Кичево
Жител на с.Челопеци и малолетно девојче од с.Зајас – кичевско вчера биле нападнати од куче скитник, додека истиот ден пожар избувнал врз камион

На 24.3.2022 година, Д.С.(32) од Кичево во надлежната полициска станица пријави дека на локален пат во кичевското село Челопеци бил каснат од куче скитник, додека истиот ден С.А.(49) од кичевското село Зајас пријавила дека нејзината малолетна ќерка на локален пат во селото била касната од куче скитник.
Исто така вчера 24.03.2022 година во 20.40 часот, во ОВР Кичево пријавено е дека настанал пожар во товарно возило „Ман“ со албански национални ознаки, кое се движело по магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај селото Колари. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кичево, за медиумите извести портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски
Кичево
(ФОТО) Се запали дива депонија покрај пат кај с.Пополжани, интервенираше ТППЕ Кичево

Во 18:17ч денес пријавено било дека гори дива депонија во близина на с.Пополжани кичевско од битолска страна.
Како што не известија од ТППЕ Кичево, се извршуваат дополнителни активности околу гаснењето.
Кичево
Предмалку случена сообраќајка во близина на с.Извор кичевско, правец Кичево-Охрид

Предмалку се случила сообраќајна несреќа на патот Кичево-Охрид во близина на с.Извор.
Од информации од терен дознаваме дека сообраќајот бил отежнат, но без поголеми чекања и застој.
На местото на настанот се забележани екипи на Итна Медицинска помош од Кичево и ОВР Кичево.
За здравјето на учесниците немаме информации.
Повеќе детали очекуваме во билтенот на СВР Охрид.
Кичево
(ФОТО) Гори ниска шума и дива депонија во атарот на с.Туин кичевско, ТППЕ Кичево уште на терен

Пред неполни два часа повик за настанат пожар во атарот на с.Туин кичевско добила дежурната екипа на ТППЕ Кичево, која веднаш се упатила на терен и сеуште дејствува.
Апелираме за поголемо внимание додека се движите во шумски предели во овој период од годината.
За нашиот медиум од ТППЕ Кичево известуваат дека дејствуваат врз запалена ниска шума и дива депонија.
-
Хороскоп24 часа
Хороскоп за понеделник (30 јули)
-
Македонија3 часа
МВР истакна важна информација која стартува од утре 1 јули
-
Кичево1 ден
(ФОТО) Се запали дива депонија покрај пат кај с.Пополжани, интервенираше ТППЕ Кичево
-
Скопје2 дена
Во Скопје посебен режим на сообраќај за утре и задутре
-
Lifestyle2 дена
Не е вода: Пијалокот што го хидрира телото најдобро
-
Хроника1 ден
МВР со детали за трагичниот настан на Дебарско езеро
-
Lifestyle2 дена
Внимавајте кога излегувате од ладна просторија на летното сонце: Еве зошто!
-
Lifestyle2 дена
Три начини на кои тестенините можат да ви помогнат да ослабете