Следете не

Македонија

ЗНМ: Нула толеранција за напади врз новинари, вербално насилство и малтретирања!

Објавено пред

на

ФОТО: ЗНМ / Здружение на новинари

Сериозни напади врз новинарите, решавање на нерешените случаи на напади врз медиумските работници, заштитата на јавниот интерес преку слободата на говор, транспарентноста на надлежните институции и соработката помеѓу еснафските здруженија со МВР и Јавното обвинителство, како и заштитата на новинарите беа дел од темите на кои се дискутираше за време на прес конференцијата која денеска ЗНМ ја организираше, а со која се одбележа Меѓународниот ден за ставање крај на неказнивоста за злосторствата против новинарите. На настанот покрај претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски, беа присутни и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, јавниот обвинител Љупчо Коцевски и претседателот на ССНМ, Павле Беловски.

Во своето обраќање, Чадиковски стави акцент на статистиката во однос на нападите на новинари, со акцент на последните два случаи, ризиците од SLAPP тужби, како и нерешените случаи од 27 април.

Безбедноста на медиумските работници и борбата против неказнивоста на злосторствата против нив е директно поврзана со демократските вредности на едно општество. Бараме итно решавање на сите отворени случаи во кои врз новинари се применува насилство. Вербалното насилство и малтретирањата, преку онлајн платформи, бара сериозен одговор од МВР и Обвинителството. Граѓаните бараат од нас верно да им служиме. Да не потклекнуваме на насилниците, да не шуруваме со политичките партии, да информираме за злоупотребите на бизнис моќниците. Затоа ни треба целосна поддршка, транспарентни и фер постапки, за да обезбедиме медиумски простор ослободен од страв и закани – истакна првиот човек на ЗНМ, Младен Чадиковски.

Повеќе ќе прочитате во продолжение на официјалниот линк од ЗНМ, ТУКА.

Извор: ЗНМ (Здружение на новинари)

Македонија

Ново поскапување на сите горива од ноќеска, ова е новата цена за литар

Објавено пред

на

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки
малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 20.06.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 77,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 79,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 20.06.2025 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 73,00 ден/лит.

Прочитај повеќе...

Македонија

Полицијата за граничен надзор на „Охридско езеро“ со полни раце работа, приведен охриѓанец и албански државјанин поради незаконит риболов и влез во државата

Објавено пред

на

©porta.mk

На 22.06.2025 година во 04.35 часот во водите на Охридското езеро, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, во водите на Охридското езеро, од слобода го лишија албанскиот државјанин К.С.(47).

Поради постоење основи на сомнение за „Илегално преминување на државната граница“ и „Незаконит риболов“, него, судија на претходна постапка при основниот суд во Охрид, му одреди мерка „Краткотраен притвор“.

При вршење патролни контролни активности на Охридското езеро, полициските службеници го затекнаа К.С. во неговиот пловен објект во македонските територијални води над населбата „Лагадин“, како врши незаконит риболов во водите на Охридското Езеро со помош на блинкери и по извршен преглед, пронајдени се 22 топки со 110 блинкери и друг риболовен алат кои, заедно со пловилото се одземени.

По целосно документирање на настанот, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Прочитај повеќе...

Македонија

Возач од тетовско нов рекордер, возел 190 на саат на место ограничено 80 км/ч

Објавено пред

на

На 20.06.2025 во 10.51 часот на патот Гостивар – Тетово, кај клучка Камењане, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Б.М.(29) од с.Пирок, тетовско.

При сообраќајна контрола и преземени мерки и активности било констатирано дека Б.М. управувал патничко моторно возило „ауди” со германски национални ознаки со брзина од 190 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 80 километри на час.

Лицето било  приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297 – а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”, информира МВР.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

На денешен ден9 часа

Времеплов: На денешен ден – 25 јуни

На денешен ден 25 јуни, хронолошки подредени значајни настани што се случиле низ различни години и делови на светот. Еве краток...

Спорт9 часа

Бенфика приреди вистинска сензација, Баерн беше поразен, но со втората позиција продолжува понатаму

Бенфика приреди вистинска сензација на Светското клупско првенство, совладувајќи го Баерн Минхен со минимални 1-0 во Шарлот и обезбедувајќи го...

Хороскоп10 часа

Хороскоп за среда (24 јуни)

ОВЕН Оние од вас кои планираат пократко патување денес можеби ќе бидат задоволни, особено ако се работи за семејна посета....

Магазин21 час

Најбрз домашен сладолед со само една состојка

Верувале или не, за овој вкусен и кремаст сладолед потребна ви е само една состојка – банана. Ова е одличен...

Магазин21 час

Летен десерт со само две состојки – готов за 5 минути!

Ако барате нешто брзо, лесно и освежително за време на горештините, овој мус од малина во чаша е совршен избор....

Автомобили21 час

Toyota го претстави првиот електрифициран Land Cruiser во Европа

Кон крајот на 2024 година, Toyota ја освежи понудата на својот легендарен SUV модел, а сега пристигнува и хибридната верзија...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за вторник (24 јуни)

ОВЕН Може да очекувате полека, чекор по чекор, успех на деловно поле. Може да се надевате на средба со личноста...

Македонија2 дена

Ново поскапување на сите горива од ноќеска, ова е новата цена за литар

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени...

Временска прогноза2 дена

Попоски: Од денес па натаму висок УВ индекс и температури до 40°C

Територијата на нашата Република Македонија од денес (понеделник 23 јуни па се до петок 27 јуни) ќе биде под влијание...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за понеделник (23 јуни)

ОВЕН Целото ваше внимание е насочено кон некој семеен проблем. Денес ќе се случи конечната кулминација на сето тоа а...

НАЈЧИТАНИ