Следете не

Магазин

10 интересни и корисни трикови за Android

Објавено пред

на

Оперативниот систем за паметни телефони на Google е полн со различни функции. Издвоивме десет помалку познати кои веруваме дека ќе ви користат.

Уредите со оперативен систем Андроид по правило се многу поприлагодливи и побогати со карактеристики отколку што е случајот со моделите на Apple iPhone. Избравме десет од нив кои на повеќето корисници често им недостигаат, а кои можат да бидат практични во различни ситуации.

1. Поврзете го телефонот со компјутер со Windows

Со апликацијата Your Phone, за оперативниот систем на Microsoft, можете да го поврзете паметниот телефон со компјутерот и да ги прегледувате фотографиите што сте ги направиле со телефонот

Во поставките на компјутерот, изберете ја опцијата Add a Phone и следете ги упатствата. Откако ќе ги спарите уредите, ќе можете да остварувате повици, да испраќате и примате текстуални пораки и да гледате фотографии од телефонот на вашиот компјутер.

2. Уредете Quick Settings

Ако сакате вашиот паметен телефон да прикажува некои други функции меѓу брзите поставки наместо оние наведени со почетните поставки, можете лесно да го поставите.

Поминете со прстот надолу додека сте на почетниот екран (повлечете) и допрете ја иконата за пенкало на горниот дел од екранот, а потоа додајте го она што го сакате.

3. Инсталирајте апликации од вашиот компјутер

Не мора да го имате телефонот при рака за да инсталирате апликации на него. Можете да отворите Google Play на вашиот компјутер, да изберете што сакате да инсталирате и потоа да го направите тоа од далечина. Ако имате повеќе уреди со Android во истата сметка, ќе можете да го изберете оној што сакате да го користите.

4. Приспособете го приказот на известувањата

Андроид ви овозможува да означите известувања што доаѓаат од конкретни контакти, а разменетите пораки остануваат на едно место како разговори.

Можете да го приспособите прикажувањето на пораките со балончиња над другите апликации така што ќе ги вклучите во поставките и ќе означите некој контакт како Priority.

Самите известувања имаат функција Bubbles со три опции: All Conversations Can Bubble, Selected Conversations Can Bubble i Nothing Can Bubble. Изберете ја првата ако сакате да ги видите сите пораки во балончиња, втората ако сакате да видите некои од нив или третата ако не сакате да гледате такви пораки.

5. Додадете виџети и приспособете го почетниот екран

За да додадете графичка контрола, доволно е да го задржите слободниот простор на почетниот екран. Потоа изберете Widgets и означете го оној што сакате да го додадете.

Долгото притискање на почетниот екран, исто така, ви дава пристап до други поставки. Меѓу другото, можете да отстраните поединечни елементи на екранот или да го исклучите ротирањето на почетниот екран.

6. Вклучете ја камерата брзо

На повеќето паметни телефони со Android, можете да ја активирате камерата со двојно кликнување на копчето за вклучување. Исто така, можно е да се користи копчето за контрола на јачината на звукот за фокусирање, а со долго притискање за снимање видео.

7. Дајте им безбеден пристап на другите

Оваа опција е корисна ако сакате да дозволите некој друг да го користи вашиот телефон, но не сакате да има пристап до вашите апликации, податоци и поставки.

Отворете Settings, System i Advanced, а потоа вклучете Multiple Users. Може да ја вклучите и опцијата Add Users from Lock Screen за да може да додавате корисници од заклучениот екран.

Откако ќе го направите тоа, можете двапати да поминете со прстот надолу по екранот за да ги отворите брзите поставки. Допрете ја вашата корисничка слика во долниот десен агол и изберете Add Guest.

Почекајте додека не се префрли во друг режим, во кој се достапни само основните апликации за Android.

8. Снимете што се случува на екранот

Андроид доаѓа со вградена функција за снимање екран. Отворете Брзи поставки и изберете Screen Record и Start Recording. Можете да изберете дали да снима звук, меѓу другото. За да го прекинете снимањето, повторно отворете ги брзите поставки и допрете ја големата црвена лента.

9. Користете ги апликациите една до друга

Повлечете на почетниот екран за да ги видите сите апликации. Изберете ја апликацијата што сакате да ја користите и кликнете на тркалезната слика на горниот дел од прегледот на апликацијата.

Менито што ќе се појави треба да ја вклучува и опцијата Split top. Некои апликации можеби нема да ја поддржуваат оваа функција (на пример, Instagram), па затоа нема да ви биде достапна.

Ако е така, притиснете ја. Апликацијата автоматски ќе биде поставена на половина од екранот, додека другата ќе има листа на апликации од кои можете да изберете друга апликација.

