Спорт
Женската А репрезентација на Македонија ги започнува подготовките за мечевите против Црна Гора, Андов вели не очекуваат два тешки натпревари, Црна Гора е квалитетен противник

Женската А репрезентација на Македонија денеска во Скопје официјално ги започнува подготовките за двата контролни натпревари со селекцијата на Црна Гора. Контролните натпревари помеѓу Македонија и Црна Гора ќе бидат одиграни на 30. ноември со почеток во 13. часот и 3. декември со почеток во 12. часот на тренинг центарот „Петар Милошевски”.
Селекторот на женската А репрезентација на Македонија, Александар Андов ги сподели своите очекувања пред двата тест натпревари со Црна Гора.
–Целта на овие два контролни натпревари со Црна Гора пред се е да го задржиме континуитетот, да се подобриме во одредени сегменти и да ги отстраниме слабите страни во нашата игра. Сакаме да бидеме во најдобра физичка и ментална состојба пред почетокот на циклусот на натпревари од Лигата на Нации. Имаме јасна визија и цел за наредната година, а тоа е освојување на првото место во нашата група од новото издание на Лигата на нации.
-Репрезентацијата на Црна Гора е квалитетен противник, кој одигра одличен двомеч против Финска во баражот. Имаме одиграно неколку натпревари против нив и секогаш резултатски биле поуспешни од нас. Но, тоа е минато, ние сме во фаза каде што градиме нова репрезентација која ќе биде конкурентнта и подготвена за секакакви предизвици.
-Претходните квалификации за пласман на ЕП беа успешни за нас, со оглед на тоа што до последниот меч бевме втори во групата и со победа ќе успеевме да влеземе во баражот, но нашето неискуство да играме под притисок си го направи своето. Можам да кажам дека од меч во меч растеме како тим, во континуитет има подобрување во нашата игра, се наоѓаме на вистинскиот пат.
-Имаме добра група во Лигата на нации. Косово и Летонија се сериозни репрезентации кои имаат голем напредок во нивната игра. Нема повеќе место за изговори. Имаме одлична и вистинска можност пред нас која треба да ја искористиме максимално. Сакаме да се покажеме во добро светло и до го освоиме конечно првото место во нашата група.
Нашата најдобра женска репрезентација на 21. февруари против Косово на домашен терен го започнува настапот во новото, второ по ред издание на Лигата на Нации 2025 година, за јавноста известуваат од ФФМ.
Спорт
Ландо Норис ја забележа својата трета победа

Ландо Норис ја забележа својата трета победа оваа сезона и вкупно седма во кариерата, триумфирајќи на патеката Ред Бул Ринг. Зад него, неговиот тимски колега од Мекларен, Оскар Пјастре, стигна до второто место, додека Шарл Леклерк од Ферари се искачи на подиумот со третото место.
Луис Хамилтон од Ферари заврши четврти, Џорџ Расел од Мерцедес беше петти, а Лиам Лосон од тимот Рејсинг Булс го освои шестото место. Бодови освоија и Фернандо Алонсо (Астон Мартин), Габриел Бортолето и Нико Хулкенберг (двајцата од Заубер), како и Естебан Окон од Хаас.
Макс Верстапен, актуелниот светски првак и возач на Ред Бул, ја заврши трката уште во првиот круг по судир со Кими Антонели од Мерцедес.
Во генералниот пласман води Пјастре со 216 поени, следен од Норис со 201 и Верстапен со 155 поени. Кај конструкторите, Мекларен е на врвот со 417 бодови, пред Ферари со 210 и Мерцедес со 209.
Следната трка од Формула 1 календарот ќе се вози во Велика Британија на 6 јули.
Спорт
Прв семинар на „ФФМ“ во Македонија за „ВАР“ обука и сертификација на судии под водство на „ФИФА“ инструктор

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) за првпат организираше официјален ВАР семинар, што претставува важен чекор кон воведување на ВАР технологијата во македонскиот фудбал. Обуката беше предводена од познатиот ВАР инструктор Далибор Ѓурѓевиќ, кој има големо меѓународно искуство како ВАР судија и менаџер во неколку земји, меѓу кои Кипар, Русија, Саудиска Арабија и Белорусија.
Семинарот официјално го отвори претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ. Тој истакна дека еден од главните приоритети на федерацијата е развојот на професионален и квалитетен домашен фудбал. Омерагиќ порача дека исполнувањето на дадените ветувања е веќе на дело и очекува високо ниво на професионализам од сите вклучени во процесот.
Повеќе ќе прочитате на нивниот официјален линк од ФФМ, ТУКА
Извор: ФФМ
Спорт
Нејмар потпиша нов договор, сепак останува дома

Нејмар сепак реши да остане во Сантос уште шест месеци. Повиците од европските клубови ги остави зад себе, а љубовта кон клубот каде што започна неговата кариера повторно го поврза со Сантос, 12 години по неговото заминување.
Некаде во минатото се сметаше за наследник на Роналдо и Меси, но серијата повреди ја спречија таа приказна. И покрај сè, Нејмар останува еден од најдобрите фудбалери на оваа деценија, иако многумина ќе се запрашаат дали целосно ги исполни големите очекувања. Тој е единствениот фудбалер во 21. век кој се најде меѓу првите 10 за Златната топка додека играл во бразилска лига – и сега се врати таму каде што сè започна, барем до крајот на оваа година.
Откако го напушти ПСЖ во 2023 и замина во Ал Хилал, неговото време таму беше скратено поради сериозни повреди – настапи само трипати. Сега, во Сантос, повторно се чини дека ја враќа љубовта кон играта, но и понатаму се соочува со предизвици околу формата и физичката подготвеност.
Сепак, тој има амбиција да го засили својот настап и да остане здрав, со цел да игра за Бразил на Светското првенство следната година. До тогаш, неговото патување продолжува во Сантос – барем до Нова Година.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (3 јуни)
-
Кичево14 часа
(ФОТО) ТППЕ Кичево: Нов случај со запалена дива депонија во кичевско
-
Автомобили2 дена
Најдобрите и најлошите автомобили за 2025 според корисниците
-
Хороскоп4 часа
Хороскоп за петок (4 јули)
-
Автомобили2 дена
Дали би направиле место за резервно тркало?
-
Магазин2 дена
Експертите ја откриваат вистината за навиките што влијаат на траењето на батеријата на мобилниот телефон
-
Македонија4 часа
Времена измена на сообраќај со пренасочување на делница „Пресека-Песочан“ на автопат А2 Кичево-Охрид
-
Скопје8 часа
МВР за пофалба, експресно го пронајдоа мотоциклистот кој усмрти пешак