Кичево
Жителите од кичевската населба Иванидол утре организираат протест

Иницијативниот одбор на М.З. Иванидол во име на граѓаните од оваа култна населба утре 26.06 (недела) од 14:30ч организираат протест поради – како што велат за медиумите, изградба на социјални станови за најзагрозена категорија на граѓани.
– Нашата цел е од почеток јасна, човечки и хумано е да се помага, народите не ги двоиме по верска или расна основа иако поедини личности поради Х свои причини тоа ни го етикетираат како жители. Доказ на тоа е мешовитиот подвиг и глас на луѓе кои се помеѓу нас и против, но не сакаме нашата населба да прерасне во необично копно каде што нашите деца ќе растат во друштво со како што ја претставуваат во официјалните документи – најзагрозената категорија на луѓе, која како таква сите знаеме за што станува збор, нека им изнајдат по соодветно решение и нека им се реши проблемот – за медиумите истакна Владимир жител, среќно оженет и татко на две дечиња.
– Дај боже да се гради и ние сме за тоа, но нека бидат задоволени и нашите долгогодишни проблеми, нека изградат пешачка зона, нека изградат градинка да не патуваат нашите деца по 2 километри, нека изградат медицински центар кој брзо и ефикасно би се излегло во пресрет на секој итен случај, тоа се проекти за кој и жителите дале легитимитет, никаде претходно не сме слушнале за ваков проект – додава член на Иницијативниот одбор од М.З. Иванидол
Кичево
(ФОТО) ТППЕ Кичево: Нов случај со запалена дива депонија во кичевско

Нов случај со запалена дива депонија во кичевско. Имено од рано утрово овој е втор случај ТППЕ Кичево да излезе на терен.
Последната интервенција е пред половина час во месноста Бичинци, односно покрај пат на дива депонија Бичинци-Мамудовци.
На терен дејствуваше екипа на ТППЕ Кичево со четири пожарникари.
Уште еднаш преку нашиот медиум пожарникарите апелираат за сериозноста на овој период на годината, да внимаваат, бидејќи мал отпушок е доволен за да се случи пожар!
Кичево
(ФОТО) Се запали дива депонија покрај пат кај с.Пополжани, интервенираше ТППЕ Кичево

Во 18:17ч денес пријавено било дека гори дива депонија во близина на с.Пополжани кичевско од битолска страна.
Како што не известија од ТППЕ Кичево, се извршуваат дополнителни активности околу гаснењето.
Кичево
Предмалку случена сообраќајка во близина на с.Извор кичевско, правец Кичево-Охрид

Предмалку се случила сообраќајна несреќа на патот Кичево-Охрид во близина на с.Извор.
Од информации од терен дознаваме дека сообраќајот бил отежнат, но без поголеми чекања и застој.
На местото на настанот се забележани екипи на Итна Медицинска помош од Кичево и ОВР Кичево.
За здравјето на учесниците немаме информации.
Повеќе детали очекуваме во билтенот на СВР Охрид.
-
Временска прогноза2 дена
Сепак следува промена на времето во Македонија, ова се метео информациите според Попоски
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (5 јули)
-
Спорт2 дена
Во недела започнува традиционалниот турнир во мал фудбал во с.Староец кичевско
-
Скопје10 часа
Лишен од слобода „бајач“ од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра, сè претставувал истерувач на духови и магии
-
Автомобили2 дена
Генијален трик за заштеда на гориво: Сè зависи од едно копче во автомобилот
-
Lifestyle2 дена
Цезар салата: Диететска, заситувачка и вкусна – нема да бидете гладни со часови
-
Временска прогноза18 часа
Денес многу топло, додека утре краткотрајна дестабилизација и услови за дожд
-
Хороскоп2 часа
Хороскоп за недела (6 јули)