Помеѓу апликациите има дебела црна линија која ги раздвојува. Можете да го користите за позиционирање на апликациите и за излез од режимот на поделен екран. Само повлечете го до крај нагоре или надолу.

10. Вратете ги изгубените известувања

Дали случајно го отстранивте известувањето пред да го прочитате? Задржете го празниот дел од почетниот екран. Ќе се отвори режимот за прилагодување на екранот.

Изберете Widgets и пронајдете Settings. Повлечете ја оваа минијатура на празно место на екранот и поставете ја таму.

Ќе се појави список. Изберете го Notification log и кликнете на сликичката за да ја отворите историјата на известувања.

Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)

Lifestyle

Тоше Ангелески, пејач и композитор од Кичево, силна емоција, автентичен звук, 2026-та година ќе биде албумска со многу позитивна енергија

Објавено пред

на

©porta.mk

Тоше Ангелески, еден од најактивните македонски изведувачи во моментов, ја заокружува 2025 година со рекорден број на настапи, бројни гостувања низ македонската дијаспора и сериозни подготовки за својот нов студиски албум. Роден во Кичево, а денес живее и твори во Струга, Тоше чекори сигурно на музичката сцена, носејќи автентичен звук и силна емоција.

На наше барање направивме едно мини интервју пред новогодишната еуфорија, па истото Ви го пренесуваме во целост:

Порта.мк: Здраво Тоше, 2025 година важи за една од твоите најработни досега. Како ја доживуваш?
Тоше: Здраво Порта.мк, искрено, 2025-та ми е навистина посебна. Имав рекорден број на настапи, многу патувања и средби со публика која ми дава огромна енергија. Работата е напорна, но кога ќе ја видиш реакцијата на луѓето – сè има смисла.

Порта.мк: Голем дел од настапите беа и надвор од Македонија, во дијаспората. Колку ти значат тие средби?
Тоше: Настапите во македонската дијаспора се нешто многу емотивно. Нашите луѓе таму ја носат Македонија во срцето и секоја песна ја доживуваат длабоко. Тоа е посебна врска што не може да се опише со зборови.

Порта.мк: И покрај бројните обврски, повторно ќе настапиш на божиќниот базар во Кичево.
Тоше: Да, тоа ми е особено драго. Божиќниот базар во Кичево стана вистинска атракција последните пет години и секогаш со радост се враќам во мојот роден град. Публиката таму има посебно место во моето срце.

Порта.мк: Живееш и твориш во Струга. Колку градот влијае на твојата музика?
Тоше: Струга има посебна енергија – мир, вода, инспирација. Тука наоѓам баланс помеѓу приватниот живот и креативната работа. Тоа сигурно се чувствува и во песните.

Порта.мк: Најавен е и нов албум за 2026 година. Што можеме да очекуваме?
Тоше: Албумот е сериозен проект на кој работам со голема љубов. Вклучени се врвни автори како Анита Даева, Златко Миладиноски, Спасен Сиљаноски, Александар Јолевски и уште многу други познати композитори. Секој од нив донесе своја боја и приказна.

Порта.мк: Има ли некој помалку познат, но интересен факт поврзан со албумот?
Тоше: Да, и тоа ми е особено драго. Поголемиот дел од текстовите на албумот се напишани од мојот татко, Цане Анѓелески. Тоа му дава дополнителна длабочина и личен печат на целиот проект.

Порта.мк: Што би сакал публиката да почувствува кога ќе го слушне албумот?
Тоше: Искреност, емоција и приказни во кои ќе се пронајдат. Тоа е мојата цел – музика што останува и се слуша со срце.

Со јасна визија и силна поддршка од публиката, Тоше Ангелески ја затвора успешната 2025 година и со голем оптимизам ја најавува 2026-та година во која неговиот нов албум ќе го заземе заслуженото место на македонската музичка сцена, а Порта.мк секогаш ќе биде силна поддршка на македонските изведувачи особено од нашиот крај.

Во прилог неговиот најнов проект, дело на Cvetanski/Vangardo продукција, музика, текст и аранжман на Илија Ќосевски, заследете го официјалниот јутјуб канал на Тоше ТУКА и следете ги неговите најнови музички исполнувања

Среќни празници каде и да сте!

Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Хороскоп за петок (19 декември)

Објавено пред

на

ОВЕН
Денес ќе ви се чини особено напорен ден затоа што ќе бидете помалку продуктивни од вообичаено, нема да имате многу за да кажете и ќе се чувствувате поспано и раздразнето. Со други зборови, денес е одличен ден за да се опуштите со вашата омилена книга, серија или филм. Одморете се, ќе имате многу време за да се вратите назад на вашата работа.

