Спорт
Женската репрезентација минимално поразена од Летонија на домашен терен
Женската А репрезентација на Македонија забележа пораз со 2:1 на домашен терен против селекцијата на Летонија во рамките на претпоследното коло од групата 2 (Лига Ц) од квалификациите за пласман на Европското првенство кое 2025 година ќе се одржи во Швајцарија.
Избраниците на селекторот Александар Андов не успеаа по втор пат во овие квалификации да слават победа над противникот, кој одигра добар натпревар и заслужено забележа победа со гол во последните мигови од средбата.
Стрелец на првиот погодок на денешната средба беше Полуховича во последните моменти од првото полувреме, искористувајќи го максимално нашето невнимание во одбраната.
Голот за израмнување на резултатот го постигна Наташа Андонова со прекрасен удар од далечина во судиското продолжение.
Шевчова со гол буквално во последната секунда од мечот ги постигна конечните 2:1 за селекцијата на Летонија.
Во првиот натпревар одигран помеѓу овие две селекции, Македонија на гости издвојува победа со 4:3.
Македонија: Кабакчи, Панеска, Николовска, Милчевска, Недева, Андреевска, Мустафа, Нацева, Марковска, Андонова, Максути
Селектор: Александар Андов
Спорт
Фудбалската репрезентација на Македонија до 15 години поразена од Србија во Скопје
Младата репрезентација на Македонија до 15 години денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски” во Скопје, го одигра првиот од двата контролни натпревари против соодветната селекција на Србија.
Во еден возбудлив, интересен и отворен натпревар со многу голови, противникот успеа да забележи победа со 4:2.
Репрезентацијата на Србија фуриозно го отвори натпреварот и по првите 25. минути имаше убедлива предност од 3:0. Данило во 2. минута од пенал го доведува противникот во предност од 1:0. Во 16. минута истиот играч постигнува нов погодок. Во 25. минута Кикиќ се запишува во листа на стрелците за убедливо водство на Србија од 3:0.
Нашите млади фудбалери по почетниот шок успеаа да ги консолидираат своите редови и во продолжението од првиот дел успеаа во краток рок од три минути да постигнат два погодоци со што ја вратија незивесноста на овој натпревар. Најпрво Спировски во 28. минута ја намали предноста, а во 31. минута и Ристиќ погоди за намалување на резултатот на 3:2.
Во продолжението од средбата, Македонија се обидуваше да го израмни резултатот, но не успеаа да постигне уште еден гол во противничката мрежа. Србија преку Исаков во 90. минута ги постави конечните 4:2.
Контролен натпревар во Скопје;
Репрезентации до 15 години;
Македонија – Србија 2:4 (2:3)
Македонија: Димитар Петров (г), Кристијан Нелоски, Михајло Павлов, Матеј Бочески, Матеја Масев, Амар Акики, Лука Спироски, Дардан Адеми, Стефан Ристиќ, Павел Стојанов, Марин Крстевски;
/ФФМ
Спорт
Фудбалската федерација на Македонија учествуваше на годишната УЕФА работилница во Белград
Фудбалската федерација на Македонија со свои претставници учествуваше на годишната работилница за клупско лиценцирање во Белград организирана од УЕФА.
Системите за лиценцирање клубови и финансиска одржливост се еден од важните сегменти во европскиот фудбал. Нивната цел е дополнително да го промовираат и континуирано да го подигаат стандардот на фудбалот, не само од аспект на играта. Исто така, битна е заштитата и долгорочната одржливост на клупскиот фудбал во машка и женска конкуренција.
Како дел од тековната поддршка на УЕФА за имплементација на лиценцирање на клубови и финансиска одржливост, оваа година, годишната конференција на УЕФА за лиценцирање клубови и финансиска одржливост се одржа во Белград.
Фудбалската федерација на Македонија на годишната конференција на УЕФА беше претставувана од Горанчо Костовски – лиценцен менаџер, Александра Ѓурчиновска – заменик лиценцен менаџер, Александар Спасовски – експерт по финансиски критериуми и Александар Најдовски – претседател на Комисија за лиценцирање, известуваат од ФФМ.
Спорт
ФФМ ги информира фудбалските клубови за субвенции во областа на спортот за 2024, рокот за пријавување е уште десет дена
Фудбалската федерација на Македонија праќа информација до клубовите за почетокот на реализацијата на програмата – субвенции од областа на спортот за 2024 година која се реализира преку Министерството за спорт.
Во продолжение може да ги преземете потребните обрасци за односната програма. Истите е потребно да се пополнат и заедно со бараните прилози, потребно е да се достават до Министерството за спорт најдоцна до 14. ноември 2024 година.
Доставените пополнети обрасци и бараните прилози се сметаат за предуслов кој се однесува на започнување на постапката за утврдување на исполнетоста на критериумите за распределба на средствата од Програмата.
Исполнетоста на критериумите ги утврдува Министерството за спорт.
Корисниците на средствата кои не ги исполниле односните критериуми или пополнетите Обрасци и прилози ги доставиле надвор од предвидениот рок, нема да бидат земени предвид при распределба на предметните средства.
Динамиката на исплата на средствата ќе се одвива по утврдувањето за исполнетоста на критериумите од страна на Министерството за спорт по тековен принцип, а не кумулативно. Ова значи дека за корисниците кои први ќе ја достават потребната документација и за кои се утврдило дека ги исполниле критериумите, веднаш ќе започне постапката за исплата на средствата.
Во продолжение превземете ги официјалните документи за „Допис до НСФ“ – Субвенции 2024 – ТУКА, како и образецот за клубови – ТУКА, предмалку соопшти за јавноста Фудбалската федерација преку своето гласило.
-
Хороскоп19 часа
Хороскоп за вторник (5 ноември)
-
Македонија20 часа
Вечерашниот земјотрес во Македонија бил со епицентар на скопското подрачје
-
Хороскоп2 дена
Денешен Хороскоп (4 ноември)
-
Кичево8 часа
(ГАЛЕРИЈА) „Enigma Rock Night vol. 2“ – вечер преполна со моќниот рок звук на Кичевчани
-
Спорт1 ден
ФФМ ги информира фудбалските клубови за субвенции во областа на спортот за 2024, рокот за пријавување е уште десет дена
-
Технологија2 дена
„Google Maps“ ги претстави новитети кои треба да ја олеснат навигацијата
-
Македонија1 ден
Полицијата ги пронајде планинарите кои се изгубија во тетовско
-
Магазин1 ден
Apple тестира апликација за следење на нивото на шеќер во крвта