Следете не

Временска прогноза

Зимата не се предава, од утре повторно поларна воздушна маса во цела држава

Објавено пред

на

До крајот на денов времето во Македонија ќе биде променливо облачно со појава на повремен локален дожд и тоа особено во југоисточните предели. На планините ќе провејува снег а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 16 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 14 степени – вели нашиот метеоролог Славчо Попоски

Инаку како што најавивме, поради спуштање на ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНА воздушна маса од север, од утре па во следните денови времето во Македонија ќе бие променливо облачно и ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНО со сончеви периоди, на некои места и подолги  и со услови за локално провејување на снег. Ќе дува и умерен, повремено на некои места засилен ветер од североисточен правец.

Што се однесува до температурите тие повторно ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОД ПРОСЕКОТ за овој период од годината и минималните понекаде ќе се спуштаат дури до околу -10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот само од 2 до 10 степени.

И во Скопскиот регион во следните денови времето ќе биде променливо облачно и ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНО со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен и од североисточен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -4 до -2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 10

 

Временска прогноза

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Објавено пред

на

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а високо на планините со повремен снег. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, известува Управата за хидрометеоролошки работи

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне во источните делови од Македонија ќе има повремен дожд и услови за грмежи

Објавено пред

на

Времето денес во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во источните делови ќе има повремен локален дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови од западен правец.

Во главниот град, исто така ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Што се однесува до новонастанатата состојба со времето, што практично тлее невообичаено време за овој период од годината ќе се задржи и во понатамошниот период од месецот.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Дожд, облачно и ветровито, на некои места ќе има појава на грмежи

Објавено пред

на

Денес времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Врнежите наместа ќе бидат пообилни и поројни (над 20 л/м²), особено кон крајот на денот и во текот на ноќта.

Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час), кој истиот наместа ќе се засилува, истакна Управата за хидрометеоролошки работи.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Магазин2 часа

Qualcomm го предизвикува Intel: претстави нови Snapdragon чипови за пазарот на компјутери

Qualcomm ги промовира двата чипсети како врвни решенија за вештачка интелигенција, нагласувајќи дека тие ги имаат најбрзите NPU за лаптопи...

Кичево5 часа

Во сабота по повод празникот на „Лазаревото Воскресение“ (Лазарева Сабота) во Кичево ќе се одржи свечена поворка со традиционални каланди

Возљубени наши пријатели, на наша чест, преку нашиот медиум ве информираме дека на ден 27.04.2024г. (сабота), по повод празникот на...

Автомобили6 часа

Електрични возила и губење на вредноста

Размислувате за купување на електрично возило, но не сте сигурни за неговата препродажна вредност? Новото истражување открива дека додека постарите...

Автомобили6 часа

Кои автомобили се најевтини за одржување во САД?

Првично, трошоците за одржување беа ниски и слични за повеќето брендови. Consumer Reports подетално ги разгледа трошоците за одржување на...

Хороскоп18 часа

Хороскоп за четврток (25 април)

ОВЕН Можеби се запрашувате какви обврски ве очекуваат на работно поле. Не ви е лесно да дојдете до извесност кога...

Временска прогноза1 ден

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а високо на планините со повремен снег. Локално врнежите...

Кичево1 ден

Жена жител на Куманово доживеала сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево, се здобила со тешки телесни повреди откако возилото удрило во бетонска преграда

На 23.04.2024 во 21.20 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, патничко возило „фолксваген голф“ со...

Свет1 ден

Кина докажа зошто Конгресот сака да го забрани „TikTok“

Кина ја докажа поентата на законот за забрана на TikTok преку Конгресот. Претставници на кинеската амбасада неодамна лобираа против нацрт-законот...

Спорт1 ден

Ѓоковиќ: Српскиот „ас“ силно го посакува 25-иот „Грен слем“ и мисли само на победа, ништо друго.

Новак Ѓоковиќ, најдобриот светски тенисер силно ја посакува 25-тата. Грен слем титула во кариерата и тоа не го крие. Српскиот...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за среда (24 април)

ОВЕН Многу сте незадоволни и загрижени со ситуацијата на финансиско поле. Со своето однесување уште повеќе го поттикнувате партнерот да...

НАЈЧИТАНИ