БИК
Денес ќе биде во особено чудно расположене. На почетокот на денот се ќе ви оди од рага, но немојте тоа да ве залажува и да ги сфатите нештата здраво за готово. „Гордоста доаѓа пред падот“ сетете се на ова пред да се опуштите премногу. Внимавајте како се однесувате со вашиот партнер, може да кажете нешто кое не го мислите и да предизвикате конфликт.

БЛИЗНАЦИ
Денес ќе се чувствувате особено свежо и надежно. Луѓето кои ќе ги сретнете ќе бидат особено драги и пријатни за вашето друштво, ќе имате светол поглед кон иднината и ќе бидете полни со ентузијазам и идеи. Уживајте во денот кој ви претстои.

РАК
Овие денови имавте тенденција да се чувствувате незадоволно од се што ве опкружува. Но денешниов ден ви носи доста продуктивност. Денес ви се нуди можност да уживате во резултатите од напорниот труд. Можно е да се вклучите во некоја уметничка или религиозна активност.

ЛАВ
Постојат денови кога се чувствувате задоволно без некоја особена причина. Денес е таков ден, иако постојано ќе ја барате причината за вашата среќа. Немојте премногу да размислувате, денес е идеален ден за да бидете во близина на вашите сакани и оние кои ви се драги, а ви претстои и нова интересна љубов на повидок.

ДЕВИЦА
Денес ќе биде одличен ден за вас. Ќе сакате да размислувате за нештата кои ве прават задоволни и ќе барате начини како да ги вклучите повеќе во вашето секојдневие. Ќе направите некои поправки во вашиот дом или работно место. Ќе добиете одговор на некое прашање за кое доста долго сте се прашувале. Бидете благодарни за прекрасните можности кои ви пристигнуваат.

ВАГА
Денес ќе бидете совршено организирани, но сепак ќе посакате да можете да побегнете од обврските барем на кратко и да уживате во спонтан и неиспланиран ден. Ќе бидете особено сочувствителни со блиските и ќе посакате да им бидете потпора и  да ги слушате нивните проблеми. Тие ќе ви бидат благодарни за одвоеното време.

ШКОРПИЈА
Денес за Шкорпиите не е баш поволен ден да држат се под контрола. Престанете да бидете толку опседнати со деталите и оставете ги нештата да течат од себе. Ќе побарате нечија помош во врска со некое прашање. Ќе се почувствувате дека губите контрола врз себеси, но тоа не секогаш е нешто лошо.

СТРЕЛЕЦ
Денес ќе се чувствувате како да не знаеше што сакате. Ќе ви годи редекорирањето на вашиот дом. Комуникацијата со останатите ќе ви оди некако тешко па затоа е најдобро да се посветите на себеси и вашите активности. Конфузијата ќе помине, не грижете се.

ЈАРЕЦ
Денес ќе почнете да размислувате за проширување на вашите видици. Ќе почнете да кроите планови за напредување и можно е да прифатите работа надвор од земјата или од вашиот град. Бидете отворени и прифатете го она кое ви се нуди, наскоро ќе треба да донесете доста важна одлука.

ВОДОЛИЈА
Денес ќе чувствувате дека луѓето околу вас не ве слушаат и не се интересираат за она кое го имате да го кажете. Немојте да се вознемирувате, некои денови едноставно е најдобро да се посветите на својата визија и своите желби. Издвојте време за овој ден да го поминете покрај вашите сакани.

РИБИ
На вашиот пат ви претстои можност каква не добива секој. Ќе имате шанса да го промените вашиот живот од корен, било да е тоа некое патување за кое одамна сте сонувале или напредување на работното место. Ќе сакате да се почувствувате слободни и ќе се трудите да создадете таква атмосфера каде и да се појавите.

Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)

Прочитај повеќе...

Магазин

Заборавете го лаптопот: Galaxy Tab S11 носи сериозен мултитаскинг

Објавено пред

на

Фото: Brooke Cagle @ unsplash
Фото: Brooke Cagle @ unsplash

За сите што некогаш се прашувале дали таблетот може целосно да го замени лаптопот, Samsung нуди јасен одговор – може, и тоа со стил.
Новата серија Galaxy Tab S11 носи редефинирана продуктивност во движење, комбинирајќи напредни алатки за вештачка интелигенција, редизајнирано S Pen пенкало и моќниот Samsung DeX, кој секоја работна површина ја претвора во функционален команден центар.

Продуктивност – каде и да сте

Galaxy Tab S11 доаѓа со унапреден Samsung DeX, кој овозможува работа со повеќе апликации истовремено – директно на таблетот или поврзан со надворешен монитор.

  • Поддршка за до четири одделни работни простори

  • Лесно влечење и преместување апликации меѓу екраните

  • Прилагодлива работна околина за работа, студии, патување или креативно создавање

Овој пристап е особено корисен за корисници кои паралелно работат со е-пошта, документи, интернет-прелистувачи и креативни алатки.

