорче Петров 1932
МАКЕДОНИЈА ЃП – СИЛЕКС 0-0 пен. 4-3
Национална Арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Судија: Александар Грујоски.
Ж. Картони: Алексовски, Купер, Емини (МЃП) – Каланоски, Алији, Спиркоски, Цветаноски (С).
МАКЕДОНИЈА ЃП: Стевковски, Атанаскоски, Мишевски, Личина, Лазаревиќ, Адем, Емини, Воша (105’ Божиновски), Лемос (91’ Алексовски), Попзлатанов, Стојкоски (56’ Купер).
СИЛЕКС: Божиновски, Рајков, Манасиевски (77’ Танушев), Стојчевски, Љамалари, Каланоски, Спиркоски (105’ Цветаноски), Алији, Димоски (77’ Петковски), Коцев (57’ Стојчевски), Серафимовски.
Спорт
Бостон убедлив против Мајами за 1:1 во финалето на Истокот (ВИДЕО)

Кошаркарите на Бостон синоќа го совладаа Мајами на гости со 127:102 и изедначија на 1:1 во финалето од плејофот на Источната конференција на НБА лигата. На Смарт му недостасуваше еден скок за трипл-дабл, бидејќи забележа 12 асистенции и девет уловени топки.
Двоцифрен учинок во победничкиот тим имаше Грант Вилијамс со 19 поени, како и Ал Хорфорд и Пејтон Причард кои постигнаа по десет.
Во редовите на Мајами најдобар беше Џими Батлер кој за 32 минути на теренот постигна 29 поени, а по 14 постигнаа Виктор Оладипо и Гејб Винсет.
Мајами подобро го отвори натпреварот и во првата четвртина стигна до десет поени предност, но Бостон го смени резултатот со серија од тројки.
Селтикси беа подобри од Мајами во 18 минута со 60:21, што им донесе предност на полувремето од 70:45.
Предноста од 25 поени на полувремето беше најголема во плејоф натпревар што една екипа ја имаше на гости.
На крајот, Бостон за малку ќе ја извојуваше најубедливата победа досега во плеј-офот, а Мајами го претрпе најтешкиот пораз. Најубедливата победа на Селтикси досега во плеј-офот е 40, а најтешкиот пораз на Мајами е 36 поени.
Следните два натпревари од оваа серија ќе се играат во Бостон, а првиот е ноќта меѓу сабота и недела.
/beta.rs/
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за недела (22 мај)
-
Култура1 ден
Кичевскиот храм Св.Апостоли „Петар и Павле“ организираат бесплатен превоз по повод свечената Божествена Литургија во Скопје
-
Хороскоп1 час
Хороскоп за понеделник (23 мај)
-
Македонија9 часа
Вчера во СВР Охрид било пријавено дека жена паднала од зграда, која била итно пренесена во болница
-
Временска прогноза17 часа
Невообичаено високи температури со можност за локално невреме
-
Спорт1 ден
Златниот симбол и оригинален трофеј од FIFA World Cup™ денеска беше официјално презентиран во Скопје
-
Спорт2 дена
По пенал рулет Македонија ЃП го освои фудбалскиот Куп на Македонија
-
Временска прогноза2 дена
Предвреме летни температури, ова се најновите детали