Galaxy AI – попаметен и побрз работен тек

Tab S11 работи со One UI 8 и носи длабока интеграција со Galaxy AI, што значително ја подобрува секојдневната продуктивност.

Клучни AI функции:

  • Gemini Live – вештачка интелигенција што го „гледа“ екранот или околината преку камерата и одговара на контекстуални прашања

  • AI-резимеа – автоматско сумирање статии, е-пораки и белешки без напуштање на апликацијата

  • Брзи команди – поврзување повеќе дејства со една гласовна наредба

  • Circle to Search – пребарување и превод на текст во реално време, директно од екранот

Овие функции овозможуваат работа без прекини и минимизирање на непотребните чекори.

Хардвер што оди чекор понатаму

Со 3-nanometarski процесор и значително подобрени перформанси на процесорот, графиката и NPU единицата, Galaxy Tab S11 е подготвен за:

  • Паралелна работа со захтевни апликации

  • Мултимедијална обработка

  • AI-базирани работни процеси

Тенкото куќиште, ефикасното ладење и издржливата батерија овозможуваат високи перформанси без прегревање, дури и при подолга употреба.

Редизајниран S Pen за поголема прецизност

Новото S Pen пенкало е унапредено со:

  • Конусен врв за попрецизни навалувања

  • Шестоаголна форма за подобра ергономија

  • Брзи алатки и кратенки за цртање, уредување и водење белешки

Корисниците можат да запишуваат идеи директно од активниот прозорец, без прекинување на работниот тек.

Поддршка за креативни и професионални апликации

Galaxy Tab S11 доаѓа со интеграции за популарни апликации како:

  • Goodnotes

  • Clip Studio Paint

  • Notion

  • LumaFusion

Со дополнителни поволности како бесплатни пробни периоди и попусти, корисниците можат веднаш да започнат со креативна или професионална работа.

Таблет без компромиси

Galaxy Tab S11 е повеќе од обичен таблет. Тоа е моќна алатка за продуктивност која ги намалува одвлекувањата на вниманието, ги забрзува работните процеси и ја брише границата меѓу мобилноста и перформансите.

Извор: B92

Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија3 часа

Поднесена кривична пријава против 33 лица и две правни лица за сторени кривични дела од областа на корупција и економски криминал, 11 лица се лишени од слобода, по двајца се трага

Во текот на ноќта на 17 и 18.12. 2025 година, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за...

Lifestyle3 часа

Тоше Ангелески, пејач и композитор од Кичево, силна емоција, автентичен звук, 2026-та година ќе биде албумска со многу позитивна енергија

Тоше Ангелески, еден од најактивните македонски изведувачи во моментов, ја заокружува 2025 година со рекорден број на настапи, бројни гостувања...

Спорт6 часа

Никола Јокиќ го сруши рекордот, оствари нов трипл-дабл

Никола Јокиќ испиша нова страница во НБА историјата во победата на Денвер над Орландо од 126-115, со што го надмина...

Хороскоп16 часа

Хороскоп за петок (19 декември)

ОВЕН Денес ќе ви се чини особено напорен ден затоа што ќе бидете помалку продуктивни од вообичаено, нема да имате...

Кичево20 часа

(ФОТО) Вкусете ја свежината и направете го секојдневието повкусно со пиљара „Бамби“ – вистинскиот избор за секој дом!

Кога станува збор за квалитет, разновидност и секогаш свежи производи, пиљара „Бамби“ е вистинскиот избор за секој дом. Фирма посветена...

Кичево21 час

Внимание: Измена во сообраќаен режим кон Охрид по една коловозна лента

СВР Охрид ја информира јавноста дека, од денеска во наредниве десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим...

Македонија1 ден

Бензините од вечерва со намалена цена за литар, дизелот останува непроменет

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени...

Временска прогноза1 ден

Ни претстои промена на синоптичката состојба со времето, не се исклучува можноста да имаме снег за новогодишните празници!

Според она што можам денес да го изјавам за јавноста е тоа дека од ден 25 декември Католички Божик па...

Кичево1 ден

Среќна потрага во Кичево, пронајден 12-годишникот кој родителите го пријавија за исчезнат

На 17.12.2025 во 16:40 часот на улица „Ужичка Република“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го пронајдоа 12-годишното дете,...

Македонија1 ден

„Од народ, за народ“: До сите градови, во тек е шестата најмасовна хуманитарна акција – „Пакетчиња за сите дечиња“, радувај се на новогодишната магија!

Во тек е најмасовната хуманитарна акција „Пакетчиња за Сите Дечиња“ која започна во Охрид, но за брзо се прошири во...

НАЈЧИТАНИ